LHC Судрувач на честички (Церн, Божја Честичка, Бозон, Хигс)

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Простете, не ми е јасен насловот на статијата; кој е тој Господ којшто го барале?
Технолошки генерираната (самата по себе) паралела којашто физичкиот лабораториски дострел го поистоветува со хуманистичкото откривање на Новиот свет може само да биде нејасна, мислам?
Не сум технолог; може ли некој (во кратки црти, или „параболи“) да ми/ни го објасни почетното начало, текот и резултатот на Проектот ЦЕРН?
Термин кој го користат медиумите, бидејќи така им одговара. Требало да биде goddamn particle(проклета), ама на едиторот не му се допаѓало како тоа звучи и си ја направил god particle(божја).
На никој друг начин не е поврзана со бог. Било кој бог. Било каков бог.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:10 ---
Ова не е нешто што во кратки црти може да се објасни, особено не на некој човек кој е лаик за темата. Мора да се има познавање.

Ја нарекуваат Божја честичка, поради своите карактеристики, според кои, на некој начин, универзумов не би бил каков што е, и не би функционирал, доколку не би постоела. Една од причините зошти толкаво истражување е придадено за ова.

Се работи за што им дава маса на останатите честици, во суб-квантниот свет, и оваа честица се смета дека тоа го прави преку интеракција од слаба нуклеарна сила со останатите суб-квантни честици.
nope.But close nuff
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Ова не е нешто што во кратки црти може да се објасни, особено не на некој човек кој е лаик за темата. Мора да се има познавање.

Ја нарекуваат Божја честичка, поради своите карактеристики, според кои, на некој начин, универзумов не би бил каков што е, и не би функционирал, доколку не би постоела. Една од причините зошти толкава истражување и придадено за ова.

Се работи за што им дава маса на останатите честици, во суб-квантниот свет, и оваа лестица се смета дека тоа го прави преку интеракција од слаба нуклеарна сила со останатите суб-квантни честици.

Ако разбрав добро (тешко да ќе е случајот, но ајде:)), сигурно се работи за универзумов каков што е сега и каков што бил во времето на формирањето на нашата галаксија?
Во субквантниот свет не постои маса, па затоа притоа се појавиле проблеми со „диференцијацијата“ на гравитацијата?
Од какво значење е гравитацијата во универзумот, поточно во нашата галаксија? Т.е. каква полза има ЦЕРН за нашата галаксија (ако сите галаксии не се исти)?
Највероватно ќе ми одговоруваш со најосновни физички нешта, но ако ти се дава...?

Имено, би сакал да дојдам до некој заклучок којшто би се движел кон еден креативно-теолошки правец.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Ако разбрав добро (тешко да ќе е случајот, но ајде:)), сигурно се работи за универзумов каков што е сега и каков што бил во времето на формирањето на нашата галаксија?
Да, сега, најраното минато и подалечната иднина(веројатно)
Во субквантниот свет не постои маса, па затоа притоа се појавиле проблеми со „диференцијацијата“ на гравитацијата?
Не. Има маса. Не. Нема никакви проблеми со гравитацијата и овој експеримент нема никаква поврзаност со гравитацијата.
Од какво значење е гравитацијата во универзумот, поточно во нашата галаксија? Т.е. каква полза има ЦЕРН за нашата галаксија (ако сите галаксии не се исти)?
Гравитацијата е една од 4 основни сили. Секогаш е привлечна, никогаш одбивна, бар така наложуваат досегашните набљудувања.
Каква полза има нашата галаксија за ЦЕРН? Не си баш јасен овде. И сите галаксии не се исти, но сепак се исти, бар во далчињата од кои се изградени и во силите кои се јавуваат кај нив.
Имено, би сакал да дојдам до некој заклучок којшто би се движел кон еден креативно-теолошки правец.
Go Go creationism !
Сакаш материјал за читање, во врска со Хигсовиот бозон и претпоставениот Хигсов механизам ?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
nope.But close nuff
Како nope? Па суштински информации за создавањето на универзумот и неговата поставеност денес, особено од областа на маса и гравитација.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Термин кој го користат медиумите, бидејќи така им одговара. Требало да биде goddamn particle(проклета), ама на едиторот не му се допаѓало како тоа звучи и си ја направил god particle(божја).
На никој друг начин не е поврзана со бог. Било кој бог. Било каков бог.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:10 ---

nope.But close nuff

Јасно, сензационализмот. Затоа и не беше насловот со наводници:) . Се надевав дека во статијата ќе сум нашол некое објаснување за тоа што ги привлекува галаксиите итн., ако нешто воопшто ги привлекува...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Јасно, сензационализмот. Затоа и не беше насловот со наводници:) . Се надевав дека во статијата ќе сум нашол некое објаснување за тоа што ги привлекува галаксиите итн., ако нешто воопшто ги привлекува...
Демек во најголем дел тоа е супермасивната црна дупка, но во последно време се најдени галаскии кои немаат супермасивна црна дупка во центарот. Тоа направи доста од астрономиве да почешаат глава :).
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Да, сега, најраното минато и подалечната иднина(веројатно)

Дали овој научен дострел би ги засегал и останатите универзуми? Дали нашиов универзум ќе ги задржи сегашните принципи? Пак нешто најосновно:)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да се поправам, не таква врска каква спомнав јас, во врска со гравитација, но е индиректно поврзано :)
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Демек во најголем дел тоа е супермасивната црна дупка, но во последно време се најдени галаскии кои немаат супермасивна црна дупка во центарот. Тоа направи доста од астрономиве да почешаат глава :).

И сега, после ЦЕРН за црните дупки нема одговор или/т.е. претпоставка?
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:31 ---
Па нема...? Се работи за гравитацијата, така?
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
И сега, после ЦЕРН за црните дупки нема одговор или/т.е. претпоставка?
Тука доаѓа објаснението за темната материја, демек таа ги држи галаксиите во една целина, без да се распаднат, не супермасивната црна дупка :).
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Како nope? Па суштински информации за создавањето на универзумот и неговата поставеност денес, особено од областа на маса и гравитација.
Не ја опфаќа гравитацијата Хигсовиот бозон, носителот на таа сила се претоставува дека ќе биде гравитронот(нема да се бара во скоро време од практични причини)
Хигсовиот бозон освен преку слабата сила е во интеракција и со лептоните и кварковите, исклучувајќи ги глуоните и фотоните(маса=0)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
маса нула, вртеж нема ... која боја ќе биде баш ме чуди .. :D
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Дали овој научен дострел би ги засегал и останатите универзуми? Дали нашиов универзум ќе ги задржи сегашните принципи? Пак нешто најосновно:)
Прво ,уште не е докажано дека 100% станува збор за Хигсов бозон, значи и претставниците на конференцијата денес потенцираа дека треба да се истражат дополнително карактеристиките.
Второ, да претпоставиме дека навистина станува збор за Х.Б. , ова ќе претставува доказ да исправноста на Стандардниот модел на физиката на честички.
Четврто, не знаеме како е во другите универзуми бидејќи не знаеме дали постојат и кои се основните законитости во нив.
Петто, а оти да не ги задржи? Без разлика на тоа што откриваме, принципите на универзумот се независни од нас.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:43 ---
маса нула, вртеж нема ... која боја ќе биде баш ме чуди .. :D
Маса ~126.5 GeV/c^2 -пронајдено
Спин= 0 -се истражува
Електричен полнеж= 0 -се истражува
Боја нема -се истражува
Вака би требало да изгледа.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:46 ---
Тука доаѓа објаснението за темната материја, демек таа ги држи галаксиите во една целина, без да се распаднат, не супермасивната црна дупка :).
http://www.nature.com/news/dark-matter-s-tendrils-revealed-1.10951
Се погоди денот.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Прво ,уште не е докажано дека 100% станува збор за Хигсов бозон, значи и претставниците на конференцијата денес потенцираа дека треба да се истражат дополнително карактеристиките.
Второ, да претпоставиме дека навистина станува збор за Х.Б. , ова ќе претставува доказ да исправноста на Стандардниот модел на физиката на честички.
Четврто, не знаеме како е во другите универзуми бидејќи не знаеме дали постојат и кои се основните законитости во нив.
Петто, а оти да не ги задржи? Без разлика на тоа што откриваме, принципите на универзумот се независни од нас.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:43 ---

Маса ~126.5 GeV/c^2 -пронајдено
Спин= 0 -се истражува
Електричен полнеж= 0 -се истражува
Боја нема -се истражува
Вака би требало да изгледа.
--- надополнето: 5 јули 2012 во 00:46 ---

http://www.nature.com/news/dark-matter-s-tendrils-revealed-1.10951
Се погоди денот.

Мислам дека и на други освен мене би им било интересно да дознаат што е Стандардниот модел на физиката на честички, и каква врска има со настанувањето на универзумот?
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Не нашата галаксија за ЦЕРН, ЦЕРН за нашата галаксија. А може и така и така прашањево да е безначајно...
Гравитацијата на овој Начин не може да се „разработи“ поради физички/просторни причини, читам погоре, ако разбрав добро.
„Неселективната“ верба и креационизмот секаде имаат многу заеднички работи, не би навлегувал во таканаречени толкувања...итн.
Бозон? Што е тоа? Се зафркавам:), сепак би сакал да навлезам малку во темава, којашто ми се чини контроверзна - можеби затоа што вие поупатените меѓусобно имате помалку или повеќе знаење или толкување на материјава.
ЦЕРН е незначаен за нашата галаксија, но е доста значаен како алатка за разбирање на светов, бар во субмикроскопски димензии. Има и други практични достигнувања. Пиши CERN на Википедиа сигурно има нешто.
Гравитацијата конкретно на овој начин не може, бар не гравитронот, сепак постојат експерименти кои имаат цели поврзани за карактеристиките на гравитацијата.
Креационирмот има квази-допирни точки со науката, пристапот на истите е сосема различен. Науката има за цел да ја истражи проблематиката и врз основа на резултатите да донесе заклучок за даденото прашање, без разлика дали ќе го отфрли, потврди или ќе има поинаков пристап кон истото. Креационизмот тргнува со веќе зацртан заклучок и ги користи научните заклучоци и игнорантноста и непознавањето на обичниот човек кон истите за поткрепа на заклучокот.
Материјава воопшто не е контроверзна, доста е јасно и отворено дадена. Ако те интересира проблематикава, не се обидувај да навлезеш подлабоко во неа преку форуми или медиумски извадоци. Побарај изворни информации.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom