Квалификациони турнири за ОИ - Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Supervisor
  • Време на започнување Време на започнување
Унгарците го вратиле Перез, ќе настапувал на квалификациите за ОИ, на времето ми текнува играше одлично, одличен бек беше, сега остарен појма немам како игра, а и одамна го немам гледано. Ако знае некој во каква форма е моментално нека пише.

Eдит, сега видов Tomasino во темата за Македонска Репрезентација веќе имал напишано тоа што ме интересираше за Перез.
 
Перез има 40 години, да се надеваме дека нема да биде страшно да се чува... За него само петелчето Златко Мојсовски, да му врши притисик цел меч, брзо ќе издиши :pos:
 
Тој Перез го имам гледано пред 6-7 години тогаш беше страшно играчиште сега верувам дека е далеку од добра форма. Од друга страна Маџарите се многу груби посебно во одбрана и тука гледам наша шанса со исклучувања да ги полниме.
 
Го нема скок од порано....карактеричиен беше по тој висок скок шут...
Нешто слично како Пепи Манасков,не е и чудо,Кубанците се родени одбојкари,па не е чудно шо Перез израсна во еден таков разбивач...
Но сепак се уште го има она потребното,има страшен шут,непредвидлив,знај да шутни и од трк,и од место..вистински топчија....
Малку е здебелен шо е нормално за негови години,но сеуште е класа лев бек,впрочем во ракомет нема стар и млад играч,има добар и лош играч.....
Стара школа е Перез,нешто слично како Пепи Манасков,и си личат малку:pos:(секако Перез има потемен тен):D
Во Веспрем и покрај годините е еден од најдобрите играчи.....
Ќе мора добро да се внимава на него,ако го остават слободно да шутка лошо ќе биди....
Ќе мора добро да се затвори таа лева страна од нападот на Унгарците,тука се најопасни....заедно со Часар....
 
Од Маџарите, Македонија во Борис Трајковски во квалификации изгуби катастрофално, на гости бевме рамноправни ама сепак загубивме само што на тој дуел во Скопје не играше Киро тогаш се опоравуваше од ситна повреда. Сега Македонија е поискусна после Европско и има голем напредок воопшто во ракометот, Маџарите стагнираат на репрезентативно ниво ја нема онаа стара генерација од која Македонија во баражи губеше 4 пати. Ако има сериозен пристап би требало да ги добиеме со тоа што предноста е на нивна страна бидејќи сепак се репрезентација со поголеми учества на првенства и поголем коефициент од нашиот.
 
Кире не играше и на гости ако добро се сеќавам, не беше баш ситна повредата, месец дена паузираше. Што се однесува за мечот во Скопје, мислам дека тоа беше една од најлошите претстави на нашата селекција.
 
Абе овие од кога дојде Борко немаат пораз, или па од кај нас пишуваат само за победите :pos:

hahah od toa sto pratam preku nasive mediumi mislam deka imaat eden poraz odkoga dojde.... A od natprevar vo natprevar go pokacuva brojot na odbrani:)
 
Абе овие од кога дојде Борко немаат пораз, или па од кај нас пишуваат само за победите :pos:
Еден пораз имаат и тоа само во купот.И тоа нешто ситно 1-2 разлика изгубиле знам,али после тоа во бундеслигата кај што им е многу поважно ја плеснаа убаво истата екипа.Почнав преку стримови да го следам Гумерсбах од кога е Борко таму,али само првите утакмици ги гледав, кога беше замена.Престанав да ги пратам ете го почна да игра.:D
 
Имаат и еден пораз во лигата. Од Берлин изгубија 3-4гола.Мислам дека пред недела дена беше утакмицата.
 
Имаат и еден пораз во лигата. Од Берлин изгубија 3-4гола.Мислам дека пред недела дена беше утакмицата.
да точно така, само мора да признаеме дека борко не е единственото засилување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom