Les Revenants

  • Креатор на темата Креатор на темата VLJ
  • Време на започнување Време на започнување
Прво мислев дека ќерката го начу муабетот на долниот спрат и оттаму дека и` текна да го црта татко и`. Патем, ептен убаво беше режиран моментот кога Адел дозна, а ние не чувме ништо. Потоа девојчето телепатски почна да се поврзува со Виктор и почнав да мислам дека и` таа е видовита или посебна, од типот на специјалните деца во сериите како Арон и она детиштето од Touch.

Ќелнерката ми беше чудна што се понашаше како портпарол на чопорот, како таа да е организатор на што и да следува. Може дека има најмалку да изгуби ако си отиде (не сериозно, кај отидоа?) бидејќи нема никој близок во градот.

Исто и јас сакам Адел да е мртва бидејќи тоа ќе ги објасни хистеричните постапки во последните епизоди и лошиот однос кон Симон. Демек несвесно сака да се дистанцира од мртвите за и самата да не дознае дека е мртва. На крај ми беше чудно што не ја прибраа, некако не ми се верува дека една врата не можат на сила да отворат.

Инаку, грешка сум пишал. Втората сезона започнува во февруари, според Wikipedia и Dan of Geek.
 
Прво мислев дека ќерката го начу муабетот на долниот спрат и оттаму дека и` текна да го црта татко и`. Патем, ептен убаво беше режиран моментот кога Адел дозна, а ние не чувме ништо. Потоа девојчето телепатски почна да се поврзува со Виктор и почнав да мислам дека и` таа е видовита или посебна, од типот на специјалните деца во сериите како Арон и она детиштето од Touch.

Ќелнерката ми беше чудна што се понашаше како портпарол на чопорот, како таа да е организатор на што и да следува. Може дека има најмалку да изгуби ако си отиде (не сериозно, кај отидоа?) бидејќи нема никој близок во градот.

Исто и јас сакам Адел да е мртва бидејќи тоа ќе ги објасни хистеричните постапки во последните епизоди и лошиот однос кон Симон. Демек несвесно сака да се дистанцира од мртвите за и самата да не дознае дека е мртва. На крај ми беше чудно што не ја прибраа, некако не ми се верува дека една врата не можат на сила да отворат.

Инаку, грешка сум пишал. Втората сезона започнува во февруари, според Wikipedia и Dan of Geek.

Мислам дека отидоа во просторот каде што некогаш бил потопениот град. Не знам дали забележавте ама водата беше симната и куќите веќе се гледаа. Ама па тоа отвора друго прашање, што со жививе што отидоа со нив, освен ако не одиме по теоријата сите се мртви. Да не заборавиме и дека нема излез од градот. Можеби и тој е нешто ко Лост, одвоен дел кој никој не може да го забележи.
 
Мислам дека отидоа во просторот каде што некогаш бил потопениот град. Не знам дали забележавте ама водата беше симната и куќите веќе се гледаа.

Прво помислив дека нивниот град е потопен, и уште мислам така иако нема многу смисла. Дека од таму обично даваа кога градот снемуваше струја, сега искачаат све потопено, гледав и на странава, градот некак под езерото иде.. малце изгубиво ориентација. :confused:
 
Градот е потопен скроз, освен ридот каде што беа Адел, Лена и компанија. Уствари индиректно мртвите ги спасија овие другите, бидејќи неизбежно беше браната да попушти само што одговорните се обидоа да ја заташкаат работата.

12608530.png


Патем, се согласувам дека градот е отцепен од секаков контакт со цивилизацијата. Уште кога снема струја ми беше чудно што никој не им праќа помош. Тоа дури и во Штип да се случеше немаше да помине до толку незабележано. :icon_lol:
 
Ме мрзеше вчера да пишувам, многу ми се спиеше па еве ме сега.
Серијава не да ме потресе, ме мавна на психа за сите пари. Толку морничава, језива атмосфера има што прави да ти е непријатно цело време додека ја гледаш. Саундтракот е ептен погоден и дополнително ја прави морничава.
Очекував поише да дадат одговори, ама очигледно за наредна сезона ги оставија.
Ме збунија за Адел сега дали и таа е мртва или не. Виктор со визијата и келнерката скоро да ме убедија во тоа, ама па Томас ваљда ќе знаеше дека е мртва. Не е ваљда да умрела и веднаш да се вратила. Плус и ќерка и‘ рече дека само бебето го сакаат. :confused:
И зашто никој не можеше да го напушти градчето? Серж и Тони цело време се вртеа у круг, исто и Виктор, Џули и женска и‘ со колата одново се враќаа на браната. Во градчето не видовме никој да дојде освен келнерката, што значи дека и она е ваљда мртва. Таман и видовита е како и другите, ама на моменти :icon_lol:
Туку што беше финта со појавувањето на Виктор на патот? Зашто го покажаа како виновен за несреќата со автобусот? Нели се врати он во исто време со Симон и Камил.
И со раните не знам што им беше финтата, пошто нели освен мртвите и на Лена и‘ се појавија, па после као демек од стара рана/белег демек и‘ се и веќе ништо не кажаа за тоа.
Исто нелогично ми беше што сакаа сите мртви да појдат со жртвите од браната и келнерката, а Серж го оставија, не го ни спомнаа.
 
С-Е-Р-И-И-Ш-Т-Е-!!!
Сериозни сте дека бејтс мотел ви е солидна/watchable после оваа генијалност?
Серијава е од епски пропорции. Глума, режија, сценарио... ма се е чиста 10ка. Језива, морничава, црна, ама пак длабоко допира до тебе.
И 100% сум сигурен дека ние односно сите non-french губиме околу 10-15% од квалитетот ради превод.

Голем дел од прашањата сигурно ќе ни се разрешат понатака... :) И мене ми е многу чудно што Серж не го побораа, а и се друго околу Серж ми е чудно :D сигурно не е плотхол ова што не го побараа... можеби не го сакаат зашто е убиец?! Ама па и Викторов на некој начин... шо знам.

Иначе ја сериозно и планирам rewatch, и онака да си запишувам ствари што/кога се дешава, логично зошто се дешава и слично. Ќе се збрлавам.
 
После две изгледани епизоди ставам све друго што гледам на hold. Ретко добар почеток на серија.
 
Каков избор направив за пауза од СФУ за да се оттргнам од смртта малце...
Вчера ја почнав и еве сега само што ја завршив. Цело време гледав по други теми дека ја препорачувате, ама малце ме кочеше дека француска.

Немам никакви замерки за серијава. Се е одлично направено баш по мој вкус и ептен ми се свиѓаше. После крајов останав со многу прашања.
Прво, Виктор. Сигурен сум дека има нешто посебно кај детево, не е само еден од нив. Не беше за џабе ставен кај несреќата со автобусот, а умрен е многу порано што значи дека не се вратиле сите во исто време, е сега дали само он е подолго тука или има и други и што правел сето тоа време незнам... Другиве не беа свесни дека се мртви, и незнаеа како умреле, а он беше свесен дека е мртов и знеше како умрел. Ја натера таа комшиката да се убие и Тони исто. На ќерката на Адел и покажуваше визии, дури и додека бил жив (ако бил) нели за време на поплавата се шеташе низ шаторите со мртвите.
После келнерката Луси. Мртва или не? Има нешто и кај неа. Дали е последната која жива има влезено во градот од надвор или пак веќе била мртва кога дошла, и дошла со некаква причина. Лидерски се постави на крајот и сигурно не е случајност.
За Адел не сум сигурен. Може да е мртва. Доколку можат да се вратат веднаш штом ќе умрат, ништо чудно. Само ќерката дека кажа дека и го сакале бебето, ама па зошто бебето...
Пјер ми е исто чуден лик. Некако чудно се однесуваше цело време, многу смирено некако, како воопшто да не беше изненаден од ситуацијата. Ништо чудно да е некако поврзан. И кој беше со него и го уби Виктор... Дали е некој битен лик или па воопшто нема да го вмешаат во приказната.
За Серж прво чудно ми беше дека не го спомнаа на крај, ама па и никој не знаеше дека е он вратен освен брат му и Лена која не сум ни сигурен дали знае точно кој е. Плус он нели исчезна во водата, а после одеднаш се појави ваму кај брат му. Е сега дали навистина се појави не сум баш сигурен. Како знаеше дека се таму, и како се симна и влезе без никој да примети? На крај нели дадоа како и мајка им стои таму.

Е сега на крајот што се случи. Пак поплава, ама кај отидоа сите овие. Еве да речеме само исчезнале како што се појавиле, ама имаше барем еден жив со нив, мајката на Камил. Плус и полицајците што останаа надвор. Овие кога излегоа немаше ни тела ни крв, немаше никаква трага од нив...

Одлично склопено, нема што. Едвај чекам да видам понатаму во кој правец ќе оди и се надевам ќе ни дадат повеќе одговори, не бива вака :D

Е сега да ја догледам и СФУ, па после ќе треба да ми дадете некоја лабава комедија без смрт и насилство да гледам зошто ќе се пореметам :D:D
 
Дечки втора сезона кога? На имдб нема ништо. :confused:
 
:cautious: ееее ова првата и последната причина ради која само се нервирам кога ќе изгледам ремек дело од серија од некоја европска продукција. Ајде барем уште еднаш ќе си ја изгледам тогаш пред да почне :D
 
Многу бе :(
Јас веќе заборавив доста ствари. Наредно лето пак ќе се гледа.
 
Ne ja gledajte Americkata.. zaso mora razvodneta spoon fed uvek da bide nivnata verzija??? Ugh.
 
Ne ja gledajte Americkata.. zaso mora razvodneta spoon fed uvek da bide nivnata verzija??? Ugh.
Од вчера се мислам дали да ја изгледам првата епизода да видам што направиле. Ама не бе, нема шанси да е со сличен квалитет ко оваа. Арно што кажа, ич не гледам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom