Les Revenants

  • Креатор на темата Креатор на темата VLJ
  • Време на започнување Време на започнување
Еееј дури сега ја гледам темава! Да ме означеше некој може и ќе ја видев и порано. :D

Него симната ми е првата епизода уште кога VLJ ја отвори темава. Чекам погоден момент да сум на само со компјутерот подолго време, зашто знам дека целосно ќе треба да и‘ се посветам. По она што го прочитав у воведот иам големи очекувања, па уште и споредбата со Six feet under :love:

Ја мислам дека и џимеј треба да го тагнеме. По ова што напишавте би требало и нему да му се свиѓа :)
 
Џими е благовремено обавестен за серијава. :icon_lol:
 
џимеј aj за секој случај, не е лутко како Anne. ама ако, за секој случај да види. :D

Изгледав јас 3 епизоди, некако не ми се споредува со SFU. Не од аспект на квалитет, туку е претежно тензична, American horror story meets The Killing. Музика и тензичноста ја прават скоро хорор, а градот и све друго е онака moody како атмосферата од Killing. Ми дава шмек различниот јазик, примамлива е дека не е секојдневна. Саундтракот е од Mogwai :vozbud: а интрото и визуелно си владее, баш е surreal. Единствена замерка ми е околу драмата, не реагираат како што треба некои од ликовите. Да не се дрзнам да оценувам ама од 3 епизоди 8/10. Маратонски ќе ја смачкам. :sneaky:
 
Интрово цел ден од глава не ми излегува.

Не ја споредив со SFU поради квалитет (уште две сезони имам упм), туку поради тоа што се занимаваат и двете со последиците од смртта. Некои моменти ми беа ептен потресни и ми оставија сличен впечаток со оние во SFU.
 
некако веќе видено ми е ова... слична ситуација како со 4400... изгледав 3 епизоди ама слабо, не е ништо посебно...

за драмата ни да се помисли дека е како SFU а не па да ги пишете во иста реченица

има многу подобри серии моментално за да се потроши време на оваа според мене...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Не е богохулие, се изјаснија дечките, споредбата со SFU не е поради драмата, туку пост-смрт моментите, што држи вода до некаде. Непотребен хејт, не само што нема многу, туку воопшто нема подобри серии во моментов. Серијава, уз стартот на GoT и Black Mirror ми се врв последниве 3-4 месеци. Едната француска, другата британска, што збори само колку се труеме со америчкиот неквалитет.

Далеку е Јануари. Инаку незнаев дали ќе има 2ра сезона, ама супер штом ќе има, премалку одговори има ама да бидам искрен, не очекувам, туку уживам, LOST all over again. Гледам немаме некој фаворит од глумциве, сите различно спомнавте, што е одлично, нема ориентирано околу некого специфично серјиава, иако така започна. Мене ми е фавворит сестрата на Камил. Дека можеби беше единствената што долови реализам. Реакции како што јас би реагирал, да не речам. Атмосферата најбитна во цел микс, ради истата ја изгледав серијава у колоквиумска. Сценографијата, местата се одлични, браната ми е ептен језива, убаво доловн градот иако се 5-6 локации, остава чувство дека го познаваш цел град. Музиката е ебено фантастичнна! Поготово 8:10 моментот што го силуваа!

Замерка немам, очекував повеќе драма, апсоултно незнаев каков жанр е и што обработува, кога навлегов, се аклимирав, и намалив очекувања од тој аспект. Дека повеќе е ради филер моменти, какоидае. Замерки друго немам, освен една нејаснотија околу тајмлајнот на евентите. Виктор/Луис мислев е нешто повеќе од другиве, барем така беше претставен. Иако излезе како сите, не ми беше јасно зошто го вметнаа на патот, за време на автобуската несреќа, и тоа како делумно крив за истата. Кога од тој ден, после 4 години, се вратија сите, иако Виктор умрел пред 35, Симон пред 10 и слично, небитно, сите се појавија на иста дата, освен детево. И зошто Серж(?) не го побараа во финалето?

Се на се, good watch. Посекако вреди, и се чека втора сезона. Оverall оцената ми останува 8/10.
И препорака до сите.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Само за една работа им пишувам минус. Малку ко Твајлајт излезе работава. Бремена жена од мртов човек. :icon_lol:
 
Само за една работа им пишувам минус. Малку ко Твајлајт излезе работава. Бремена жена од мртов човек. :icon_lol:

Барем се компатабилни, нели и Адел е*** ~~~ СПОЈЛЕРИ ~~~ *** мртва.

Фураат друг концепт, далеку од зомбиња и вампири, иако Симон беше мртов и е вратен онака со примеси на супернатурал елементи, once they're back се претставени како нормални, живи, функционални, чувствувајќи болка, и се од крв и месо.. и ваљда лачат љубов, такоџе, па фатило. :icon_lol:
 
Можеби Виктор е првиот мртов кој се појави, а можеби имало и други претходно кои во меѓувреме се мотале и не можеле да си го најдат патот. Овие ликовите од серијата имаа каде да се вратат, но оние од селото кои загинале поради поплавата немале, најверојатно поради тоа цело време си стоеја настрана. Е сеа, зошто Виктор се појави неколку години пред Камил, Симон и компанија, немам појма. Можеби оживувањето оди во етапи. :icon_lol:

Финалето остави многу отворени прашања, очекував да реши повеќе мистерии, ама без разлика, едвај чекам да видам догодина што ќе се случи.

Инаку, сајтот им е многу добро направен. И покрај тоа што не им го разбирам јазикот, интересно е бидејќи може убаво да се разгледа градот.

http://lesrevenants.canalplus.fr/
 
Не не, во иста ноќ сите се вратија, и Виктор тогаш, ја следеше докторката кога таа се враќе од стариот кој мислеше дека трипа, жена му тогаш се врати. Симон ја виде Камил на мостот, пеперутката.. само го вметнаа во сцената со автобусот изгледа онака Виктор.

Може да почнеме со теории изгледа. :icon_lol:

Најмистериозна е келнерката, како да почна се' од неа, таа ги гледаше за време на секс овие што требаше да дојдат, после нападот во тунелот, одма закрепна, што значи веќе е била таа мртва. А се' почна кога дојде во градот без пари барајќи работа во барот и место за спиење. Е сега од кај дошла и како побегнала, кога овие неможат да побегнат, е нејасно. Да не е некој староседелец? Ева? Од Адам и Ева? Шо? Ништо не научивте од LOST? :D

Профи сајтот, браво!
 
Барем се компатабилни, нели и Адел е*** ~~~ СПОЈЛЕРИ ~~~ *** мртва.

Фураат друг концепт, далеку од зомбиња и вампири, иако Симон беше мртов и е вратен онака со примеси на супернатурал елементи, once they're back се претставени како нормални, живи, функционални, чувствувајќи болка, и се од крв и месо.. и ваљда лачат љубов, такоџе, па фатило. :icon_lol:

Абе од кај Адел мртва? Јас не мислам дека е мртва. Маж и ќе приметеше. o_O
 
Не не, во иста ноќ сите се вратија, и Виктор тогаш, ја следеше докторката кога таа се враќе од стариот кој мислеше дека трипа, жена му тогаш се врати. Симон ја виде Камил на мостот, пеперутката.. само го вметнаа во сцената со автобусот изгледа онака Виктор.

Може да почнеме со теории изгледа. :icon_lol:

Најмистериозна е келнерката, како да почна се' од неа, таа ги гледаше за време на секс овие што требаше да дојдат, после нападот во тунелот, одма закрепна, што значи веќе е била таа мртва. А се' почна кога дојде во градот без пари барајќи работа во барот и место за спиење. Е сега од кај дошла и како побегнала, кога овие неможат да побегнат, е нејасно. Да не е некој староседелец? Ева? Од Адам и Ева? Шо? Ништо не научивте од LOST? :D
Во иста ноќ се вратија сите освен Виктор, кој седум години претходно ја предизвика сообраќајката. Што правел во меѓувреме немам појма, ама тоа ме тера да претпоставам дека можеби не се вратил сам, туку со друга група на луѓе (можеби жртвите од браната) кои исто како него не знаеле што да прават, туку чекале погоден момент да се избацат во цивилизацијата.

Келнерката и мене ми е чудна, бидејќи од сите живи само она имаше некакви натприродни моќи и единствено нејзиното минато не е познато. Плус и што му рече на Симон дека треба да и` биде благодарен што се вратил помеѓу живите. Можеби мислеше на вториот пат откако го упукаа, а можеби и на првиот пат, ама јасно е дека таа знаеше што се случува, додека другите беа како муви без глава. На крај испадна и лидер на хордата. Најверојатно има некаква поврзаност помеѓу нејзината видовитост и зомбифицирањето (?), ама каква, немам појма.

Со Адел не знам што се случило. Можеби е мртва, можеби и не. Визиите на девојчето поттикнати од Виктор ме тераат да мислам дека е ова првото, ама којзнае. Тоа е уствари финтата, што мртвите не можат да приметат, освен ако некој не им каже. Затоа и докторката беше во мисла едно време, а исто и келнерката никој не ја примети кога го напушти овој свет, освен ако тоа не се случило уште пред да дојде во градот.

Не знам дали некој друг ја прати серијава и затоа не знам дали треба муабетиве да ги пишувам под спојлер. Ако треба, нека регира модераторката. :)
 
Терајте си не се секирајте за спојлери, прва страна си има вовед и во неа нема спојлери, па кој сака да ја гледа не знам зошто би читал понатака. Иначе кај ќе ни биде крајот, цела тема во спојлери ќе биде.

Јас имам некој превид направено очигледно, бидејќи не мислам дека келнерката е мртва туку дека има натприродна моќ. А за Адел сум 90% сигурна дека не е мртва пошто кога дојдоа останатите мртви детево и рече те бараат зашто го сакаат твоето бебе, не дека ја бараат неа.

Не знам само зошто не го открија типот што фактички пукаше во Виктор, штом веќе типот што му беше соучесник апла го покажаа.

Иначе за кога е закажана втора сезона?
 
VLJ вели за во Јануари, нема ништо на IMDb.

Јас цело време сумљав у Адел, онака као спонтано спомнуваа тоа „што го направила“, a у меѓувреме форсираа демек докторката не се знае дали е мртва или не. После покажаа што се десило во бањата кога веќе знаевме повеќе околу мртвиве, дека има луѓе што се враќаат, и бргу закрепнуваат и све тоа. Следно беше визијата на Виктор што и ја покажа на ќерка и. И како последно онака ме убеди, што келнерката беше прилично директна, онака, фали уште некој. Кој? Адел. Конфузија створи ќерка и кога и рече дека и го сакаат бебето, па може цело време е ради тоа. Ипак останува да видиме. Јас сакам да е мртва, некако се качи on her high horse и почна да ме напнува. :sneaky:

VLJ, некако не ми фаќа место теоријата некои да се вратиле порано, поготово не цела хорда и неколку години никој да не забележал. А ми се мота теорија дека келнеркава не е повеќе специјална од другиве. Таа е пример видовита на некој начин, Виктор со визииве, иако не ги прави намерно, жената што цело време предвидуваше? Ќерки ти се? Да. Штета, пошо све ќе заврши и слични муабети, па на крај таа знаеше за обесените кога и пренесе на Камил.. сите некако се видовити, што ме тера да се замислам, како знаеше ќерката на Адел што да црта? Сите изгледа се мртви! (c) teneke.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom