Ладнокрвност

  • Креатор на темата Креатор на темата Goddess of Chaos
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓето такви се раѓаат, тоа е како талент.
Можеш да се обидеш да ја изглумиш претставата, но ако не ти е вродена способност, сите ќе знаат дека само си глумел.

Чести се глумците а ретки се абсорбирачите на перцепцијата
што истовремено умешно и објективно ја користат исправната методологија на толкувањето.
 
~*~

Чести се глумците а ретки се абсорбирачите на перцепцијата
што истовремено умешно и објективно ја користат исправната методологија на толкувањето.

Најчесто токму тие што дошле да ја гледаат преставата се тие кои што имаат објективна перцепција.
 
Чести се глумците а ретки се абсорбирачите на перцепцијата
што истовремено умешно и објективно ја користат исправната методологија на толкувањето.
Сусаро тоа е хороскопска привилегија и клетва истовремено.
 
Ок, да не бидеме преметафорични, туку малку поконкретни за да се разбереме,важи?:smir:

Конкретно за мене...Ладнокрвна сум. Ужас циркулација, нон-стоп ладни раце, ни на 40 степени не ми е доволно топло, и така:pipi:
Озбилно, сум ладнокрвна личност. Не во смисол претерано смирена, или флегматична, туку во смисол на разум кој по потреба и целосно ми ги блокира емоциите.
Знам да симулирам еуфорија и страст но, ретко кога ги чувствувам вистински. Повеќе е свесно решение и одлука, лишена од импулсивност. Многу се ретки моментите кога навистина емоциите ме понесуваат или владеат со мене. Тоа може да го направи само инстиктот и нагонот во одредени ситуации.
Всушност, сум емотивно блокирана личност. Тоа во некои случаи е итекако корисно и ми дава предност но, кога се работи за интимниот живот сериозно ме осакатува и ме става во голем минус. Да не споменувам дека така освен себе, ги повредувам и најблиските луѓе.
Не бев таква до пред неколку години. Но, се случија низа на настани, кои толку силно ме повредија, па со цел да си ја отупам болката, решив емотивно да се отупам. Сакав тоа да биде привремено. Но, испадна дека ми е преминато во шаблон на однесување од кој не можам да се ослободам (или не сакам, сеедно). Нормално, ова го знам после временска дистанца од неколку години. На почетокот се се одвиваше несвесно.
За крај, колку што е погубна претраната емотивност, толку е и ладнокрвноста. Те лишува од убавината на спонтаноста, приврзаноста, љубовта...од сите оние топли човечки нешта кои живот значат. Го тврдам ова, затоа што истото ме треска од земја веќе 4-та година.
Мала е границата помеѓу рационална, здрава прибраност и зомби без емоции.
 
Јас скоро и да не знам што е тоа ладнокрвност и се нервирам поради тоа.Многу често покажувам емоции,и кога треба и кога не треба.Се трудам во дадени моменти да бидам ладнокрвна ама џабе,ако не ти е вродено со сила не може.
 
ладнокрвност нели е тоа рамнодусност,не не сум таков искрено секоја работа ја свакам емотивно и одговорно затоа не мозам да бидам ладнокрвен
 
ladnokrvnosta moze da bide i dobles i mana, no mnogu luge ja koristat kako fasada za da go skrijat svojot svet ne zatoa sto se sramat od nego tuku vo nego vnesuvaat samo specijalni osobi ( moe mislenje nemora da se soglasat site:))
 
Има случаи сум премногу ладнокрвна а и ладнокрвно одговарам..Шо знам.. не сум некоја која е премногу емотивна... едноставно се ми е исто без разлика шо се случило..работите ги прифакам смирено ко да не се...Не сакам да бидам таква.. сакам и јас да имам и да покажам малку жал ама не бива.. зар треба да глумам?
 
Не, не е.
Да бидеш ладнокрвен и дистанциран, не значи да бидеш и рамнодушен.
:uvo:

Баш на тоа мислам.
Не си рамнодушен, собираш во себе, ама веќе си заборавил како да се испушта тоа.
 
~*~

Баш на тоа мислам.
Не си рамнодушен, собираш во себе, ама веќе си заборавил како да се испушта тоа.

Од лично искуство знам колку се тешки процесите сами по себе, процесот на уништување на емоциите односно нивното потиснување и негирање и потоа кога ќе осамнеме во ладна „рамнодушност“, процесот да ги вратиме назад затоа што без нив не сме живи, туку само мртви души во тела.

Кога ќе доживееш премногу болка на своја кожа, доаѓа процес на опоравување, на патетизирање и депресија, кога фрустрацијата излегува од секоја пора на твоето постоење.На крајот од опоравувањето, се јавува желбата и потребата да престане да боли, тогаш се превземаат радикалните мерки на убивање на се што е живо во нас.
Но секогаш има проблем кога ќе успееме умешно да ги негираме сите емоции во нас, престануваме навистина и да ги чувствуваме.

Јас можев да зборувам за нив со часови, да ги обојам во сите бои познати, но навистина да ги имам во себе беше тешкиот дел.Почнаа да ми фалат, почна да станува тешко, кога некој се смее или плаче, а ти си тука, го држиш за рака и разбираш дека не можеш да го разбереш.Тоа е болка која колку и да сакаш не можеш да ја елминираш.Си престанал да постоиш иако си тука.

Потоа да ги вратиш е многу тешко, но со многу труд, постепено, кога ќе се прифати фактот дека е човечки да се греши и да боли, работите се менуваат, а раната која што не се крие полесно зараснува.

Сега, после се, би убила некој да ми ги земе емоциите кои што јас сама ги убивав до пред неколку години, затоа што не ми останува ништо друго освен чувствувањето.Тоа е она, што човекот може да го воскресене или уништи, кога си заглавен на средината, тогаш си го населил пеколот.
Полошо од тоа да чувствуваш болка е да не чувствуваш ништо!
 
Полошо од тоа да чувствуваш болка е да не чувствуваш ништо!
Преубаво кажано, иако целиот лирски текст беше прекрасен ја цитирав оваа реченица како заклучна и навистина е така.
Ако не чувствуваш ништо или чувствуваш минимално ти си нешто како половина човек и тоа е тажно покрај свет околу тебе кој плаче, се смее, се радува или тагува.
На почеток интересно, ти си кул, похрабар човек не си кршлив како останатите. Но со тек на времето си чуден нечовек , без емпатија и не го рзбираш духовното живеење околу тебе и тоа започнува да ти пречи до степен до кој си неспособен за комуникација во која се бара некаков импулс некакво чувство или некакво емотивно препознавње, и тоа те први осамен/а.
 
zosto konecno nekoj ne go definira poimot ladnokrvnost

Сине ова е подфорум филозофија. Да имаше дефиниција за било што ќе се изучуваше во склоп на ПМФ.
 
За некои работи можам да бидам ептен ладнокрвен. За некои одма касам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom