Ќе ве молам за совет:
   
  Многу повеќе ќе ми одговара да ми дадат повеќе совети и девојките. 
   
  Имам 21 год. одам со девојка ми 3 години, проблемот ми е што уште не сме имале секс со девојката.
  Пред 2 ипол години ја прашав, таа имаше 18год. и ми рече оти и е страв и да ја почекам некое време, сеуште не била подготвена, прв дечко и сум, и досега таа немала и затоа чуствувала страв.
  Јас ја сакав и го прифатив предлогот. После половина година отидовме на одмор. 10 дена спиевме заедно а ништо не се случи. Случајно имавме купено вест и јас и ја покажувам сликичката што е секс поза на денот а таа ми рече: Не ми требат вакви работи.
  После тоа нормално оти ми се отсака и несакав да биде нешто дали молејки, дали насила... Сакав да биде тогаш кога и таа ќе сака а исто и јас, да уживаме и двајцата.
  Помина уште половина год (1 ипол год. во врска) бев кај неа во станот каде што студира и останавме 2-3 дена сами. Вечерта си легнавме и нормално бакнување, гушкање, допирање на интимните места... се запаливме и јас ја прашав дали сака да имаме!?
  Таа се подразмисли малце и ми рече ДА! Понатаму се беше добро но дојде моментот кога треба да си го ставам кондомот. Се обидував, се обидував но никако не успевав да го неместам, имав проблем со пенисот, не ми се отвараше главичката целосно и неможев да го наместам.
  Знаев оти имав ваков проблем но не знаев оти до толку бил голем, многу осеќав болка отколку што ќе имав задоволство.
  *Пред многу години бев за овој проблем на доктор и обично докторите ми викаа оти ова не е ништо и оти ќе ми го скинат женските.. а тоа уште повеќе пораснало, пораснала жилата, пробував јас сам на неколку пати да ја откинам ама неможев, касно беше...
  Го наместив кондомот колку толку до половина влезе почнавме со ,,работата'' но тешко одеше... не ни осетив да влезам во неа. По тоа се откажав, и ја прифатив судбината оти не треба да се случи, и не треба да биде...
  Утредента таа имаше крв на гакичките, и тоа многу не изненади. После тоа решив да одам на операција и да ми ја отстранат жилата. Отидов на доктор тој ја виде ситуацијата и не сакаше да ми ја сече!?  - Тоа ништо не било, тоа сите го имале... итн итн.
  Јас разочарен до максиум, ми се плачеше и планирав да одам за скопје таму да ми ја завршат оваа работа оти друг доктор за оваа работа немаше во мојот град. Проблемот остана...
  После неколку месеци требаше пак да одиме на одмор и во тоа време слушнав оти имало примено нов доктор за овие работи. Отидов јас на новиот доктор му објаснив се и тој ме разбра, ме свати што сакам да кажам, и колкав ми е проблемот.
  Ми рече оти ќе ме оперира, но пред тоа му реков оти за една недела одам на одмор и тој ми рече да си поминам убаво и кога ќе си дојдам тогаш ќе ме оперира, не било тоа така лесно како јас што очекував. А мене ми беше да ми ја сечат и без проблеми да си одам на одмор и конечно да го доживеам тој толку очекуван 1 пат.
  Повторно бев разочарен, бев на одмор, девојка ми очекуваше од мене јас прв да почнам, се шегуваше со мене дали сум земал кондоми итн. Мене ми беше многу мака, но не сакав да и кажам оти после одморот ме очекува операција откако ќе се вратиме.
  Помина и овој одмор без секс, ме очекуваше операција. Бев, ми ја сечеа, и реков на неа за тоа и после 3-4 месеци бев 100% спремен за АКЦИЈА! Еден ден дома земав еден кондом дали ќе можам да го наместам, да пробал дали ќе можам, и колку била успешна операцијата... пробав и го наместив без проблем, многу ме усреќи тоа, се чекаше само кој ден ќе биде тоа, и каде!!!
  Но работите почнаа да се менуваа... кога и да ја викав дома кај нас девојка ми, кога мама и тато беа надвор од градот на неа поинтересни и беа кафичите и излегувањето. Јас се радувам што ќе останам сам дома и имаме можност а таа ми пишуваше - Ти седи дома, јас ќе излегувам.
  Понатаму јас сам се молев да остане некој викенд во станот каде што студира да преспијам со неа некоја вечер а таа трчаше да се врати во нашиот град да излегува со мене бидејки таму и било многу досадно, немало тв, компјутер... ништо, скиснувала во 4 ѕида.
  После неколку месеци односно сега пред  1 месец конечно таа остана таму во станот и ме викна да преспијам со неа.  Ама овој случај не беше ист како изминатите, со нас беа и нејзините 2 цимерки. Си легнавме вечерта и почнавме да се бакнуваме, гушкаме... како и секогаш, почнав да ја допирам на интимните места и само половина прст ми влезе во нејзината... таа ми рече: Доста, тоа ме боли...
  Одма на ум ми падна... Ја боле од 3-4цм а што ќе биде на повеќе од 18!? Јас престанав да ја чепкам ,,таму,, но сеуште ја галев, ја бакнував и ја прашав дали и се спие а таа ми одговори оти и се спие и јас што сакам да правам со неа!? 
  Одлучив јас и ја прашавав каде ми се кондомите што ги оставив минатиот пат а таа ми рече: Сакаш ли сега!? Баш сега ли најде, цимерките ми спијат во другата соба, ќе слушнат... И реков оти ќе бидеме тивки и се добро ќе излезе, но таа ми рече оти ја боли стомах од пиво а обично ич не пие, тоа и беше 1 или 2 пат да пие, не пие алкохол.
  И јас се завртев на другата страна, се изнервирав, мака ми беше а и на неа оти неможеше да ми ја оствари желбата и одеднаш ми рече: АЈДЕ СЕГА ЈАС САКАМ! 
  Но тогаш беше касно, јас несакав, не сакав тоа да го направам од жал, не сакав ништо да биде насила направено и такви сеќавања да имам од 1 пат.
  Се гушнавме и заспавме а и на двајцата ни беше многу мака, таа изгледа и заплача оти знаеше оти и овојпат ако не биде ништо тогаш најверојатно ќе ја оставам и ќе мислам оти не ме сака.
  Утредента останав сам во станот  знаев каде отприлика се скриени кондомите и сакав да проверам дали тие се таму и дали ми стојат. Тие беа таму. Како што ги оставив така и беа, недопрени беа, во тоа бев сигурен оти девојка ми не ме изневерува но сакав да се уверам.
  Еве после 1 месец го пишувам овој пост и незнам што да правам. Дали да и раскинам? Никогаш девојка ми не прави муабет за секс, секогаш ја отфрла оваа тема, ја одбегнува, како да не сака никогаш да има...
  Таа има 20 год а јас 21 и сеуште ни јас ни таа не сме имале ни 1 во животот.
  Моите родители се знаат со нејзините, се поздравуваат... на девојка ми братучеди сум одел на свадби, сум бил речиси кај сите нејзини роднини, сите нејзини роднини ме знаат, сите ме сакат, сите ме ценат, едноставно нема место каде што не сме биле заедно... но тоа ни е единствениот проблем.
  Правевме муабет за таа тема неколку пати а таа ми рече кога ќе биде ќе биде, не можеме ништо да планираме, оти тоа што планираме никогаш не се исполнува, и ќе имаме тогаш кога ќе има шанса.
  И сега јас што да правам кога имам потреба? Ја сакам... и сакам само со неа да биде, не сакам пак да разговарам да и наредувам за тоа оти тоа ќе излезе насила ја накарувам, и не сакам така да биде. 
  Незнам што да правам... ако и раскинам ќе нема што се вика со кој да одам на едно кафе, сите мои другари заминаа во странство, ќе останам сам. Таа ќе неможе да поверува оти и раскинувам, ќе се утепа од плачење, многу пати плачеше за мене и кога правевме муабет во врска со секс. Здраствени проблеми нема колку што знам...
  Помагајте! Срцето ми се крши кога помислувам на тоа, понекогаш мислам оти не ја сакам веќе затоа што толку многу време се одлага тоа 1 пат.