Култот на Марија

Не, не, мислев на св.Дионисиј Ареопагит, оној кој бил крстен од св.ап.Павле. Или не знаеш дека и тој има пишани дела???? ИИИИИ срамота бе такви работи да не знаеш, а велиш „изворен“...цццццц:uvo:

ПСЕВДО (Лажниот) Дионисиј Ареопагит пишувал 500 години по Христа.

На лагата и се кратки нозете.
 
Псевдо а?:lud:

Светиот свештеномаченик Дионисиј Ареопагит 16/10/2008


Се вбројува во Седумдесеттемина помали апостоли. Овој прекрасен маж беше од угледно нензабожечко семејство од Атина. Откако заврши фиолсофска школа во Атина, отиде во Мисир за да учи уште. Во тоа време еден ден на Крстот издивна Господ Исус Христос и сонцето се помрачи и во Мисир беше темно три часа. Тогаш Дионисиј возвикна: „Или Бог, Создателот на светот страда или овој свет завршува.“ Кога се врати во Атина се ожени со Дамара и со неа имаше синови. Беше член на највисокиот суд кај Грците, наречен Ареопаг, заради што и го доби називот Ареопагит. Кога апостолот Павле го проповедаше Евангелието во Атина, Дионисиј со целиот свој дом се крсти. Од Павле беше посветен за епископ Атински, бидејќи ги остави жената и децата и положбата во општеството заради љубовта Христова. Доволно долго патуваше со Павле и ги запозна останатите Христови апостоли. Отиде во Ерусалим со цел да Ја види Пресвета Богородица и средбата со Неа ја опиша во едно од своите дела. Беше и на погребот на Пречистата заедно со другите апостоли. Кога неговиот учител Св. Павле пострада маченички, Дионисиј посака и за себе таква смрт. И отиде да го проповеда Евангелието меѓу варварите во Галија, заедно со презвитерот Рустик и ѓаконот Елефтериј. Многу претрпе, но и многу успеа. За неговиот труд многумина незнабожци се обратија кон верата Христова. Во Париз Дионисиј изгради малечка црквичка во којашто Му служеше служба на Бога. Кога имаше деведесет години, го фатија и го мачеа за Христа, заедно со Рустик и Елефтериј, додека најпосле не ги убија со меч сите тројца. Отсечената глава на Свети Дионисиј отскокна на големо растојание и падна пред една христијанка Катула, којашто заедно со неа чесно го погреба и телото. Тој пострада во времето на Дометијан во 96 година. Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.
 
Богородице Дево, радувај се, благодатна Марије, Господ е со тебе. Благословена си ти меѓу жените, и благословен е плодот на твојата утроба, зошто си го родила Спасителот на нашите души.
 
:pos2::pos2::pos2:Хаха, цитат од Календарчето на МПЦ. Јак извор на информации, нема што. Делата припишани во него, се дела на ПСЕВДО ДИОНИСИЈ.

На лагата и се кратки нозете.
 
А кениецот рекол: „..сите кенијци лажат..„. Да, на лагата и се кратки нозете.
 
Сакаш пак да препрочиташ? Читај, ако ти се малку, имам уште:smir:

Богородица, Мајката на нашиот Господ, била, е и ќе биде почитувана отсекогаш. Нејзината улога е исполнувањето на Божјата промисла е клучна, на дело покажувајќи ја својата смиреност со зборовите: Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои! (Лука 1:38). Непосредните сведоци на нејзиното величие го потврдуваат преку своите списи, каде ја опишуваат како најсовршената Божја творба, а и отците кои се среќаваат во историјата од 2-ри до 5-ти век, па и потоа, и оддаваат посебна чест, како најчиста од сите луѓе – Пречиста.


Св.Дионисиј Ареопагит (+96) кој беше покрстен од св.ап.Павле ја посетил Богородица во Ерусалим, а потоа му го пишал на св.ап.Павле следново:

Невозможно е за човечкиот ум да го поими тоа што го видов, не само со очите на мојата душа, туку и со моите телесни очи. Со своите очи ја видов најпрекрасната и света Мајка на нашиот Господ Исус Христос .... Тоа време за мене беше време на неопислива радост, благодарејќи на највозвишениот и најславниот Бог, и божествената Дева, големиот Апостол Јован, и тебе (св.Павле), за вашето милосрдие што ме дарувавте со толку голем благослов.


Св.Игнатиј Богоносец (35-106) на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:

Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во се, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува... сите кои ја гледаат се восхитени.


Св.Иринај Лионски (115-202) - (ученик на св.Поликарп, кој бил ученик на св.Јован Богослов)
Како што Ева беше заведена од зборот на ангел за да отстапи од Бог, бунтувајќи се против Неговото Слово, така Марија од ангелскиот збор ја прими радосната вест дека таа ќе Го прими Бог почитувајќи го Неговото слово. Претходничката беше заведена да не го почитува Бог, за Дева Марија да стане застапница на девицата Ева. Бидејќи смрта дојде во човештвото преку девица, исто така беше спасен од Дева. (Против Ересите V:19,1)

Протоевангелие според Јован, 6:2 (150)
Тие ја благословија велејќи: Боже на нашите отци, благослови го ова дете, и дај и вечно име за да ја ублажуваат сите родови. И сите луѓе рекоа: Така нека биде, така нека биде. Амин. И тој ја однесе до кај првосвештеникот и тие ја благословија велејќи: Највозвишени Боже, погледај на ова дете и благословии ја со преголем багослов кој ќе биде вечен

Мелито Сардски, Велигденска проповед (177)
Тој беше роден од Марија - неосквернатото сокровиште.


Св. Иполит Римски (170 - 235)– ученик на св.Иринеј Лионски
Бог Словото Кој не беше во тело, зеде на себе свето тело од света Дева, и подготви облекло кое Тој го зеде за Себе, како младоженец, во страдањата на крстот, за да ги обедини Својата сила со нашето трулежно тело, и да ги соедини нетрулежноста и трулежноста, и силното со слабото, Тој го спаси пропадливиот човек.
(Трактат за Христос и антихристот, 4)

Св.Григориј Неокесариски чудотворец (213 – 270)
Дево Марије, ти си кораб и Скинија која ги содржи сите тајни. Ти го знаеш она што Патријарсите никогаш не го дознаа, ти го доживеа тоа што на ангелите никогаш не им беше откриено, ти го чу она што пророците никогаш не го чуја. Со еден збор, сето она што беше сокриено од претходните поколенија ти се откри тебе; дури и повеќе, повеќето од овие чуда се однесуваат на тебе.

Св.Атанасиј Александриски (295-373)
О величествена Дево, навистина ти си повозвишена од било која возвишеност. Кој ти е рамен во твоето величие, о сместилиште на Бог Словото? Со кого од сите суштества да те споредам, Дево? Ти си поголема од сите нив, Завету, облечена во чистота наместо во злато! Ти си Арка во која е најден златен Кораб на вистинската мана кое е плот на Божеството живеалиште.
(Беседа на Папирус од Турин 71:216)

Св.Амвросиј Милански (338 – 397)
Да, навистина благословена што го надмина свештеникот (Захарија). Додека свештеникот противречеше, Дева ја исправи грешката. Без сомневање Господ, сакајќи да го спаси светот, тоа го започна со Дева Марија. Така што таа, преку која беше спасението подговтвено за сите луѓе, е првата која го доби ветениот плод на спасението.

Св. Епифаниј Кипарски (310 – 403)
Ева беше наречена мајка на живите....по падот, оваа титула и беше дадена. Вистина е...целото човештво на земјата беше родено од Ева, но во суштина од Дева Марија е Живото кој беше навистина роден за светот. Така што, раѓајќи го Живиот, Таа стана мајка на сите живи.
(Против осумте ереси 78, 9)

Од овие цитати на рано-христијанските отци јасно станува не само дека Богородица била ословувана како таква, не само што ја почитувале повеќе од било кој човек, туку и по раѓањето останала ДЕВА!

Од кај да знаеме, можеби ќе измислиш и псевдо Игнатиј Богоносец:toe:
 
Маран Ата, пред вистината демоните треперат, а безумните непотребно се смеат. Благодарам за овие прекрасни цитати од изворните христијани!
 
Кој бре црни изворни, ПСЕВДО писатели од 5 век?:nenene::nenene::nenene:
 
Aj малку да се едуцираш.

Еве ти нешто од св.Дионисиј Ареопагит (+96) (не псевдо)

Како сакаш врти го, цитатот кој е пастиран е од негово писмо до св.ап.Павле, така да :helou:

Ај малку ти да се едуцираш, а потоа можеш и да се извиниш за лагите.

Еве ти го истото дело, истото 10-то писмо, од книгата со наслов ПСЕВДО ДИОНИСИЈ: Комплетни дела

(и не е до Павле, него до Јован, пак лажеш или не знаеш да читаш?)

така да :helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou:
 
Ај малку ти да се едуцираш, а потоа можеш и да се извиниш за лагите.

Еве ти го истото дело, истото 10-то писмо, од книгата со наслов ПСЕВДО ДИОНИСИЈ: Комплетни дела

(и не е до Павле, него до Јован, пак лажеш или не знаеш да читаш?)

така да :helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou::helou:

Не се прави на мутав. Реков дека цитатот кој го пишав е од писмо до Павле, а не тоа писмо што ти го пратив дека е од Павле.

А за ова

Св.Игнатиј Богоносец (35-106) на својот учител – св.Јован Богослов му го пишува следново:

Ми се даде можност, и планирам да дојдам кај вас за да ги видам верните во Ерусалим, а особено Мајката на Исус; за неа велат дека таа е чесна, мила, и возвишено чудо во се, и сите сакаат да ја видат. А кој не сака да ја види Девата и да беседи со онаа која го носеше вистинскиот Бог? Од нас таа е возвеличена како Мајка Божја (Богородица) и Дева полна со благодат и добродетели. Велат за неа дека е радосна во маките и гонењата, не жали во немаштија и оскудност, и не само што не се гневи на оние кои ја навредуваат, туку и уште повеќе добрини им укажува... сите кои ја гледаат се восхитени.

Кој псевдо ќе ти биде овој?
 
И, за да не забушаваш многу, и ти и другите што планираат тоа да го прават, прочитајте ги посланијата на св.Игнатиј Богоносец до неговиот учитал - св.Јован Богослов, па после пишите нешто разумно

1-во послание на св.Игнатиј до св.ап.Јован

2-ро послание на св.Игнатиј до св.ап.Јован

(да видите само колку убаво ја има опишано Богородица!!!!!!!)

И две работи да ви напомнам:

1. Св.Игнатиј Богоносец е ученик на св.апостол Јован Богослов, оној апостол кој ја зел Богородица како своја мајка по заповед Христова и кој не се делел никаде од Неа
2. Оваа веб страна ги има сите дела на раните христијани. Пред да почнете да се бните за нешто, прочитајте им ги житијата, прочитајте им ги посланијата... ама не мислам дека многу ќе ви бидат во прилог. Има величања на Богородица, почитување и молење на светии... нешто што вашето „иворно“ христијанство го нема.

А сега бај бај :helou: и Господ со нас за време на постот:smir:
 
Ајде уште малце да се едуцираш.

Календарчето што го цитираше за Дионисиј вели: Напиша значајни дела: за таинственото богословие, за небесната и црковната хиерархија, за Пресвета Богородица.

Од друга страна Премин Портал и Владимир Лоски велат:
Псевдо-Дионисиј Ареопагит (во своето дело „Мистичната теологија")...


Премин Портал, Владимир Лоски или календарче? На кого да веруваме?

тину нину, тину нину... (you have entered the twilight zone). :pos2:


 
Значи точно сум рекол, кога ја осознаваме вистината, во безумство се смееме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom