LCD телевизори

Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
Како преку камера на мобилен?
Многу едноставно, ако свети - работи, ако не свети - не работи.

Овој метод функционира со било кој телефон со било која и било каква камера.

Како заклучи дека Самсунг се ептен скапи а LG се ефтини? Слични модели имаат слични цени, можда со 500-1000 ден поскап е Самсунг ама сигурно не е 100 евра. Ги израмни LG со Quart ебаго. Мислам дека не си во право. Па 6 години ти се одлична трајност на еден модерен технички уред. И што ти се расипало, нешто за 1000 ден? Па електроника е, се загрева кога работи, си имаат компонентите век на траење, колку сакаш ти да трае, а си зел мејнстрим модел кој има 2 години гаранција и тек на 6-та година ти се јавил некој мал дефект кој е 1:30 од цената на телевизорот. Си го поправил и тераш понатаму, не ти цркна екранот или плочата или процесорот. Samsung и LG ти се горе-долу исти фирми, едино што Самсунг направи бум со смартфоните па на тоа поле е нешто понапред но и двете се со сличен квалитет на производите кој е стандард денес во светот за електроника. И двете сами си произведуваат екрани и останат хардвер и софвтвер за своите тв и може со гаранција да бидеш сигурен дека тоа се 100% нивни, корејски производи. Башка што уште еден куп помали компании купуваат компоненти од нив. Тоа ги прави и двете компании џинови во нивното поле на индустријата.
Двете компании се мотор на корејската економија и нема шанса едните или другите да си дозволат да кикснат во тоа што најдобро го работат затоа што тие држат најголем дел од пазарот и имаат стекната доверба кај клиентите.

Еве и кај мене послабо работат копчињата за јачината на гласот па што? Само заради една ситница ќе се жалам дека LG не чинат? Сега крајот на годинава ќе купувам пак тв и пак во предност би ми биле LG па Samsung, па можда и Sony/Panasonic поради 5-годишната гаранција.
Па не баш, не се баш секојдневни модели, токму напротив - и двата телевизора ги имаше во многу ограничени количини кога излегоа во продажба и многу тешко можеа да се најдат.

Ти се жалиш дека и кај тебе послабо работат копчињата за јачината на гласот, па што ?

Твојот проблем си е твој проблем, доколку сакаш, можеш да го споделиш на форумов, или ако не сакаш, не ни мораш.

Мојот проблем си е мој проблем и јас одлучив да го споделам на форумов, бидејќи 2 различни модела на телевизори со ист технички проблем веќе говорат за дефектен шаблон кој се повторува, а за кој јас лично се надевам и посакувам да не се повторува понатаму кај останатите телевизори на LG.

Јас користам LG цел живот, од 1980-те години кога постоеа како Goldstar, па се до денешен ден кога постојат како Lucky Goldstar, односно LG, и претежно сум задоволен од нивниот квалитет. Но тоа не значи дека ќе ги поштедам од негативни критики доколку се соочам со едни исти технички проблеми кои се повторуваат кај 2 или повеќе различни електрични уреди од истиот производител.

Конкретно во твојот случај, доколку проблемот се појавува само кај 2 копчиња, а не кај сите копчиња на далечинскиот управувач, добредојден си да го отвориш и да ги исчистиш далечинскиот управувач и копчињата со чист алкохол - обрни внимание, со чист алкохол, а не со WD40 или не знам кои други средства кои ги има насекаде во продажба. Доколку проблемот не се реши со чистењето на далечинскиот управувач и на копчињата, барај си ја среќата на Бит Пазар или на друго место каде што продаваат далечински управувачи, но обрни внимание новиот далечински управувач да биде ист како и оригиналниот кој го користиш.

Инаку, јас имам и универзален далечински управувач и со него немам никакви проблеми на други електрични уреди, со исклучок на овие 2 LCD телевизора од LG, што повеќе од доволно говори дека проблемот не е во далечинските управувачи, туку во самите телевизори.

И кога веќе говориш за квалитет и трајност, јас имам и постар LCD телевизор од Samsung во друг стан, кој за разлика од овие другиве 2 LCD телевизора од LG, не е посебен модел, туку е баш секојдневен модел и тоа еден од поевтините, но со него немам никакви проблеми до денешен ден.

И како што веќе спомнав, немам ништо против LG, но секогаш сум повеќе од расположен за објавување на негативни критики кон било кој бренд во чии што производи се повторува еден ист шаблон на дефекти.

Со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава, добар распоред си направил. Јас прво би погледнал што ми нудат Samsung, па ако се премногу скапи, ќе видам каква алтернатива ми нудат LG.

Еве врз што ги темелам моите ставови дека Samsung се поскапи од LG. Но тука морам да ти потенцирам дека ваквата споредба ја направив само во Нептун, а не и во останатите ланци за продажба на електрични уреди. Главен услов ми е телевизорот да е со големина од 40 инчи или повеќе, со Edge LED осветлување, со безжична мрежна картица - иако и жична Ethernet порта би била задоволителна за моите потреби, со SMART TV и со DVB-T, DVB-C и DVB-S декодер.

И еве што нуди Нептун од Samsung, 40 инчен Samsung по цена од 37.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=209950

Но од друга страна, Нептун нуди многу повеќе алтернативи од LG, еве еден добар 42 инчен LG по цена од 32.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346

А ги има и многу поевтини модели, доколку се откажам од 3D сликата и од стапката на освежување на сликата од 500 херца, по цена од 28.999 денари го добивам овој 42 инчен LG телевизор.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210770

Чисто за потсетување, ова е актуелната понуда на Нептун, не земајќи ги во предвид понудите на останатите ланци за продажба на електрични уреди. Можеш да кажеш дека Нептун го игнорираат Samsung, или да кажеш дека моментално немаат на лагер други модели од Samsung, но останува фактот дека кога јас утре би купувал нов LCD телевизор од Нептун, дефинитивно би одбрал еден од двата телевизора на LG, наместо поскапиот телевизор од Samsung. Но и покрај тоа што би ги одбрал повторно LG, сепак не би ги поштедил од негативни критики доколку и кај новиот телевизор се појави некој проблем кој го имам и кај другите 2 телевизора или кај некои други телевизори од LG.

А за Quart те молам не ги спомнувај, јас нив никогаш не сум ги ни сметал за бренд и никогаш не би ги споредувал LG со Quart. Но уште еднаш да повторам, сепак тоа не значи дека ќе ги поштедам LG или било кој друг бренд, од негативни критики, бидејќи имам право да го критикувам производот за кој сум дал пари.

И уште еднаш, со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава.

Некако ми се чини дека Sony се најдобри. Многу мои пријатели кои имаат Sony Bravia се презадоволни. Немој да ме разбереш погрешно, не мислам дека LG, Philips, Samsung се тапа, но некако мислам дека Sony имаат најдобри телевизори...
Не се баш најдобри, но дефинитивно се меѓу најскапите. Но слабо им оди бизнисот на Сони, размислуваат да го продадат својот оддел за дизајн, развој и производство на телевизори.
 
Последно уредено:

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.533
Поени од реакции
2.904
Многу едноставно, ако свети - работи, ако не свети - не работи.

Овој метод функционира со било кој телефон со било која и било каква камера.

Па не баш, не се баш секојдневни модели, токму напротив - и двата телевизора ги имаше во многу ограничени количини кога излегоа во продажба и многу тешко можеа да се најдат.

Ти се жалиш дека и кај тебе послабо работат копчињата за јачината на гласот, па што ?

Твојот проблем си е твој проблем, доколку сакаш, можеш да го споделиш на форумов, или ако не сакаш, не ни мораш.

Мојот проблем си е мој проблем и јас одлучив да го споделам на форумов, бидејќи 2 различни модела на телевизори со ист технички проблем веќе говорат за дефектен шаблон кој се повторува, а за кој јас лично се надевам и посакувам да не се повторува понатаму кај останатите телевизори на LG.

Јас користам LG цел живот, од 1980-те години кога постоеја како Goldstar, па се до денешен ден кога постојат како Lucky Goldstar, односно LG, и претежно сум задоволен од нивниот квалитет. Но тоа не значи дека ќе ги поштедам од негативни критики доколку се соочам со едни исти технички проблеми кои се повторуваат кај 2 или повеќе различни електрични уреди од истиот производител.

Конкретно во твојот случај, доколку проблемот се појавува само кај 2 копчиња, а не кај сите копчиња на далечинскиот управувач, добредојден си да го отвориш и да ги исчистиш далечинскиот управувач и копчињата со чист алкохол - обрни внимание, со чист алкохол, а не со WD40 или не знам кои други средства кои ги има насекаде во продажба. Доколку проблемот не се реши со чистењето на далечинскиот управувач и на копчињата, бркај си ја среќата на Бит Пазар или на друго место каде што продаваат далечински управувачи, но обрни внимание новиот далечински управувач да биде ист како и оригиналниот кој го користиш.

Инаку, јас имам и универзален далечински управувач и со него немам никакви проблеми на други електрични уреди, со исклучок на овие 2 LCD телевизора од LG, што повеќе од доволно говори дека проблемот не е во далечинските управувачи, туку во самите телевизори.

И кога веќе говориш за квалитет и трајност, јас имам и постар LCD телевизор од Samsung во друг стан, кој за разлика од овие другиве 2 LCD телевизора од LG, не е посебен модел, туку е баш секојдневен модел и тоа еден од поевтините, но со него немам никакви проблеми до денешен ден.

И како што веќе спомнав, немам ништо против LG, но секогаш сум повеќе од расположен за објавување на негативни критики кон било кој бренд во чии што производи се повторува еден ист шаблон на дефекти.

Со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава, добар распоред си направил. Јас прво би погледнал што ми нудат Samsung, па ако се премногу скапи, ќе видам каква алтернатива ми нудат LG.

Еве врз што ги темелам моите ставови дека Samsung се поскапи од LG. Но тука морам да ти потенцирам дека ваквата споредба ја направив само во Нептун, а не и во останатите ланци за продажба на електрични уреди. Главен услов ми е телевизорот да е со големина од 40 инчи или повеќе, со Edge LED, со безжична мрежна картица - иако и жична Ethernet порта би била задоволителна за моите потреби, со SMART TV и со DVB-T, DVB-C и DVB-S декодер.

И еве што нуди Нептун од Samsung, 40 инчен Samsung по цена од 37.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=209950

Но од друга страна, Нептун нуди многу повеќе алтернативи од LG, еве еден добар 42 инчен LG по цена од 32.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346

А ги има и многу поевтини модели, доколку се откажам од 3D сликата и од стапката на освежување на сликата од 500 херца, по цена од 28.999 денари го добивам овој 42 инчен LG телевизор.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210770

Чисто за потсетување, ова е актуелната понуда на Нептун, не земајќи ги во предвид понудите на останатите ланци за продажба на електрични уреди. Можеш да кажеш дека Нептун го игнорираат Samsung, или да кажеш дека моментално немаат на лагер други модели од Samsung, но останува фактот дека кога јас утре би купувал нов LCD телевизор од Нептун, дефинитивно би одбрал еден од двата телевизора на LG, наместо поскапиот телевизор од Samsung. Но и покрај тоа што би ги одбрал повторно LG, сепак не би ги поштедил од негативни критики доколку и кај новиот телевизор се појави некој проблем кој го имам и кај другите 2 телевизора или кај некои други телевизори од LG.

А за Quart те молам не ги спомнувај, јас нив никогаш не сум ги ни сметал за бренд и никогаш не би ги споредувал LG со Quart. Но уште еднаш да повторам, сепак тоа не значи дека ќе ги поштедам LG или било кој друг бренд, од негативни критики, бидејќи имам право да го критикувам производот за кој сум дал пари.

И уште еднаш, со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава.

Не се баш најдобри, но дефинитивно се меѓу најскапите. Но слабо им оди бизнисот на Сони, размислуваат да го продадат својот оддел за дизајн, развој и производство на телевизори.
Без навреда само :) - која е причината поради која Sony не се најдобри? Кажи подетално за брендовиве, пошто веќе имам 1 CRT кандидат за во канта. :D :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
Без навреда само :) - која е причината поради која Sony не се најдобри? Кажи подетално за брендовиве, пошто веќе имам 1 CRT кандидат за во канта. :D :)
Сакаш да кажеш, обичен телевизор од Сони ?

Да не е по можност со Тринитрон екран ?

Доколку е, тогаш повеќе од јасен е неговиот статус на кандидат за во канта, бидејќи Тринитронот беше направен за да умре после максимум 10 години. И баба ми има таков кандидат за во канта од Сони, стар веќе 13 години, сликата е матна и му нема спас, прашање на време е кога ќе заврши во канта.

Мојот заклучок дека Сони сепак не се најдобри, произлегува од тоа што ми го говорат многумина продавачи и сервисери на електрични уреди, над 90% од сите нив се едногласни - телевизорите на Сони не чинат - тоа се нивни зборови, а не мои.

Не знам дали да го повлечам коментарот дека се меѓу најскапите, бидејќи баш сега во моментов не се меѓу најскапите, но вообичаено се меѓу најскапите.

Еве 32 инчен, 40 инчен и 42 инчен модел во Пан Европа, сите се добри, а и цените им се задоволителни - засега, а дали ќе продолжи ваквиот тренд или не, допрва ќе видиме, бидејќи ваквите задоволителни цени се реткост кај телевизорите на Сони.

http://www.panevropa.com.mk/sony-tv-proizvod/kdl-32r500c

http://www.panevropa.com.mk/sony-tv-proizvod/kdl-40r550c-5-godini-garancija

http://www.panevropa.com.mk/sony-tv-proizvod/kdl-42w705b

Сите модели кои ги спомнав се со Edge LED осветлување, сите се со Full HD резолуција, сите се со безжична мрежна картица и сите се со SMART TV.

Но само последниот, 42 инчниот модел доаѓа со DVB-T, DVB-C и DVB-S декодер, додека останатите 2 телевизора доаѓаат само со DVB-T/T2 декодер. DVB-S декодерот и не е толку важен фактор бидејќи кај нас во Македонија ретко кој гледа сателитска телевизија директно преку телевизорот бидејќи речиси сите кои гледаат сателитска телевизија, гледаат преку сателитски рисивер.

Но DVB-C декодерот е важен фактор, бидејќи залудно ќе го купиш 32 инчниот или 40 инчниот модел бидејќи и за едниот и за другиот ќе ти треба кабелски рисивер за да гледаш дигитални ТВ канали, односно нема да можеш да гледаш дигитални ТВ канали со кабелски CA модул на било кој од тие 2 модела без разлика која кабелска телевизија ја користиш - Близо, Телекабел или било која друга.

За волја на вистината, за дигиталните ТВ канали на Телекабел не ти треба кабелски CA модул, туку само за каналите за возрасни, но сепак ти е потребен или телевизор со сопствен DVB-C декодер, или кабелски рисивер со сопствен DVB-C декодер, а 32 инчниот и 40 инчниот телевизор од Сони кои ги спомнав не доаѓаат со DVB-C декодер, што значи дека сепак ќе мораш да користиш кабелски рисивер за да гледаш дигитални ТВ канали на било кој од тие 2 телевизора.

Но не знам дали се веродостојни цените на веб сајтот, бидејќи во ценовникот на Пан Европа од мај 2015 телевизорите се поскапи, освен ако во меѓувреме Пан Европа ги поевтиниле телевизорите, па затоа треба да чекаме да објават нов ценовник за јуни 2015.

http://www.panevropa.com.mk/sites/default/files/sony_maj_2015_web.pdf

Но како и да е, јас лично ти предлагам да ги земеш и LG во предвид како алтернатива, бидејќи и тие нудат добри LCD телевизори, како што се тие кои ги спомнав во пост #3721, кој ти го цитираше.
 
Последно уредено:

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.955
Поени од реакции
7.074
@Dexter26 е така, се разбираме (y) Да не знаеш дали ќе излезат некои нови модели од LG или Samsung до крајов на годинава? Sony и Panasonic ми се привлечни само поради гаранцијата, али секако Sony дека се поскапи, затоа и LG пак ми се прв избор, па после Samsung, па можда Panasonic и на крај Sony. Мислам дека најголема дилема нема да ми биде марката туку големината, а тоа ќе биде избор помеѓу 42 и 47 инчи, а не е мала разлика. Штета што нема измеѓу големина :LOL:.
 
Вообичаено напролет и наесен, онака за пред летните одмори и пред зимата и новогодишните и Божиќните празници.

На мене Панасоник ми испаднаа најнепознат бренд, бидејќи многу ретко гледам нивни производи низ продавниците изминативе 2 и повеќе години.

А пред 15 години во секоја продавница за електрични уреди вриеше од производи на Панасоник.

Треба одблиску да ги набљудуваме Нептун, Техномаркет и Агротехна.

Досега кога ќе отидев во продавница на некој локален дилер со електрични уреди, увозник на производите беше или Нептун или Техномаркет, но гледам во последно време на некои декларации пишува дека увозник е Агротехна, што значи дека и нивните понуди треба да ги земеме во предвид.
 
Последно уредено:

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.545
Има нови модели од сите компании, уште ги нема претежно во МК. И фул хд моделите на скоро сите се полоши од ланските.
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Panasonic as640 го купи братучедот за во викендица.Лудило од телевизор

http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67431

За парите а богами и повеќе број 1 моментално кај нас.При секој момент се забележува квалитетот на моделот.Се има чувство дека се работи за врвен квалитет и тоа чувство те води постојано.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.545
Panasonic as640 го купи братучедот за во викендица.Лудило од телевизор

http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67431

За парите а богами и повеќе број 1 моментално кај нас.При секој момент се забележува квалитетот на моделот.Се има чувство дека се работи за врвен квалитет и тоа чувство те води постојано.
Многу лоша смарт платформа имаа/т, 2015 моделите имаат Firefox OS
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
Многу лоша смарт платформа имаа/т, 2015 моделите имаат Firefox OS
Незнам stealth.Јас сум презадоволен.Планирам и мојот да го менувам.
НЕ да е брзо чудово,немам зборови.Песна на youtube za 5 sekundi ја полни.
Лаг низ менито нема воопшто.Едноставно да му е мерак човек да го работи.
 
JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.533
Поени од реакции
2.904
Panasonic as640 го купи братучедот за во викендица.Лудило од телевизор

http://setec.mk/Tv-Audio-Video/ТV's/LED-TVs?product_id=67431

За парите а богами и повеќе број 1 моментално кај нас.При секој момент се забележува квалитетот на моделот.Се има чувство дека се работи за врвен квалитет и тоа чувство те води постојано.
1000+ херци за 30к??? Ваков Samsung/LG/Sony не би бил под 100к сигурно. :D
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.666
Поени од реакции
14.545
Не е 1000, туку 100 реални. Тие 1000 се компаниски трик, исто како и сите други
 
Член од
15 март 2013
Мислења
955
Поени од реакции
620
1000+ херци за 30к??? Ваков Samsung/LG/Sony не би бил под 100к сигурно. :D
Незнам колку и какви се бројќиве ама јас речиси никогаш не ги гледам.Исто како и мегапикселиве кај камерите на телефоните.
Она што можам да кажам за телевизорот е неверојатно нешто.Слика одлична,мени и интернет отвара како луд.Телевизоров за овие 25-30 дена е авион.Го гледал и еден дечко што работи во видео дата.Вели фрлам и јас самсунгот и се пребацувам на панасоник и тоа ваков.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.061
Поени од реакции
12.608
1000+ херци за 30к??? Ваков Samsung/LG/Sony не би бил под 100к сигурно. :D
Според ова оценување на телевизорот, во декември 2014 се продавал во Велика Британија по цена од 399 британски фунти, а тоа се околу 551 евро = 34.000 денари. Но ова е нова цена, претходната била повисока, по што следувало намалување на цените од страна на Панасоник.

Според ова и според наредното оценување на телевизорот, 3D сликата не е во HD резолуција, што можеби ја оправдува не многу високата цена.

http://www.trustedreviews.com/panasonic-tx-40as640-review

Pros

  • Great price
  • Good 2D picture quality
  • Attractive design
Cons

  • 3D is terrible
  • Inconsistent lag may affect gaming slightly
  • Pictures aren't very bright

Scores In Detail
2D Quality 8/10

3D Quality 5/10

Design 9/10

Features 8/10

Smart TV 9/10

Sound Quality 8/10

Value 9/10

Според ова постаро оценување на телевизорот, во јуни 2014 се продавал во Велика Британија по цена од 750 британски фунти, а тоа се околу 1035 евра = 63.755 денари.

http://www.hdtvtest.co.uk/news/tx40as640b-201406183815.htm
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
помош колеги :)

ми рикна ТВто вчера...снема струја и кога дојде, несака да работи. Мајсторот вика штета е 100 евра, значи не се исплати да се поправа Ч( ... РИП Самсунг, купен пред 6 год. 32 инча ЛЦД. :) 20.000 денари тогаш го купив, иако беа по 25.000, го начекав на попуст...

сега сакам/морам да купам нов ТВ, па се мислам што-како, и викам најдобро е да ве консултирам вас поупатените :)

значи барам ЛЦД/ЛЕД ТВ, големина 32 или 40 инчи ( не поголем )....собата ми е тесна, се мислам ако земам 40ка да не е премногу блиску до гарнитурата, плус имам мало бебе кое гледа цртани па да не му влијае лошо на видот. Пред малку добив информација дека тоа немало врска со новиве ТВ-а, и дека е битно колку херзи е екранот? Хелп и за ова, и ако може некој да ми даде линк од некој добар ТВ 32/40 од 25-32 илјади денари....може и нешто поскап, ако вреди за парите :)

знаци да е смарт ТВ, да можам од јутуб да пуѓтам цртани на малиот, може а немора 3Д да е...да има скарт за 3Макс, ХДМИ, УСБ....основно значи/

гледам у Нептун акцијата трае до денес, па ако може брза реакција од некој од вас.

фала однапред

поздрав,[DOUBLEPOST=1434104289][/DOUBLEPOST]еве овие ги гледам, на акција со попуст:

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=214916

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=215056

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=215020

https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&product_id=215015

ајде да видиме кој од овие понудени е најдобар :)

цените се отприлика тука некаде, само перформансите се различни.

едниот е Ултра ХД 4К, дали има голема разлика до фул ХД?

фала.
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2011
Мислења
1.565
Поени од реакции
926
што и да одбереш нема да згрешиш
 
Kajgana Shop

На врв Bottom