Квалификации за СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Апсолутно, зимно време е перфект за гледање фудбал. На лето колку и да сакаш, пука сонце, сите по одмори некаде, гледаш фудбал ко забеган. Кај кенгуриве тоа им е најдобро, светско зима, нова година лето, топчина :D
Летно време е јако што можеш да извадиш телевизор у двор и да глеаш со друштво. Мада и ова изумре веќе пошто не е доволно само да забиеш виљушка у антената и да имаш стакло слика од МТВ1 со коментар на дуото Југо-Видевски и натпреварот Ангола-Уругвај.
 
Со кого ќе игра Костарика во тој интерконфедерациски плеј-оф?
 
Изумре, готово, добри времиња. Последно светското 2006 мислам така го гледавме, дебелиот телевизор во двор, Франција-Бразил, цело маало за Бразил, разочарување на крај :D си еба мајката општеството после со интернети, телефони, толку беше.
 
За кој како, јас уште така си гледам :rolleyes:Screenshot_20220402-182457~2.png
 
Со кого ќе игра Костарика во тој интерконфедерациски плеј-оф?
Со Нов Зеланд. Е сега не знам дали ќе биде двомеч или како европјаниве со еден натпревар ќе решаваат.
 
Со Нов Зеланд. Е сега не знам дали ќе биде двомеч или како европјаниве со еден натпревар ќе решаваат.

Само еден натпревар ќе биде. Во Катар ќе се играат и плејофите.
 
Па вака гледано од прва интересни групи.
Ќе има изненадувања сигурно.
Група Ф иако Белгија и Хрватска се фаворити тука мислам дека Канада и Мароко можат да им ги замрсат сметките.
Група Г исто така тешка група за предвидување, Бразил прв фаворит ама и другите три репрезентации не се за потценување, посебно Швајцарија која е изделкана репрезентација и има бајаги напреднато.

Иран бе со Америка се паднаа :icon_lol:
Овде очекувам крв да плукаат играчите на Иран и да се докопаат до победа. Овие не им скинаа бод на Шпанија, мислам во група испаднаа тогаш Шпанците или јанглаш сум ?

Немам некој изразит фаворит за ова светско, а пошто ние сме аут навивам Србија да стигни шо подалеку и Митрогол да решета во Катар, дрес обавезно си нарачвам од Митрета :)
 
Влахович ќе го разнесе Бразил со 2-3 гола. Каков Нејмар, какви глупости... Ќе сакаат и да им се одмаздат на Швајцарците од минатото светско 2018та Русија, па така да рачунај на тој меч Србија ќе изгине на терен, а афричката екипа ќе ја рутнираат со 2 гола разлика. Очекувам доста голови од Србија во групнава фаза и минимум пласман во нокаут рунда.
Можи, ќе видиме. Оваа Србија има играчки капацитет да се носи и со Бразил и со сите на светско ама низ годините имаше нешто труло во таа репрезентација, се надевам тоа е минато.
За Афричките земји не би рекла дека лесно и рутинирано ќе победат противниците, прво поради климата таму, која повеќе им оди во прилог нив, друго од секогаш било тешко да се игра против овие репрезентации, трчаат како луди цел натпревар.
 
Ќе сакаш да објасниш како, со кој играчки капацитет Србија може да се носи со Бразил? :D

Топ генерација имаат Србија, сакам и они и Хрватска да изненадат, ама на играчки план, во ниту еден случај не би ги мерел со еден ГИГАНТ како БРАЗИЛ.
Малку се тие репрезентации што на играчки план можат да си го мерат со Бразил.
Сеа у реалност, на терен нормално дека не секогаш подобриот на хартија иде даље, тоа е и убавината на спортот, ама па репрезентација од Балканот или Источна Европа ти да мериш со Бразил не иде :D
 
Влахович ќе го разнесе Бразил со 2-3 гола. Каков Нејмар, какви глупости... Ќе сакаат и да им се одмаздат на Швајцарците од минатото светско 2018та Русија, па така да рачунај на тој меч Србија ќе изгине на терен, а афричката екипа ќе ја рутнираат со 2 гола разлика. Очекувам доста голови од Србија во групнава фаза и минимум пласман во нокаут рунда.

Србија ќе помине како и на СП 2018,2010 и 2006, значи ќе испадне во првата фаза. Тоа се тие селекции кои служат само за да пополнат број на учесници.
Да не заборавиме дека отидоа на СП затоа што немаше ВАР на првата утакмица со Португалија кога топката беше пола метро во гол после шутот на Роналдо ама судијата "не видел" гол. Да им се десеше нив такво нешто имаше да кукаат до крајот на светот.
Малку самоконтрола не е на одмет. Ќе го разнеселе Бразил бе, ихаа четничко лудило равна гора момент :pos:
 
Затоа Србија е пласирана на светско, а Македонија не. И Бразил не непобедлив. Не е ова 2002 година Кореја Јапан светското со Прајм Роналдо во напад. Ги попарија сите на тоа светско, а сега овој моментален Бразил со тој Бразил од 2002 година е небо - земја.

Јаката конкуренција за да ги попарат сите на тоа првенство...двапати се погодија против Турција,Белгија,Англија каде Симан се глупираше и осакатена Германија без Балак......јака екипа беше ама е премногу исфорсирана...против буквално никакви екипи играа и сите што беа рамо до рамо со нив во квалитет ги избегнаа или тие се изглупираа...тогаш Аргентина имаше дрим тим,Франција првиот фаворит и Италија каде судиите ги испердашија против Кореа.

Се виде Бразил колку е јак кога другите Европски репрезентации малце се консолидираа и јадат шамари континуирано секое Светско првенство кога ќе дојдат да играат рамо до рамо со некоја екипа на нивно ниво.

Шпанија 2010 и Франција 2018 да речиш доминација..посебно Шпанија....права поезија од фудбал.

За Србија се е кажано веќе...најголеми чоукери што постојат...во секој спорт одат со големи очекувања на било кое првенство огромна е веројатноста дека ќе се искараат или истепаат меѓу нив бидејќи се сељаци најголеми....сега барем Пикси го имаат кој е преголемо име кај нив и мислам дек ги држи колку толку конците во соблекувалната и не смеат да му писнат.
 
Пошто Германија победуваше марсовци и вонземски сили за да стигне до финале. Ни самите не беа свесни како воопшто играа финале, не Балак, Лотар Матеус и Бекембауер да ги имаа пак ќе изгубеа од Бразил.
Еве ќе жалиме пошто дрим тимовите на Аргентина и Франција се избламираа и испаднаа у групи.

За сите вака може да се ситничари, едино за Шпанија си во право и тоа нивно бек-ту бек европско-светско-европско газење е можеби и најголемо фудбалско достигнување во историјата.

Светско и европско првенство се турнири што се одржуваат на секои 4 години и победува оној што има најјак состав у моментот. Буквално за сите екипи може да фаќаме ситници.
До сега немало незаслужен шампион, тоа што тебе те нервираат јужно американците воопшто не ги прави слаби или неконкурентни пошто на секое првенство се у топ4-5 екипи и редовно играат у самата завршница.

За Србија сеа со Костич ли ќе се објаснувате, овој каљехон не дека прати фудбал ама чим се спомне Србија у било каква конотација прв е со вакви шовинистички истапи.
Иначе да, за нив си у право дека се сељаци и се темпирана бомба коа ќе се искараат и распаднат, само што Пикси е голем авторитет и големо име и постави една добра атмосфера и нема некој што ќе прави раздор и караници. Мада ако продолжи ваквиот Никола Јокиќ тренд да ѕвезди што само што почнале да играат фудбал (Влаховиќ) почнуваат да лажат повреди за да не играат за репрезентација, ништо чудно пак да се распаднат. А имаат генерација и екипа која би требало да гарантира нокаут фаза.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom