Како за почеток, треба да знаеш дека аналогните канали од 2014 се исклучени, све е дигитализирано, така да, аналогна Шител нема да најдеш никад...А зошто не ти ја наоѓа со DVB-C не знам
, тука би требало да ја покаже...
За да ти ги најде дигиталните канали треба да приклучиш антена,(внатрешна или надворешна, зависи каде живееш) и после тоа да почнеш со пребарување канали. Ќе ти ги најде сите канали што ги нуди боом тв, ама ќе ти бидат заклучени
(ти треба CA-Module за да ги гледаш), може да гледаш само МТВ1, МТВ2 и собраниски, обичните и HD.
Ама штом си на телекабел, не ти треба ништо друго, ни боом, ни антена, ни Шител...
Од 2014 година се исклучени терестријалните аналогни канали, но аналогните канали кај кабелските телевизии и понатаму се во функција, барем кај Близо и кај Телекабел, а несомнено и кај сите останати кабелски телевизии низ Македонија.
За гледање на кабелски аналогни канали не е потребен никаков декодер, бидејќи и телевизор од пред 30 години одлично ќе го прими сигналот од кабелската телевизија и ќе ги прикаже кабелските аналогни канали без никакви проблеми и без потреба од DVB-T рисивер.
За декодирање на терестријалните дигитални канали потребен е DVB-T декодер, а не DVB-C декодер. DVB-C декодерот е наменет за кабелските дигитални канали кај кабелските телевизии.
Или со други зборови кажано, доколку телевизорот има само DVB-C декодер, но нема DVB-T декодер, тогаш ништо нема да фати со собна антена или со надворешна антена.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346 ти го препорачувам 31300 со таа нептун картица го зедов екстра е, го користам неколку недели, додуша само усб серии филмови и иптв-то и екстра е.
LG од секогаш биле поевтини и квалитетни, но прашањето е со колкав рок на траење ?
Ги имам 2 LCD телевизора од LG, и двата имаат проблеми со сензорите за примање команди од далечинскиот управувач и не одговараат брзо на командите.
Едниот телевизор цркна после 6 години користење и морав да го однесам кај професионален електричар, бидејќи знам дека во Видео Дата ќе ме опљачкаат, а можеби и нема трајно да го решат проблемот. А вака, овој дечково кај кого го однесов телевизорот, ми го поправи телевизорот за 1000 денари, а бидејќи и јас се разбирам по малку од цените на електричните компоненти, можам да потврдам дека најголемиот дел од цената за поправката се однесуваше претежно на новите делови кои дечкото мораше да ги купи за да го поправи телевизорот.
Ги чистам редовно далечинските управувачи, а и преку камера на мобилен телефон лесно може да се провери дали се исправни далечинските управувачи и можам да потврдам дека се исправни. Имам прочитано на Интернет дека за жал, добар дел од телевизорите на LG го имаат овој ист проблем - со текот на годините, сензорот за примање команди од далечинскиот управувач почнува да функционира неисправно, делумно поради прашината која ја има примено низ годините, а делумно и поради отежнат контакт со матичната плоча бидејќи почнуваат да оксидираат жичките или пиновите кои го поврзуваат сензорот со матичната плоча.
Но како и да е, кога би купувал нов телевизор, би им дал последна шанса на LG, но ако и на тој телевизор после 4 или 5 години почне да му функционира неисправно сензорот за примање команди од далечинскиот управувач, тогаш дефинитивно ќе ги отпишам LG.
Се знае кој бренд е синоним за највисок квалитет кај телевизори - Samsung, ама тие се ептен скапи, а LG вешто го искористуваат ова во своја корист. И двете компании се од Јужна Кореја, но додека Samsung продава скапо, LG возвраќа со ниски цени и квалитет чиј што рок на траење не е баш загарантиран.