Les Revenants

  • Креатор на темата Креатор на темата VLJ
  • Време на започнување Време на започнување
Најново инфо од серијава. Втора сезона почнува од понеделник 28 септембар. Тамам повеќе од доволно време и два пати да ја изгледаме првата сезона. :D Има и тизер на фб, ако некој сака да го ѕирне. :D
 
Sea ima snosti nemase :D
имало брат, пред да ти пишам и ја ѕирнав дали има, имаше 3 рип-а, а првиот со околу 300-400 сидери - поставен пред 8 саати тогаш ми пишеше.
Ја сепак ќе си чекам цела сезона да излезе, па после ќе седнам од почеток и прва и втора сезона. :D
 
Превод нешто за првава? :D Тешко да дочекам цела сезона, со женска ми ја изгледавме во еден ден прва, мене реприза нејзе премиера, и сеа тешко да дочекаме скоро два месеци да се емитува.
 
Коментари?

Добар почеток, ми се допаднаа двете епизоди. Инаку зар толку не им текнало на овие во селото дека може лесно да стигнат до овие од другата страна на реката?

Језив ми беше моментот кога прикажаа дека старецот во болницата е всушност татко му на Луи/Виктор? Или јас така помислив.

Интересно ќе е ова со Милан, само не ми е јасно оваа шанкерката зошто се изненади кога рече Милан се врати :confused:
 
Dadoa li neso previously? Ja se mislam da izgledam odnovo Prva dodeka taman izleze cela vtora?
Nisto ne se sekavam oti. Ako pocnam sea lesno ke se vklopam?
Да, имаше нараторка која раскажа у кратки црти од прва сезона се шо се издешава, глеај слободно одма ќе се вклопиш :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Да не има некој линк за цела сезона барем 720п?
Неможам да најдам ништо добро
 
Јас само што ја догледав вторава сезона, никој ништо нема пишано за целава сезона.
Мене ептен ми се свиѓаше, макар шо на моменти имаше издолжување непотребно на некои работи, ама пак супер си заврши (ваљда заврши серијава, освен ако не планираат да продолжат нешто со синот на Симон и Адел)...
 
И јас ја изгледав втората сезона и топ беше. Исто ко и првата. Малце ме чуди што и во втората исто ко во финалето на првата никој не го побара Серж:confused:. И тоа што не кажаа нешто повеќе за Виктор/Луи, пред да го посвојат од кај дошол. И уште не ми е јасно со оживувањето, од каде излегоа? Камил се појави од местото на несреќата, а потоа во некоја епизода имаше каде го откопаа гробот и ковчегот беше празен. Така и со другите.. Од каде се појавуваат? Сите претпоставувам биле закопани освен тие што загинаа во првата поплава. А се појавуваат од таму кај што умреле. Претпоставувам ќе има 3-та сезона каде што ќе се разјасни повеќе за Виктор/Луи. Така делуваше крајот. Сите беа околу дупката, а Адел и Симон на друго место отидоа. Или истото место е само од друг влез:D. И ваљда треба сеа да оживеат таткото на Виктор/Луи како и мајката на Одре и кој уште умре таму :eek:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom