Ладнокрвност

  • Креатор на темата Креатор на темата Goddess of Chaos
  • Време на започнување Време на започнување
Болка -> ладнокрвност -> отуѓеност и индиферентност (депресија и затворање очи и пред неправди и пред се`) -> чисто физичка егзистенција на човекот, кого чувствата го прават човек, човечен.

Не би рекол затварање очи пред неправди и остало во тој контекст.
Повеќе како учење да се живее со истите.
Јас таа индиферентност ја земам како синоним за неутралност.
И, не секогаш чуствата не прават човек. Со разни класификации, разни чуства, нагони, етц не прават, пример, животни. :D
 
ladnokrvnost da, samo ne glumenje i izvodenje
tuku samo glavata gore, ispraveno i cvrsto!
toa e stav na odlucnost i svesnost koj i istocnjacite go cenat, lotos meditacija tie raboti
na krajot na kraistata treba da bides samo ona sto si
 
Срцебиење вдишување и издишување, донесување на одлука во дел од секунда без никаква емоција на лице, нема вознемиреност, нема страв, нема гнев, нема лутина нема ништо само забавување на времето и јас и одлуката. Некои велат дека е вродено нешто, некои велат дека е од искуство мое лично мислење е помалку од двете тоа е најдобриот одговор, не мислам дека е наследно или така нешто затоа што го немаат луѓево околу мене, исто така не верувам дека е судбински зацртано иако вроденоста и искуството магично имаат вмешано прсти некаде помеѓу логиката и мистичноста. Повеќе мистично отколку логично, но сепак човек малку од малку треба логично да го знае тоа за да може да ја контролира таа особина, а не обратно таа особина да го контролира него.
 
Воопшто не сум ладнокрвна.
Имам страдано многу,и пак тааа болка не ме направи ладнокрвна.
Инаку имам така две-три личности,ништо не ги стресува,нема нервоза ни жал,дури ни за најблиските:tapp:
Сум се чудела и усште се чудам кога гледам-како е можно тоа???
 
Воопшто не сум ладнокрвна.
Имам страдано многу,и пак тааа болка не ме направи ладнокрвна.
Инаку имам така две-три личности,ништо не ги стресува,нема нервоза ни жал,дури ни за најблиските:tapp:
Сум се чудела и усште се чудам кога гледам-како е можно тоа???
не е дека не ги стресува туку не го покажуваат тоа... што е полошо... држиш се во себе....
 
Ладнокрвност или апатија?
Хмм..апатија е кога не те допира ништо дури ни сликата на мртво разнесено бебе на телевизија,со тек на време стануваш свесен дека емоционалниот капацитет ти е приближно нула па започнуваш да глумиш емоции колку само да не те наречат бесчуствителен за да не мораш да се расправаш со попувањата на некои факат
Ладнокрвноста е нуспојава на логичко разамислување што можеш да сториш кога некој умира или пак е мртво со плачење и скубење коси ?
Ќе го излечиш или воскреснеш ?не само ти за чабе ќе лупаш глава од ѕид ништо више .
Во основа ладнокрвните луѓе знаат дека со цвилење цмиздрење или избувнување или било контрапродуктивна емоција не иде во корист на никого туку е подобро смирено да ги согледаш работите и смирено да одговориш ништо повеќе или помалце .
Искрено што ви вреди да плачете и да се трескате од ѕид ако ве отпуштат од работа или некој ви умре ?ништо.
Дали ќе смени нешто ?не
сеа тоа што другите обожаваат да морализираат тоа е друга работа демек као не било вака човечно,види да не се лажеме секој има емоции само некои знаат да ги држат под контрола и знаат каде да ги насочата е је би га сестро не е секој ти.
 
Ладнокрвноста е нуспојава на логичко разамислување што можеш да сториш кога некој умира или пак е мртво со плачење и скубење коси ?
Ќе го излечиш или воскреснеш ?не само ти за чабе ќе лупаш глава од ѕид ништо више.

Е така. И уште нешто. Тие плачат и кукаат кога ќе видат нешто тажно и жално. Плачат за бездомници, деца без родители, бегалци, војни, масакри.... А кога треба овие работи да се спречат, нигде ги нема, си свиркаат по улица. Ја плачам и пискам и кукам кога гледам како една несреќна иднина се ствара пред нашите очи. Плачам за сето зло што ќе се случи зошто не сме го спречиле да се случи. Сега е времето за плачење, не одпосле. Отпосле? Дигни глава и гледај напред, нема што повеќе да се направи, тоа е тоа. Прекасно е.
 
Е така. И уште нешто. Тие плачат и кукаат кога ќе видат нешто тажно и жално. Плачат за бездомници, деца без родители, бегалци, војни, масакри.... А кога треба овие работи да се спречат, нигде ги нема, си свиркаат по улица. Ја плачам и пискам и кукам кога гледам како една несреќна иднина се ствара пред нашите очи. Плачам за сето зло што ќе се случи зошто не сме го спречиле да се случи. Сега е времето за плачење, не одпосле. Отпосле? Дигни глава и гледај напред, нема што повеќе да се направи, тоа е тоа. Прекасно е.
Брат чаба е кога ќе размислиш мнозинството ја преферира благословента игнорантност зошто воопшто да му ја мислиш за утре кога денес може да те мавне камион?
Зошто да се откаже некој од некаква удобност за да на мнозинството да им биде подобро или за да нечии деца имаат подобра иднина ?размислување со шупакот е редовна практика од времето на ное ,ако сме размислувале со главата како што треба досега немаше да има историски периоди како црковна инквизиција или ладната војна.
Је би га кога животот е кучка единствено нешто што можеш да сториш е да бидеш ладнокрвен или да пиеш лексилиум :back:
 
Ладнокрвност или апатија?
Хмм..апатија е кога не те допира ништо дури ни сликата на мртво разнесено бебе на телевизија,со тек на време стануваш свесен дека емоционалниот капацитет ти е приближно нула
Многу си ми контардикторна апатија плус стануваш свесен, не одат двете работи заедно, кога човек е на апатија не емногу свесен за себеси, ситуацијата и тие околу него. Друго што не ти е јасно по месинџер :icon_lol:.
 
Ако ја задржиш крвта на ладно ќе добиеш ладна крв, а самиот процес со кој си успеал да ја задржиш крвта ладна се нарекува ладнокрвност. Во сето тоа навидум едноставно кажано, процесот е најсложен. Но за да го изведеш процесот ти треба прилика која ќе ти служи како причина, а процесот ќе ти биде доказ. Лесно е кога приликата е замислена, па процесот многу полесно поминува затоа што филозофирањето лесно ќе ти помогне доказот да ти биде успешен. Но кога приликата која ќе ти се укаже, не по твое барање, туку по некакви си непишани правила сама ќе те предизвика, тогаш процесот низ кој ќе поминеш да докажеш ладнокрвност едноставно е надвор од твоја контрола и едноставно те присилува доказот да ти биде неуспешен. Тогаш борбата за успешност на процесот е долга, макотрпна и на работ на вриење. Тогаш смислата на процесот добива бесмисла. Тогаш емоциите се обидуваат да го расипат целиот процес. Тогаш процесот и веќе не е процес. Тогаш забораваш на процесот и како скаменет се обидуваш да ги држиш очите отворени за барем немо останеш посматрач на неуспешниот процес. На крајот кога ги сумираш резултатите гледаш дека ладнокрвноста е процес кој тешко се изведува, особено кога приликата како причината ти не ја избираш.
 
Јас можам да бидам и многу емотивен и ладнокрвен, се зависи од ситуацијата во која се наоѓам. Ми се случило некој пред мене да се треси од страв или да врие од нервоза и бес, а јас опуштено и смирено да разговарам со него. Тоа е мојата подобра половниа, бидејќи можам да размислувам правилно во моментите кога ми е најпотребно тоа. Кога се работи за љубовта, пријателството и семејството сум сосема друга личност. Зрачам со топлина, и се обидувам да бидам што поприроден со личностите околу мене.:smir: Не сум личност која запаѓа во депресии и кризи, така јас не го гледам животот. Се случувало едноставно да избувнам и сите околу мене да се криви поради нешто што мене не ми е погодено, и до ден денес се каам за таквите постапки. Но, знам дека ќе има уште многу такви моменти...
 
Ладнорвноста е една од најголемите карактеристики на мојот карактер. Од секогаш сум била ладнокрвна,многу ретко да покажам емоции. Еднаш до два пати само ми се има десено да покажам емоции кон некоја личност која ми значи...ептен во некој тесни ситуации.
 
Ладнокрвноста е уште еден од начините личноста да си обезбеди сама на себе штит од нападите на околината. Емоционална отрпнатост, можеби, но само во некои ептен екстремни случаеви. Чист страв, дефинитивно. Луѓето се плашат да ги покажат своите чувства знаејќи дека токму тие им се најслабата точка. А да удриш во нечија најслаба точка значи да започнеш со неговото уништување. Всушност, секој се плаши за себе, за да не биде уништен.
Кај таквиот човек секако дека постои броба помеѓу условно кажано “нормалните“ емоции и ладниот разум. На овие луѓе им е многу потешко да се сосредоточат во одредени ситуации, затоа што емоциите притискаат силно. Полесно е кога некој ќе ти тропне на врата да му отвориш, отколку да пробуваш да ја држиш затворена вратата кога некој многу силно бутка од другата страна.
Обично овие луѓе, колку и да се негира тоа, се луѓе под голем притисок, и од емоциите, и од средината која се обидува да дејствува на нив но и од самите себе, и најчесто, нажалост тоа резултира со секакви психички испади. Нема човек кој пред искрена емоција не би паднал на колена. Макар тоа било и најладниот и најсуровиот човек. Еден ден, кога ќе се собере сè што тој поминал, заштитниот ѕид ќе попушти и ќе го направи уште поранлив за сите оние грабливци кои чекаат да намирисаат свежа крв.
Жртвата е поверјатно да избега со мала гребнатинка отколку со смртна рана. Затоа не ја оправдувам ладнокрвноста. Колку и да навидум личи добра, полека уништува човекот од внатре.
Меч со две острици.
Нажалост, во моето опкружување имав една личност која беше многу ладнокрвна. Секогаш беше тука, но исто како да ја немаше. Жал ми е што морав да го видам пропаѓањето на еден прекрасен човек, кој поради некои трауми од минатото го формирал тој штит на ладнокрвност. Штит кој подоцна беше причината за неговото психичко уништување и понижување.
 
Воопшто не сум ладнокрвна.
Имам страдано многу,и пак тааа болка не ме направи ладнокрвна.

обично викат тие шо страдале мн некако како да отрпнуват на болка ... али ете можи не сум бил во право :toe:


инаку за мене назглед вака делувам ептен ладнокрвно како за ништо да не ми е гајле, комплетно индиферентен, а и сите околу мене мислат така, али само јас си знам шо ми се дешава во глата
 
И повторно се мешаат поими.Ладнркрвност не е исто со бесчуствителност и не е исто со повлеченост.
Како особина ладнокрвноста ме возбудува,создава некое чуство на контрола врз ситуацијата (да потенцирам се работи за ладнокрвност не повлеченост) а истовремено и мистериозност и предизвик.Ладнокрвните личности не се бесчуствителни,само знаат да владат добро со своите емоции што во секој случај е за почит и восхит.Не е неопходно тоа да е штит позади кои се кријат за да не бидат повредени,иако и тоа не е исклучено.Некои луѓе се ладнокрвни природно,без некоја особена цел,некои само тренираат ладнокрвност...
Во секој случај добро е да знаеш да ги совладаш емоциите но уште подобро е и да знаеш кога да ги изразиш (и пред кого).Секоја крајност е нели лоша,па така и оваа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom