Дечки прашував на друго место, ама не добив соодветен одговор, па да прашам тука.
Во план ми е да земам Samsung QLED, бидејки нема да сменам толку често телевизор, можам и OLED, ама си имаат доста проблеми, прво Burn - In, после Color Shifting, итн итн... прогуглајте на интернет за LG OLED burn in и ќе видите.
Е сега, моделот што ми е во план да го земам е овој:
4k UHD QLED Smart TV SAMSUNG QE55Q60 RATXXH QHDR4x, 3000PQI, WiFi 55"(138cm)4K Ultra HD SMART QLED TV Резолуција:3840x2160 HDR 10+, Quantum HDR 4x Quantum Processor 4K 3000Hz PQI, 200 Motion rate Mega Contrast,SUHD Dimming Dolby Digital Plus,DTS codec Samsung Smart view Multiroom link,TV Sound...
www.neptun.mk
Нептун мислам дека моментално имаат најдобар избор, и најдобри цени..
Арно ама, пред недела дена бев да надминување, одев до ФОН, па ги прашав, баш од таму каде што сакав да го земам тој модел, и ми рекоа као демек нова генерација QLED модели имало искочено, и веќепостоечките QLED телевизори демек ќе ги тргнеле.
Океј, чим ќе донесат нова генерација на QLED телевизори, тогаш ќе го земам најевтиниот 55 инчи, ама пак што ако биде повеќе од 50,000? Не ми е во план да давам повеќе од 50 бона.
Проблемот е што за 3 месеци ќе се селам, а ми кажаа дека до тогаш ќе го немале горенаведениот модел.
Дали некој знае кога точно ќе го тргнат овој модел од Neptun, и дали би можеле за 3 месеци да го вратат, или да го чуваат до тогаш?
Случајно барајки на Setec сајтот наидов на овој QLED модел, 10,000 поскап. Дали овој модел е од најевтината класа, ама понова генерација?
Сетек | Сè од техника
setec.mk
Ми кажаа дека истиот модел во споредба со тој горе, голема разлика имало во тоа што постариот модел има 120Hz екран, а поновиот 60Hz, и дека постариот модел има 4K AI Upscaling процесор, што поновиот модел нема. И неколку минорни разлики во контраст и светлина.
Во Setec го најдов истиот модел што го гледав од Neptun, и тој е тука негде до цена.
До кога ќе го држат тој модел (истиот модел од Neptun, првиот линк што го пратив) во Setec???
И ако го тргнат тој модел, дали за 3 месеци, овој од 60,000 што го пратив дали ќе му падне цената за 3 месеци????
И уште нешто.
Уште 2 телевизори ќе ми требаат, не ми е важна големината ама да не бидат испод 25 инчи. Резолуција 1080p ќе е доста, немора да е smart телевизор, ќе се користи за во мојата соба и спална соба, и ќе биде за на ѕид закачен. Пратете што ќе најдете од сајтовите по продавниците овде.
Може и 2 исти модели, нема ништо да ми смени.
Гледајте до 9-10, 000 да биде.