По 8-9 изиграни мисии (случаи) ја избришав. Просечна игра, ништо спектакуларно.
Прво, правена е на истиот беден енџин на ГТА4, се гледа и богами се осеќа тоа, најмизерниот енџин за ПЦ било кога направен. Графички, играта не е ништо посебно, да не речам бедно за 2011 стандарди, освен лицата и гримасите (кое се стварно добри и треба да бидат модел за во други игри како се прави тоа). А освен тоа како игри како AC Revelations, Modern Warfare 3 и др. понови игри си тераат мазно, оваа беда се мачи во секој поглед.
Второ, играта е досадна, се повторува едно те исто, повеќе cutscenes него ли играње, испрашување луѓе и тоа па тоа, нема некоја акција. (а може и ја не стигнав до интересните мисии).
И трето, ептен лошо направено е возењето на колите, а и градот е доста блед и неинтересен.
Рокстар од ГТА Сан Андреас немаат направено салам игра (зборам за ПЦ). Живеат на стара слава.