La Liga Santander 2016/2023

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
5 март 2018
Мислења
16.969
Поени од реакции
19.318
Не дека играат на секој 3 дена и не дека Гризман ги стартуваше предходните па и минатата 90 минути ги изигра ама ај. Се глеа од километар дека овој Француски брк го немаш преболено.:tapp:
Немој молим те.
Играле на секој три дена а, зошто тогаш Меси не го одмори ?
Ама ако теши се ти, штом ти е поубаво така.
 
M

Mayavin

Гостин
Немој молим те.
Играле на секој три дена а, зошто тогаш Меси не го одмори ?
Ама ако теши се ти, штом ти е поубаво така.
Дури и фанови на пикадо можат да проценат дека без Меси моментално тимов неможе да креира нитуедна шанса. Али кој да ти објаснува после 400 пути напишано истото од фанови и на Реал и на Јуве и на Интер и на Њукасл.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.969
Поени од реакции
19.318
Дури и фанови на пикадо можат да проценат дека без Меси моментално тимов неможе да креира нитуедна шанса. Али кој да ти објаснува после 400 пути напишано истото од фанови и на Реал и на Јуве и на Интер и на Њукасл.
А јас пак будала мислев 120 милиони играч треба да знае да креира шанси.
Ваљда си го знаеш клубот подобро од мене и си свесен дека Гризман апсолутно не се вклопува во овој тим, ама ај кога ќе го шитнат за брзо време во Псж за брзо ваљда ќе ти стани појасно.
Автоматски споено мислење:

Ако оваа Барса освои оваа сезона Ла Лига јас не гледам поќе фудбал.
Се е во рацете на Реал, од нив зависи дали ќе бидат шампиони.
 
Последно уредено:

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.204
Поени од реакции
25.394
Брат Суарез има лепак за копачките, не заебавај каков Бензема какви бакрачи. Суарез е веројатно најдобра деветка последниве 7-8 години, ненормално јак играч.

Инаку за Бензема имам зборено години наназад на форумов, нарочито педерот додека играше во Реал, ептен се потценуваше неговиот учинок на терен, секако зашо Роналдо беше центар пажња и сите очи беа вперени во него. Супер играч е Бензема, некад изгледа као мрза и као со сила да игра фудбал али е комплетен играч и веќе долго време си е стандардно одличен во Реал.
Не си у право т.е. не се сложувам со твоето мислење.
Правиш грешка, никаде ја не кажав дека Бензема е подобар напаѓач од Суарез, не е. Тоа го пишав и во првиот пост.
Двајцата имаат исто години, види како се движи Бензема по теренот, како се движи Суарез, се влече. Станат е како Роналдо, ако му дојде топка во шеснаесет метри да ја поентира, поминаа годините кога Суарез можеше да искреира нешто во нападот на Барса. Обичен дефанзивец не може да помине веќе.
Е сеа, види го Бензема што прави и ќе ти стане јасно што ти зборам, изгледа како 10 години помлад од Суарез да е. Технички дриблинзи скоро на секој натпревар има, а и во моментов е најдобар АСИСТЕНТ на Реал.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.293
Поени од реакции
4.224
Бензема у техника за Суарез е Роналдињо.
Суарез е поголем реализатор, чуден играч, ко трча мислиш ќе се сопне, ама има голема реализација, а има и доста асистенции.
До пред повредата, јануари, ни беше најдобар играч.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.969
Поени од реакции
19.318
Класична лузерска изјава после кикс.
Мислел дека и Реал нема сите натпревари да ги добијат :facepalm:
Наместо да се фокусира кај своите и да си пули во "својот двор" види го какви изјави дава.
Сега да се заинаетат Реал на вакви досетки и све да испобедат до крај па нека паси крави Сетиен во Галиција
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.705
Поени од реакции
22.844
Класична лузерска изјава после кикс.
Мислел дека и Реал нема сите натпревари да ги добијат :facepalm:
Наместо да се фокусира кај своите и да си пули во "својот двор" види го какви изјави дава.
Сега да се заинаетат Реал на вакви досетки и све да испобедат до крај па нека паси крави Сетиен во Галиција
Не сум му адвокат на Сетиен, ама не верувам ничим изазван да го спомнал на прес конференција ова. Веројатно ова е одговор на новинарско прашање дали мисли дека Реал ќе ги победи сите натпревари до крајот.
Можел дипломатски да одбегне да даде одговор, ама во никој случај не е онака како што ти го претставуваш, демек излегол Сетиен на прес конференција и прво што рекол е "еј, абе ние не победивме, ама нема врска, ни Реал нема да победи на сите натпревари до крајот на сезоната".
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.736
Поени од реакции
115.547
Не си у право т.е. не се сложувам со твоето мислење.
Правиш грешка, никаде ја не кажав дека Бензема е подобар напаѓач од Суарез, не е. Тоа го пишав и во првиот пост.
Двајцата имаат исто години, види како се движи Бензема по теренот, како се движи Суарез, се влече. Станат е како Роналдо, ако му дојде топка во шеснаесет метри да ја поентира, поминаа годините кога Суарез можеше да искреира нешто во нападот на Барса. Обичен дефанзивец не може да помине веќе.
Е сеа, види го Бензема што прави и ќе ти стане јасно што ти зборам, изгледа како 10 години помлад од Суарез да е. Технички дриблинзи скоро на секој натпревар има, а и во моментов е најдобар АСИСТЕНТ на Реал.
Па не може ни Роналдо да помине никого веќе неколку години, па нњ гледам некој да вика дека Бенз е боље техничар од него. Иначе Милер има 17 асистенции сезонава у Баерн а у чвор му се врзуваат нозете додека трча, така да асистенциите не се доказ за техниката на еден фудбалер. Точно е дека Суарез е паднат последниве 2 години, ама според мене ако збориме чисто од технички аспект последниве десетина години му нема рамен, значи стрикно 9ки збориме, немој сеа Меси и Нејмар да ги спомне некој. За мене техничка спрема не е само да дриблаш некој, него и да примиш топка, да знаеш да проиграш, да се позиционираш, нешто во кое на Суарез му нема рамен.

Нема врска, двајцата се топ играчи така да џабе го праиме муабетов. :D Иначе помртва утакмица од Севиља Барса одамна немам гледано. Оној Гомнопетеги рак екипа направи од Севиља, бинарни резултати имаат сезонава му ебам тоа мртвиот.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Не си у право т.е. не се сложувам со твоето мислење.
Правиш грешка, никаде ја не кажав дека Бензема е подобар напаѓач од Суарез, не е. Тоа го пишав и во првиот пост.
Двајцата имаат исто години, види како се движи Бензема по теренот, како се движи Суарез, се влече. Станат е како Роналдо, ако му дојде топка во шеснаесет метри да ја поентира, поминаа годините кога Суарез можеше да искреира нешто во нападот на Барса. Обичен дефанзивец не може да помине веќе.
Е сеа, види го Бензема што прави и ќе ти стане јасно што ти зборам, изгледа како 10 години помлад од Суарез да е. Технички дриблинзи скоро на секој натпревар има, а и во моментов е најдобар АСИСТЕНТ на Реал.
Бензема да не се плеткаше со топка ќе можеше да се каже дека ќе беше ок напаѓач. На човекот му треба цела вечност да се намести за да прими топка во 16 рец и да направи нешто со неа, повеќе мисли како да се загради или да ја даде на некој него да направи нешто со топката, ради тоа не би го сврстил ко класичен шпиц како Суарез. Од се од него до сега Реал има видено повеќе лошо него ли добро, али затоа е тука Зизу да му дава шанси пак и пак. Замисли Маријано да ги имаше истите прилики? Лука Јовиќ не го коментирам, пошто човекот очигледно не е за во Реал.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.969
Поени од реакции
19.318
Лопетеги вади добри резултати со оглед на екипата која ја има.
Скоро сите играчи им се со поминат рок, Сусо, Де Јонг, Банега, Окампос ...
Просек до просек, Банега ајде има фудбалско знаење ама му помина мандатот и него.
Синоќа не искористија неколку шанси, Барса им оставаше простор за контри, овие ќе излезеа тројца на еден пред гол и се глупираа.
Штетен е моментално најсветлата точка во Барселона, другите се испод ниво.
Пике исто неколку топки исчисти.
Гризман дрвце, и немој тука да ми пишал некој дека од љубомора го критикувам, оти јас бев прва шо кога го потпишаа викав дека е класа играч и ќе се снајде на било која позиција.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.969
Поени од реакции
19.318
Како излегоја последните кола во корист на Атлетико за тоа 4 место:love:
Колку лошо се одразува оваа паузата за некои екипи, пример Гетафе никако да фатат ритам.
Испуштија бодови со екипи долу на табела.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom