Ок, да не бидеме преметафорични, туку малку поконкретни за да се разбереме,важи?:smir:
Конкретно за мене...Ладнокрвна сум. Ужас циркулација, нон-стоп ладни раце, ни на 40 степени не ми е доволно топло, и така

Озбилно, сум ладнокрвна личност. Не во смисол претерано смирена, или флегматична, туку во смисол на разум кој по потреба и целосно ми ги блокира емоциите.
Знам да симулирам еуфорија и страст но, ретко кога ги чувствувам вистински. Повеќе е свесно решение и одлука, лишена од импулсивност. Многу се ретки моментите кога навистина емоциите ме понесуваат или владеат со мене. Тоа може да го направи само инстиктот и нагонот во одредени ситуации.
Всушност, сум емотивно блокирана личност. Тоа во некои случаи е итекако корисно и ми дава предност но, кога се работи за интимниот живот сериозно ме осакатува и ме става во голем минус. Да не споменувам дека така освен себе, ги повредувам и најблиските луѓе.
Не бев таква до пред неколку години. Но, се случија низа на настани, кои толку силно ме повредија, па со цел да си ја отупам болката, решив емотивно да се отупам. Сакав тоа да биде привремено. Но, испадна дека ми е преминато во шаблон на однесување од кој не можам да се ослободам (или не сакам, сеедно). Нормално, ова го знам после временска дистанца од неколку години. На почетокот се се одвиваше несвесно.
За крај, колку што е погубна претраната емотивност, толку е и ладнокрвноста. Те лишува од убавината на спонтаноста, приврзаноста, љубовта...од сите оние топли човечки нешта кои живот значат. Го тврдам ова, затоа што истото ме треска од земја веќе 4-та година.
Мала е границата помеѓу рационална, здрава прибраност и зомби без емоции.