Еве вака:
@McLovin,
@Tyler Durden,
@Van4e и другар ми
@Scirea ќе одморат од темава 7 дена, и ќе добијат по 5 казнени поени.
Од сега па натаму поинаку ќе играме. За отворени испади на расизам ќе се добиваат казнени поени и банови. Вашите мислења и политички погледи и светогледи си се ваши. Тоа не е моја работа. Но на подфорумов очекувам некое минимално ниво на дискусија. Форумов не го читаме само ние, го читаат и други луѓе, млади луѓе, кои ако ја читаа темава вчера видоа изливи на расизам и примитивно однесување без никаква контрола.
Да, фудбалот не би бил фудбал без закачки и без препукувања. Нити можам нити сакам да интервенирам за секакви мали вулгарности. Ако сте умешни да го спакувате таквиот речник во некаков контекст на прозивки и шеги, и останете на пристојна дистанца од простаклук, не е проблем. Но зла крв и кочијашко пцуење, за тоа имате пораки, ако ви прави ќеф.
Ова не е предмет на дискусија, како што спомнав и порано, имате администрација да се жалите, тие можат да ја сменат секоја моја одлука ако мислат дека така треба. Јас немам намера да се објаснувам во врска со ова.
Темава ви ја отворам, продолжете.