Летни авантури

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
мразам летни авантури...премногу станувам емоционален, и оставам чуствата да заиграат...и кога е време да се раздвоиме, јас сум депресивен....



Мислев дека сум единствен!!!Истото ми се случи пред 2год,па мислев дека сум го надминал али пред 10дена same story:nesum:
 
Летни авантури хахахахахаха (едно извинување до админите за ова ама морав).
Абе шо си правите сами главоболки, шо викаат старите трн во здрава нога, па ви се молам и сами знаете како е, и како може лесно да се повредите на такви глупости, така да јок немојте не си правете филмчиња, од искуство ви кажувам, а остај то и касно ке сватите дека тие потези ви биле мн. гупави и непромислени, така да уживај те си во врска и градете си ја својата иднина јас така би советувал.:salut:.

Мислев дека сум единствен!!!Истото ми се случи пред 2год,па мислев дека сум го надминал али пред 10дена same story:nesum:

Ех еве ви пример, ама изгледа дека некој не учи на грешките, ако тие се најдобар учител. Абе уживајте си, само да не е касно после. Помислете се два-три пати појке од колку ке треба.
 
Сите кратки работи се слатки....:back:
Не баш сите :smir:
Мене ми се нема случено а и не сакам да ми се случи. Не сум по авантурите. Имам сосема различно сваќање за животот.
Еднаш кога бев пијан бев доста блиску до таква грешка, ама за среќа се воздржав.
 
Имав една и се случи годинава акшли :pipi:
ахх boy we were soo inloved, штета не заминав со него за Данска.... ај можи ќе жалам можи убо сум направила, сеуште е рано да заклучам :)
interesting feeling by the way:pipi:
 
Многу убо ми звучи насловот летна авантура:pipi:ама за жал никогаш сум немала.Сепак мислам дека можи да се роди убава врска од една таква авантура,само ако потоа се запознаат подобро двајцата.Оти на одмор се е некако магично,нема проблеми,ништо не ти смета...
 
:)
Па имало летни авантури секако, имало и јаки моменти за паметење :wink: но само една се продолжи на бајаги време, ај што типката беше исто од Скопје и овде не ме знаеше :pos: ама на одмор 3 години по ред ме злоупотребуваше, цццц ја младо дете шо да праам :toe: ќути....а имало и покрш моменти, да се мота све живо и диво, зависи од периодот сепак :pos2:
 
Лето Господово пред две лета, Мајка Б`лгарија, по полноќ, јас запознав Чех. Висок, плав и блед, типично за местото од каде потекнува. Се здруживме, испадна мала авантура, траеше неколку дена, беше убаво, на крај мораше да си оди, ми остави мејл што го запишав на мобилен и пред да се вратам во Скопје ми го дигнаа мобилниот б`лгарските момчета. :toe:

Возбудливи доживувања се ова авантуриве, ама зависи во кој животен период се наоѓаш и кои ти се интересите. Мене своевремено ми беа стварно забавни. :tv:
 
Имав еднаш пред ехехеееее сто години. Дечкото навистина ми се свиѓаше, беше на некој начин посебен и интересен, но иако знаев на што ќе остане (и покрај тоа што се видовме уште милион пати после тоа), јас најкултурно си го засакав. После тоа, откако замина, почувствував толкава празнина, што ако се сетам на него, можам да ја осетам и денес, посебно кога се празни градот на крај на летото.
Решив после тоа никогаш да не се плеткам со некој кој е дојден на одмор, на само неколку дена. Јас не знам да сум со некого без некои поголеми чувства, па таквите авантури очигледно се лоши за мене.
Како и да е, убаво беше, гледано сега, од ова место и од ова време.:pipi:
 
Ех, ко дете да, сум се заљубила во едно детуле што беше дојдено во градов и си патев ко проста со години. Едвај чекав распуст за да си го видам. Детска работа.
Инаку, не сум јас за вакви летни заљубувања. Друго си сакам.
 
Ја сум си појше (т.е. 100%) за убава, долга, здрава врска полна со љубов од двете страни. Вакви летни заебанции, мувања и слично, ЊЕТ!
 
Пред две години, таман во јуни си заљубив едно момиче :). Ај то, ама си замина за една недела, јас цели ноќи не спијав само на неа мислев. Сега кога сум малце потрезен и поискусен, сваќам дека цело лето го потрошив мислејќи на неа, и тоа дозволив да ме направи таков само за едно две мувања. Никогаш повеќе таква работа!
 
Ја сум си појше (т.е. 100%) за убава, долга, здрава врска полна со љубов од двете страни. Вакви летни заебанции, мувања и слично, ЊЕТ!
епа за летни заебанции и мувања ти поминало времето...јбг ние тука што реплицираме деца сме...или реплицираат за деца кога биле...
 
Ја поише сакам зимски авантури:je:
 
епа за летни заебанции и мувања ти поминало времето...јбг ние тука што реплицираме деца сме...или реплицираат за деца кога биле...

Ја на 16 год. си ја најдов девојката што ми одговара и идев 4 год. Никогаш не сум сакал летни или кратки авантури, мувања и слично. Само хемија повеѓу двајца т.е. ЉУБОВ!
 
Имав минатото лето неколку кога бев во Будва на одмор.Ама не ги важам.Не знам каде ми беше паметот.Комплицирана приказна.

Сепак пред да тргнам на одмор имав една слатка авантура,прекрасна вечер,прекрасно ѕвездено небо.Никогаш нема да ја заборавам таа вечер.

И ден денес кога ќе ми текне,имам блага насмевка на лицето.

Бев свесна дека тоа ќе биде тогаш и никогаш повеќе и не дозволив да се заљубам.Ама сепак беше убав летен занес.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom