PsychoalieN
Омлет мастеР
- Член од
- 12 јули 2009
- Мислења
- 1.703
- Поени од реакции
- 1.411
Не, такви педерски финти има само кај DHL. Баш и на гсм форумот, тоа го зборевме, за нивните дополнителни трошкови. Мислам дека лежарината кај нив е најскапа додека кај Федекс и УПС лежарината е минимална и мислам ама не сум сигурен дека лежарината почнува да тече после недела дена.
Кај USPS, Royal Mail (велика британија), PostNL и другите државни пошти на државите нема вакви дополнителни трошкови. Нормално нели, тие си се државни и таму нема осигурување на пакетот и не е тоа брза пошта. Само мене безразлика кој ми доставува, брза пошта или не, доколку вредноста на пакетот е над 45 евра, си плаќам царина и ддв.
Еве моментално имам пакет на царина, кој е од Америка и вреди 150 долари. Означен е како поклон за да не го царинат, ама кај нас тие работи не важат освен ако немаш вујко/ стрина/ машка тетка да ти заврши работа. Пакетот до Европа го доставува USPS и после секоја земја низ која ќе помине го носи државната пошта на земјата низ која минува додека не стигне до Македонија.
Ми стигна ливче од пошта, она малото жолтото дека треба да платам 3700 денари за пакетот.
Значи на целата вредност на пакетот сите давачки доаѓаат околу 35% од пакетот што во превод значи ти доаѓа да платиш пакет ипол...
Надвор од DHL малку офтопик да ми објасниш како може за производ од 19 долари да ми бараат данок и царина? Да не го барам постот назад ми стигна ливче нели бев под железничка и тој ми вика 5% царина и 18% ДДВ. Викам чекај бе да се разбереме, нема што да се разбираме или плати или остави. Му викам по кој основ е царинето, ми вика некој производи се даночат и царинат без разлика дали преминуваат 45 те 23 долари. и има посебна референца и тоа е тоа. Го оставив што сакаат да му прават. За тие пари од тука ке го купев.[DOUBLEPOST=1458660730][/DOUBLEPOST]
Ај малку помош за ова.Ќе ме известат од царина или ја мора да одам во пошта и да ги бркам по шалтери![]()
Ќе ти стигне писменце на домашна адреса, таму ке видиш што и како бараат.