За да не е Боже, наведи ми ги државите кои Македонија ја признале по заслуга на дијаспората.
А дали ти сметаш дека ние што сме надвор од Македонија сме ајвани?
Прв си прашав......?
реален, ај те молам душо одговори ми каде и како се расправавте вие за нас „дијаспорците„ ?
Па ете гледаш....се расправаме. Расправата на форумов е огледало на општествено-политичкиот живот во Македонија.
Вака мали.
Немој да мислиш дека Јас имам сомнеж во твоите емоции спрема Македонија.....камо да беа сите дијаспорци како тебе.
Но.
На тебе емоциите ти се една и идинствена точка во твоето расудување спрема матичната држава.
За разлика од тебе, Јас покрај емоциите треба да мислам и за егсистенцијата моја, на моето семејство и за нашата иднина.
Бидејќи тука ми е парчето леб што го вадам, тука ми е комшијата од СДСМ, тука ми е другрчето од ДПМНЕ.....тука е и Решад од Бит Пазар, кој секогаш кога ќе го видам (а одамна не сум го видел) ме засмејува со шегите на своја сметка...тука е и оној мајтапџиски, балкански менталитет, демек глеај му го сеирот....тука е чак и оној ебан Катанец од Словенија од кого веќе долго време чекаме да не однесе на светско првенство.
Тука е мојот живот бе друже.....и планирам тука да остане барем во наредните сто години.
И затоа....можеби ќе звучам како рада, ама....никој нема право да ми каже дека и мисли поарно на Македонија од мене и од преостанатите два милиони и неколку илјади граѓани кои живејат, работат, и секој нов ден го делат арното и лошото....тагата и радоста.
Без разлика дали биле вмровци, сдсмовци, либерали, Албанци, Срби Власи или Турци.
Те ценам и тебе бе друже. Никој не ти го спори правото на глас.
Датумот за одржување на изборите се знае неколку месеци однапред.
Па затоа седни во брод, авион, воз....изарчи некој долар фунта или евро.....повели гласај и докажи дека без разлика на цената, и ти ја сакаш Македонија како мене.