Les Revenants

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Les Revenants (2012- )

или на англиски Rebound



„Најгледаната серија на светот која ги сруши сите рекорди и ги потресе сите.“

Вака некако би изгледало ако сакам да сум бомбастичен уште на почетокот, ала Иван С. Мирчевски и неговата Канал 5. Реалноста е дека серијава ги срушила рекордите на гледаност во Франција, ама нема врска. Или пак ако пробам во стилот на Ристо Самарџиев, поетесата задолжена за програмската шега (не е печатна грешка) на Сител:

„Под сенката на една брана, еден град е родилка на една нова надеж. Трулата крв повторно станува жар црвена, која е спремна да ја опустоши раззеленетата оаза, создадена врз темелите на мртвите луѓе.“

Океј. Ај сега малку посериозно.

Дејството на Les Revenants, или ако сакате повеќе Rebound, е сместено во едно мало гратче во Франција. Серијата се занимава со животите на неколку починати луѓе кои одеднаш оживуваат без навидум никаква причина, неколку години после нивната смрт. Не само што тие не се сеќаваат како и кога заминале два метри под земјата, туку тие отпрвин не се ни свесни дека воопшто починале. Приказната го следи нивното враќање во средината каде некогаш живееле, а со тоа и различните реакции на нивните блиски. За некои луѓе овој феномен е чудо, а за некои клетва и болно отварање на стари рани. Коинциденција или не, со појавувањето на живите мртовци, се случуваат неколку убиства кои потсеќаат на некој си сериски убиец од минатото. А да, друга битна работа - градот се наоѓа близу една голема брана.

Првата сезона има осум епизоди, а втората започнува наредната година во јануари. Во случај некој на IMDb да сретне француски филм од 2004 со ист наслов, да напоменам дека серијава не е продолжение, туку е само инспирирана од филмот. Што значи, филмот не е обавезен, па затоа и го немам гледано.

Интересното кај оваа серија е што за разлика од некои други филмови или серии на слична тематика, Les Revenants не се занимава со анонимни лица, туку со животите на луѓето кои починале и кои се враќаат за да продолжат таму каде застанале. Ова буквално враќање од мртвите, серијата не го користи како средство за воведување акција, масакри и крвишта, туку за да испита како би реагирал еден човек кога одненадеш ќе сретне блиска личност која одамна ја отпишал од живите. Буквално. Овие ликови не се типични зомбија, барем не како оние во The Walking Dead. Тие личат на вистински луѓе и се однесуваат како вистински луѓе, иако е јасно дека нешто не штима, дека има нешто језиво во целата ситуација. Затоа може да се каже дека е дури иронично што „воскреснатите“ (серијава не се занимава со религија, барем не до таму каде што сум стигнат, што значи, атеисти – релакс) понекогаш изгледаат дека во себе имаат повеќе живост отколку жителите на градот кои веќе некое време се погодени од различните трагедии.



Ги изгледав првите четири епизоди и можам да кажам дека, сега за сега, серијава ми остави силен впечаток, пред се` поради начинот на кој се развива приказната и поради новиот приказ на луѓето кои до вчера биле мртви, а денес се живи, популарно наречени зомбија. Друга предност на Les Revenants е морничавата атмосфера, совршено надополнета со убавиот саундтрак, феноменалните кадри и одличната глума. Да напоменам пак дека серијата е повеќе трилер/ мистерија/ драма, отколку хорор. Дејството се гради бавно, а ликовите се разработуваат темелно, полека откривајќи детали од нивното минато. Што значи, можно е серијава да не му се допадне на некој што од ваквиот жанр сака исклучиво акција и крвишта (иако нема ништо лошо во тоа, напротив токму тоа е најјаката страна на Тhe Walking Dead).
 
H

HoT IcE

Гостин
Интересното кај оваа серија е што за разлика од некои други филмови или серии на слична тематика, Les Revenants не се занимава со анонимни лица, туку со животите на луѓето кои починале и кои се враќаат за да продолжат таму каде застанале. Ова буквално враќање од мртвите, серијата не го користи како средство за воведување акција, масакри и крвишта, туку за да испита како би реагирал еден човек кога одненадеш ќе сретне блиска личност која одамна ја отпишал од живите.
Sounds promising. Ја ставам на watchlist на ИМДБ и дефинитивно ја гледам. Со цитираново тотално ме заинтригира да ја симнувам.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Дефинитивно ќе ја гледам, звучи интересно. Ауууф што попрво.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
:cuc: Леле без зборови останав. VLJ милион пати фала за тоа што ја отвори темава. Сериозно, крв во вени на човек да му сопре. Предобро.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
:cuc: Леле без зборови останав. VLJ милион пати фала за тоа што ја отвори темава. Сериозно, крв во вени на човек да му сопре. Предобро.
До кај стигна?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
До кај стигна?
Денеска изгледав две епизоди онака во еден здив. Феноменално нешто. Ме остави без зборови. И кожа да ти наежи, ем мистериозно, не можеш крајот да му го фатиш. А и какви ликови само, тоа малечкото посебно. Језиво мајке му.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Денеска изгледав две епизоди онака во еден здив. Феноменално нешто. Ме остави без зборови. И кожа да ти наежи, ем мистериозно, не можеш крајот да му го фатиш. А и какви ликови само, тоа малечкото посебно. Језиво мајке му.
Понатаму станува уште поинтересна и позаразна. Некако наеднаш ја изгледав, останав фасциниран и сега ми фали.

Ликовите се најјаката страна на серијата, и живите и „мртвите“. Речиси сите се со некакви проблеми и со хаос од животи. Поради тоа има многу потресни моменти, нешто што многу ме потсеќа на Six Feet Under. Има и многу добри пресврти кои многупати ме оставија со wtf фаца.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Понатаму станува уште поинтересна и позаразна. Некако наеднаш ја изгледав, останав фасциниран и сега ми фали.

Ликовите се најјаката страна на серијата, и живите и „мртвите“. Речиси сите се со некакви проблеми и со хаос од животи. Поради тоа има многу потресни моменти, нешто што многу ме потсеќа на Six Feet Under. Има и многу добри пресврти кои многупати ме оставија со wtf фаца.
I Fell In Love With A Dead Guy! Како тоа лошо звучи, ама тоа пуцвалот музичарот АУ. Anne. обрни внимание на моментов и серијава.

Мене најголема мистерија ми е малото дете. Некако излезе од никаде и нема припадност, не зборува. Најчудна алка во серијата ми е, макар што целата серија е чудна. На добар начин.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
I Fell In Love With A Dead Guy! Како тоа лошо звучи, ама тоа пуцвалот музичарот АУ. Anne. обрни внимание на моментов и серијава.

Мене најголема мистерија ми е малото дете. Некако излезе од никаде и нема припадност, не зборува. Најчудна алка во серијата ми е, макар што целата серија е чудна. На добар начин.
Мене докторката ми е најсимпатична. Симон ми е најжален, а што е финтата со Викторче ќе дознаеш повеќе за некоја епизода, мислам дека е четвртата.

Anne. еве и јас ќе те тагнам, во случај да не го приметиш тагот на Рокенрола. Не ради музичарот, туку ради серијата. :)
 
Член од
24 април 2011
Мислења
300
Поени од реакции
162
Ауууу......феноменално глупа серија........
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
Ќе го прочитам воведот кога ќе ја изгледам, ниту на имдб сум влегол. :D
Од кај да ја симнам, по бугариве не ја најдов, а нешто се збуни и заливот.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Ќе го прочитам воведот кога ќе ја изгледам, ниту на имдб сум влегол. :D
Од кај да ја симнам, по бугариве не ја најдов, а нешто се збуни и заливот.
Ја има на Замунда само побарај ја со оригинален француски наслов.На англиски нема да ти најде ништо.Ја има цела сезона со доволно сидери за максимален доунлоад ;)

Он топик: После изгледани 4 епизоди или пола сезона само позитивни оцени за серијава.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ќе го прочитам воведот кога ќе ја изгледам, ниту на имдб сум влегол. :D
Од кај да ја симнам, по бугариве не ја најдов, а нешто се збуни и заливот.
Ако ти е за 720p, а знам дека ти е, на пиратите ја имаш секоја епизода посебно според насловот. На пример:

Les Revenants - S01E01 - Camille

Ако ти е за цела сезона одеднаш, само со помалку сидери, ќе ја најдеш на kickass или ако сакаш полесна варијанта, ќе ти пратам ПП.

Ми се свиѓа шо си ми удрил лајк без да ми го прочиташ воведот. :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.660
It's no secret дека си дел од вип форумџиите од кои гледам све препорачано. :P
Ќе разгледам подетално, ако не ќе ја гледам на лаптоп.
Само многу обврски неделава.. (n)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Kajgana Shop

На врв Bottom