- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.061
- Поени од реакции
- 12.608
Многу едноставно, ако свети - работи, ако не свети - не работи.Како преку камера на мобилен?
Овој метод функционира со било кој телефон со било која и било каква камера.
Па не баш, не се баш секојдневни модели, токму напротив - и двата телевизора ги имаше во многу ограничени количини кога излегоа во продажба и многу тешко можеа да се најдат.Како заклучи дека Самсунг се ептен скапи а LG се ефтини? Слични модели имаат слични цени, можда со 500-1000 ден поскап е Самсунг ама сигурно не е 100 евра. Ги израмни LG со Quart ебаго. Мислам дека не си во право. Па 6 години ти се одлична трајност на еден модерен технички уред. И што ти се расипало, нешто за 1000 ден? Па електроника е, се загрева кога работи, си имаат компонентите век на траење, колку сакаш ти да трае, а си зел мејнстрим модел кој има 2 години гаранција и тек на 6-та година ти се јавил некој мал дефект кој е 1:30 од цената на телевизорот. Си го поправил и тераш понатаму, не ти цркна екранот или плочата или процесорот. Samsung и LG ти се горе-долу исти фирми, едино што Самсунг направи бум со смартфоните па на тоа поле е нешто понапред но и двете се со сличен квалитет на производите кој е стандард денес во светот за електроника. И двете сами си произведуваат екрани и останат хардвер и софвтвер за своите тв и може со гаранција да бидеш сигурен дека тоа се 100% нивни, корејски производи. Башка што уште еден куп помали компании купуваат компоненти од нив. Тоа ги прави и двете компании џинови во нивното поле на индустријата.
Двете компании се мотор на корејската економија и нема шанса едните или другите да си дозволат да кикснат во тоа што најдобро го работат затоа што тие држат најголем дел од пазарот и имаат стекната доверба кај клиентите.
Еве и кај мене послабо работат копчињата за јачината на гласот па што? Само заради една ситница ќе се жалам дека LG не чинат? Сега крајот на годинава ќе купувам пак тв и пак во предност би ми биле LG па Samsung, па можда и Sony/Panasonic поради 5-годишната гаранција.
Ти се жалиш дека и кај тебе послабо работат копчињата за јачината на гласот, па што ?
Твојот проблем си е твој проблем, доколку сакаш, можеш да го споделиш на форумов, или ако не сакаш, не ни мораш.
Мојот проблем си е мој проблем и јас одлучив да го споделам на форумов, бидејќи 2 различни модела на телевизори со ист технички проблем веќе говорат за дефектен шаблон кој се повторува, а за кој јас лично се надевам и посакувам да не се повторува понатаму кај останатите телевизори на LG.
Јас користам LG цел живот, од 1980-те години кога постоеа како Goldstar, па се до денешен ден кога постојат како Lucky Goldstar, односно LG, и претежно сум задоволен од нивниот квалитет. Но тоа не значи дека ќе ги поштедам од негативни критики доколку се соочам со едни исти технички проблеми кои се повторуваат кај 2 или повеќе различни електрични уреди од истиот производител.
Конкретно во твојот случај, доколку проблемот се појавува само кај 2 копчиња, а не кај сите копчиња на далечинскиот управувач, добредојден си да го отвориш и да ги исчистиш далечинскиот управувач и копчињата со чист алкохол - обрни внимание, со чист алкохол, а не со WD40 или не знам кои други средства кои ги има насекаде во продажба. Доколку проблемот не се реши со чистењето на далечинскиот управувач и на копчињата, барај си ја среќата на Бит Пазар или на друго место каде што продаваат далечински управувачи, но обрни внимание новиот далечински управувач да биде ист како и оригиналниот кој го користиш.
Инаку, јас имам и универзален далечински управувач и со него немам никакви проблеми на други електрични уреди, со исклучок на овие 2 LCD телевизора од LG, што повеќе од доволно говори дека проблемот не е во далечинските управувачи, туку во самите телевизори.
И кога веќе говориш за квалитет и трајност, јас имам и постар LCD телевизор од Samsung во друг стан, кој за разлика од овие другиве 2 LCD телевизора од LG, не е посебен модел, туку е баш секојдневен модел и тоа еден од поевтините, но со него немам никакви проблеми до денешен ден.
И како што веќе спомнав, немам ништо против LG, но секогаш сум повеќе од расположен за објавување на негативни критики кон било кој бренд во чии што производи се повторува еден ист шаблон на дефекти.
Со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава, добар распоред си направил. Јас прво би погледнал што ми нудат Samsung, па ако се премногу скапи, ќе видам каква алтернатива ми нудат LG.
Еве врз што ги темелам моите ставови дека Samsung се поскапи од LG. Но тука морам да ти потенцирам дека ваквата споредба ја направив само во Нептун, а не и во останатите ланци за продажба на електрични уреди. Главен услов ми е телевизорот да е со големина од 40 инчи или повеќе, со Edge LED осветлување, со безжична мрежна картица - иако и жична Ethernet порта би била задоволителна за моите потреби, со SMART TV и со DVB-T, DVB-C и DVB-S декодер.
И еве што нуди Нептун од Samsung, 40 инчен Samsung по цена од 37.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=209950
Но од друга страна, Нептун нуди многу повеќе алтернативи од LG, еве еден добар 42 инчен LG по цена од 32.999 денари.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210346
А ги има и многу поевтини модели, доколку се откажам од 3D сликата и од стапката на освежување на сликата од 500 херца, по цена од 28.999 денари го добивам овој 42 инчен LG телевизор.
https://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=1_174_173&product_id=210770
Чисто за потсетување, ова е актуелната понуда на Нептун, не земајќи ги во предвид понудите на останатите ланци за продажба на електрични уреди. Можеш да кажеш дека Нептун го игнорираат Samsung, или да кажеш дека моментално немаат на лагер други модели од Samsung, но останува фактот дека кога јас утре би купувал нов LCD телевизор од Нептун, дефинитивно би одбрал еден од двата телевизора на LG, наместо поскапиот телевизор од Samsung. Но и покрај тоа што би ги одбрал повторно LG, сепак не би ги поштедил од негативни критики доколку и кај новиот телевизор се појави некој проблем кој го имам и кај другите 2 телевизора или кај некои други телевизори од LG.
А за Quart те молам не ги спомнувај, јас нив никогаш не сум ги ни сметал за бренд и никогаш не би ги споредувал LG со Quart. Но уште еднаш да повторам, сепак тоа не значи дека ќе ги поштедам LG или било кој друг бренд, од негативни критики, бидејќи имам право да го критикувам производот за кој сум дал пари.
И уште еднаш, со среќа купувањето нов телевизор до крајот на годинава.
Не се баш најдобри, но дефинитивно се меѓу најскапите. Но слабо им оди бизнисот на Сони, размислуваат да го продадат својот оддел за дизајн, развој и производство на телевизори.Некако ми се чини дека Sony се најдобри. Многу мои пријатели кои имаат Sony Bravia се презадоволни. Немој да ме разбереш погрешно, не мислам дека LG, Philips, Samsung се тапа, но некако мислам дека Sony имаат најдобри телевизори...
Последно уредено: