Култот на Марија

Евангелијата по Матеј, Марко и Лука се напишани пред 70 година, а по Јован е напишано 90-100 година. Тие биле очевидците, тие имале увид во настаните, а не некој таму од крајот на вториот век.
Но чекај, уште не расчистивме со Целзиус. Сеуште чекаме да ни дадеш цитат од Целзус, било да е тоа од неговата книга "Вистинскиот Збор", било да е тоа цитат од Ориген, било да е тоа цитат од филокалијата... каде што Целзус збори за наводната афера на Марија со римскиот војник.
Ајде, повели аргуменитрај ги твоите клевети за Марија :)
 
Евангелијата по Матеј, Марко и Лука се напишани пред 70 година, а по Јован е напишано 90-100 година. Тие биле очевидците, тие имале увид во настаните, а не некој таму од крајот на вториот век.
Но чекај, уште не расчистивме со Целзиус. Сеуште чекаме да ни дадеш цитат од Целзус, било да е тоа од неговата книга "Вистинскиот Збор", било да е тоа цитат од Ориген, било да е тоа цитат од филокалијата... каде што Целзус збори за наводната афера на Марија со римскиот војник.
Ајде, повели аргуменитрај ги твоите клевети за Марија :)

http://www.newadvent.org/fathers/04161.htm
Поглавие 32

Јас бев фер и човек од збор

а сега дај ти некој доказ дека ЕВАНГЕЛИЈЕ се споменува било каде пред 120 година од новата ера
повели
 
Па тоа ти барав цело време, да видиме кој напишал, каде напишал и кога напишал. Значи се работи за делото "Против Целзус" од Ориген, каде што Ориген ги разобличува лагите на Целзус.
Што и да напишал Целзус, го напишал 170-180 година. Неговите "мисли" не можат да имаат никаква тежина, никаква веродостојност затоа што тој пишува повеќе од век ипол после Исусовото раѓање.
А за евангелијата има бројни докази дека се напишани од очевидци пред 70та година.
Староста на јазикот на кои се напишани (коине грчкиот) се проценува од тој период. И самиот знаеш дека бабите наши не зборуваат на ист дијалект како и нас, а сепак се работи за човек постар само 50тина години. Јазикот е динамична категорија и скоро секоја деценија излегуваат некои нови зборови, некои се менуваат, а некои престануваат да се користат. Па така, јазикот, речникот, стилот, дијалектот се многу добри алатки за проценувањето на староста на едно историско дело.
Друга работа, во извештаите на евангелијата Исус го пророкува уништување на Храмот во Ерусалим. Секое пророштво што било исполнето до времето на пишувањето на евангелијата, евангелистите го потенцирале тоа. Доколку евангелијата биле напишани после уривањето на Храмот во Ерусалим (70г.) евангелистите со задоволство би го запишале тој детал како доказ дека Исус навистина добро предвидел. Но, такво нешто не читаме во евнагелијата, што значи дека евангелистите не знаеле за тоа, што пак е доказ дека тие ги пишуваат евангелијата пред да се случи тој настан т.е. пред 70 година.
Може уште многу работи да се пишуваат за раното датирање и веродостојноста на евангелијата, но тоа не е тука темата.
 
Па тоа ти барав цело време, да видиме кој напишал, каде напишал и кога напишал. Значи се работи за делото "Против Целзус" од Ориген, каде што Ориген ги разобличува лагите на Целзус.
Што и да напишал Целзус, го напишал 170-180 година. Неговите "мисли" не можат да имаат никаква тежина, никаква веродостојност затоа што тој пишува повеќе од век ипол после Исусовото раѓање.
А за евангелијата има бројни докази дека се напишани од очевидци пред 70та година.
Староста на јазикот на кои се напишани (коине грчкиот) се проценува од тој период. И самиот знаеш дека бабите наши не зборуваат на ист дијалект како и нас, а сепак се работи за човек постар само 50тина години. Јазикот е динамична категорија и скоро секоја деценија излегуваат некои нови зборови, некои се менуваат, а некои престануваат да се користат. Па така, јазикот, речникот, стилот, дијалектот се многу добри алатки за проценувањето на староста на едно историско дело.
Друга работа, во извештаите на евангелијата Исус го пророкува уништување на Храмот во Ерусалим. Секое пророштво што било исполнето до времето на пишувањето на евангелијата, евангелистите го потенцирале тоа. Доколку евангелијата биле напишани после уривањето на Храмот во Ерусалим (70г.) евангелистите со задоволство би го запишале тој детал како доказ дека Исус навистина добро предвидел. Но, такво нешто не читаме во евнагелијата, што значи дека евангелистите не знаеле за тоа, што пак е доказ дека тие ги пишуваат евангелијата пред да се случи тој настан т.е. пред 70 година.
Може уште многу работи да се пишуваат за раното датирање и веродостојноста на евангелијата, но тоа не е тука темата.

Сакаш да кажиш дека пред 120 (а милам и пред 150 година од новата ера НИКОЈ НИКАДЕ не споменал ЕВАНГЕЛИЈЕ, а никој пред 300 година не споменал евангелије по ЈОВАН МАРКО МАТЕЈ ЛУКА.

Значи не постои апсолутно ниту еден податок во ниту еден текст дека некаде постои некое евангелија цели век ипол од раѓањето на Исуса. Коине постоело и 4 века пред Исуса, а постои и денес така да распон кога се напишани евангелијата можи да биди некои 2500 години.

Јас се мислам дека Исус и неговите следбеници иако веројатно го познавале коинето , се служеле со арамејскиот јазик, а првите христијани биле во Ерусалем а не во Атина, така да то што се напишани на коине само значи дека се напишани ПО изгонот на евреите и за потребите на верници надвор од Јудеја.

како и да речеш не ми е познато дали има или постои било каде во светот доказ дека некое евангелие е напишано пред 150 година од новата ера, не се споменуваат ниту во еден текст, не постои ниту еден сочуван дел од тоа време, ниту било кој макар и посредно ги споменал.
 
И македонскиот јазик постои од поодамна, па сепак лесно може да се докаже дали едно писмо си го напишал ти или твојата прабаба пред 70-80 години.
Ракописот "Џаон Риланд" кој содржи текстови од Новиот Завет датира од 125 година.
Евангелијата биле пишувани на коине грчки затоа што тоа бил "англискиот" јазик за тоа време т.е. затоа што евангелистите сакале да го прошират евангелието до пошироката публика, а не само во Јудеја.
Тоа што немаме сочуван ракопис од први век тоа е сосема разбирливо кога ќе се земе предвид начинот на кој се пишувало тоа време и трајноста на папирусните ролни или пак органските кожи. Но тоа не е случај само со евангелијата, туку со сите антички историски дела.
Така на пример Гај Јулие Цезар ги пишува Галските војни во периодот од 100-40 година пред наша ера, а сепак најраните ракописи од ова дело датираат дури 900 години по Христос.
Исто така Тетралогијата на Платон е пишувана во 4 век пред наша ера, а сепак најраните ракописи датираат исто така од 9 век наша ера.
Тацит ги пишува Аналите во 100г, а најраните ракописи датираат од 1100 година.
Херодот го пишува своето дело "Историја" 5 век пред наша ера, а најраниот ракопис датира исто така 900г. по Христос.
Делата на Софокле, Демостен, Аристотел исто така имаат распон од 1000 години меѓу времето во кое биле напишани оригиналите и времето на најраниот најден ракопис, а сепак никој не се сомнева во нивната веродостојност. Патем, од сите нив најдени се само по 7, 8, 10, 20 преживеани ракописи (со исклучок на Софокле од кого се најдени 100 ракописи) како што кажавме цели 1000 години од времето на нивниото пишување.
Додека пак од Новиот Завет најдени се околу 25000 ракописи од кои најраниот датира само неколку децении од времето на пишување. Ниедно историско дело не може да се пофали со толкава историска веродостојност, и објективно гледано, никој нема право да не се сомнева во делата на Јулиј Цезар, Платон, Тацит, Херодот, Софокле, Демостен, Аристотел итн, а да се сомнева во делата на евангелистите. А зошто сме субјективни? Само затоа што тие зборуваат за некој Исус што правел чуда, што воскреснал, што тврдел дека е Син Божји итн?
Разбирам некој да не верува во тоа или да не го прифаќа тоа, но историски да го оспорува е крајно не фер со оглед на високата историчност на Новозаветните документи над другите историски антички дела.
 
Ја промаши поентата, секако дека тацит пишувал во 110 та пошто тогаш тацит и живеел во 110 та, не живеел во 1100 година, али како и да свртиш, сепак, нема ниту едно евангелие или помен на евангелија пред 150 година а имињата на авторите (Лука, Јаков, Марко и Матеј се споменати дури кон 4ти век. Коинето било некој вид интернационален јазик али ти сметаш дека Исус и апостолите зборувале коине !?! во Јудеја?? во секојдневен разговор меѓу себе?? сакаш да пласираш теорија дека Исус на коине држел проповеди на евреи ?!?! Коине бил во широка употреба но повеќе како средство за разбирање на трговци или луѓе од различни нации отколку како секојдневен јазик меѓу евреите.

Отсуството на папируси и текстови од Новиуот завет од период пред 2ри век нова ера не можеш да го правдаш со едноставно материјалот на кој е пишуван пошто останаа папируси од многу постари цивилизации (да не зборувам за написи на камен глина...) уште од древниот Египет. Обичај бил христијаните да врежуваат на стели цитати од новиот завет но за чудо немаме такво нешто пред 2ри век , или не биле писмени или одеднаш обичај да се запишува такво нешто настанал по 2ри век или едноставно не постоеле се уште евангелијата од кои би ги пишувале цитатите.

Значи да заклучиме, докази , матерјални за постоење на евангелијата немаме пред половина на 2ри век од новата ера а како автори прв пат се споменуваат некаде околу 4 ти век. Значи пишани се многу децении по настаните и пишани се од лица кои не биле сведоци на настаните.
 
О, Пресвета Богородице,
преславна похвало на апостолите, ,
тивка радост на мајките,
на болните оздравување,
Госпоѓо, ние грешните слуги Твои.

1)"О, Пресвета Богородице,"-цитат

Дефиниција

Зботот СВЕТ освен што под него луѓето ги подразбираат севкуноста од цивилизациите на сите народи во светот го има и во ангелскиот речник на загатките и значи
БЕЗКОМПРОМИСЕН , НЕОТСТАПЕН ....
Света работа........која нее предмет на договор , компромис , трговија .отстапки

ПА ТАКА ЗА ЗАМИОТ БОГ СЕ ВЕЛИ ДЕКА Е СВЕТ =БЕЗКОМПРОМИСЕН НЕОТСТАПЕН

НИГДЕ НЕ СЕ ВЕЛИ ДЕКА БОГ Е ПРЕСВЕТ.....ПРЕБЕЗКОМПРОМИСЕН.....ИЛИ Е БЕЗКОМПРОМИСЕН ИЛИ НЕЕ НЕМА ШТО ДА БИДЕ ПРЕ-БЕЗКОМПРОМИСЕН

ОВА САМО БОМБАСТИЧНИ НАЗИВИ ДА СЕ ДАДАТ

ЕПА АКО БОГ Е СВЕТ НИГДЕ НЕ СЕ СПОМНУВА ПРЕСВЕТ ( ЗОШТО Е НЕМА ПОТРЕБА ОД БОМБАСТИЧНИ ДОДАВКИ )

КАКО МАРИЈА СТАНАЛА ПОГОЛЕМА ОД БОГ..............ПРЕСВЕТА

И ВО ШТО СЕ СОСТОИ НЕЈЗИНАТА СВЕТОСТ = БЕЗКОМПРОМИСНОСТ



2)"преславна похвало на апостолите", ,- цитат

НИКОЈ ОД АПОСТОЛИТЕ НИТ ЈА КАЖУВА ЗА ПРЕСЛАВНА НИТ ЈА ПОФАЛУВА

3)"тивка радост на мајките, "-цитат...........

ОВА Е МНОГУБОШТВО....И КУЛТ НА ПЛОДНОСТА

4) "на болните оздравување," -цитат

НЕМА ПИСМЕН ДОКАЗ ДЕКА МАРИЈА ИСЦЕЛУВАЛА , ЛЕЧЕЛА ЛУЃЕ ВЕРНИЦИ

5)"Госпоѓо, ние грешните слуги Твои"-цитат

НИГДЕ НЕ СЕ БАРА СЛУГУВАЊЕ НА МАРИЈА
 
LET 3, како што Тацит ги пишува аналите во 100 година затоа што живеел во тоа време и без разлика што најраниот ракопис од аналите датира од 1100 година, ние знаеме дека оригиналите датираат од 100 година, епа ист е случајот и со евангелијата. Бидејќи евангелистите живеле во 1 век и биле очевидци на настаните, ние знаеме дека нивните записи датираат од 1 век т.е. пред 70 година. А само да те потсетам дека од аналите на Тацит се најдени само 20 ракописи кои датираат од 1100 година, за разлика од Новозаветните документи од кои се најдени околу 25000 ракописи од кои најраниот датира од 125 година.

Јас никаде не реков дека Исус и апостолите збореле на коине грчки, туку дека евангелијата биле напишани на коине грчки за да бидат разберени од пошироката публика, а не само од евреите. Но веќе ти го објаснив ова во предходниот коментар, не знам зошто користеше непотребна иронија?
Не е точно дека авторите Матеј, Марко, Лука и Јован се спомнуваат во 4 век.
Папиј (Papias) во првата половина на вториот век ги спомнува Матеј и Марко како автори на евангелијата по Матеј и Марко. Иринеј во 170 година исто така спомнува дека евангелито по Лука и Делата на апостолите се напшани од Лука. Истото во речиси истиот период го потврдуваат и Климент Александриски и Тертулијан. А за евангелието по Јован лесно се покажува преку самото евангелие дека тоа е напишано од апостолот Јован.
Повеќе од јасно е дека раната црква воопшто не спорела дека евангелијата се напишани од Матеј, Марко, Лука и Јован. Впрочем, познато е дека анонимните документи обично добиваат по неколку автори и доколку беше тоа случај со евангелијата, тогаш за тоа ќе имаше апологетски дебати меѓу раните христијани како Иринеј, Тертулијан, Климент Александриски итн. Но таква дебата не постои, туку напротив постои едномисленост околу авторите на евангелијата.
 
LET 3,
Папиј (Papias) во првата половина на вториот век ги спомнува Матеј и Марко како автори на евангелијата по Матеј и Марко.

A во кое тоа дело Папиас тоа го кажува !?
 
Култот на Марија








ЗАЧЕТОЦИТЕ НА КУЛТОТ НА МАРИЈА

Од средниот век наваму, источната црква полека на мала врата, во своето практикување го внесе и обожувањето, односно култот на Марија, мајката на Исус. Почетоците на оваа ерес се наоѓаат некаде по Ефешкиот Собор, во 5 век, но вистинската слика ја добива тек околу 7 век, значи речиси 800 години после Христовата служба, и животот на Марија.

Ересот започнува речиси наивно, со несмасната изјава на Отците во 431 година дека Марија е Бого-Родица, (Теотокос), односно дека преку нејзе е роден самиот Бог - Христос, а не само човек. Интересното е што дебатата на самиот Собор, воопшто не била околу природата на Марија, туку природата на Христос. Отците биле соочени со ересот на Несторие, кој тврдел дека таа го родила само Христос (Месијата) а не и Господ.

Така Отците ја приковале изјавата Теотокос (Богородица) со тоа бранејќи го правоверниот симбол дека Христос е Бог. Кирил Александриски јасно во својата одбрана вели дека тоа не имплицира ништо за природата на Марија, туку за природата на Христос.

Но, Констатиновото наследство, тука видело одлична прилика да терминот биде употребен за пропагандни цели во придобивање на паганските маси, кои биле навикнати во паганските религии да обожуваат божици и ереста започнува да се шири под патронатот на религиско-политичката симбиоза.

Во таа линија започнува еретичкото ширење на идејата, дека самата Марија му ја дала на Христос Божествената природа, и на еден начин таа станува поголема од него. Доказ за збрката се и Коранските стихови кои несмасно во 8 век сфатиле дека Марија е дури дел од Тројството.


Прашања водилки низ темава:
Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?
Како постапувале раните христијани кон Марија?
Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?


Што вели Библијата за улогата на Марија, мајката на Исус?

Марија мајката на Исус има епизодна, измешана улога во Светото Писмо. Прво што станува јасно на секој читател на Новиот завет е дека таа игра навистина многу кратка и епизодна улога.
Впрочем, Марија не е ниту спомната во писанијата на Апостолот Павле, Петар, Јаков, Јуда, Јован. Исто така, во Евангелието по Марко и во Евангелието по Јован не е спомнато нејзиното раѓање на Исус Христос. Зар е можно Марија да има толку значајна улога во животот на црквата и на христијаните, а сите овие Библиски писатели, Апостоли и Евангелисти да не ја увидат таа нејзина важност?
Второто што е интересно е дека Марија, таму каде што е спомната, не е опишана во суперлативи, туку најчесто е критикувана. Во целото Свето Писмо опишани се само 6 случки од животот на Марија, а во три од нив, таа е укорена од Исус. Еве ги тие случки:
(1) Раѓањето на Исус
(2) Принесувањето во храмот (како бебе)
(3) Одењето во храмот (како дете)
(4) Свадбата во Кана
(5) Доаѓањето при проповедта на Исус
(6) Пред Исусовиот крст


Во три од овие случки (под редните броеви 3, 4 и 5) Марија е укорена од Исус заради нејзиното слабо разбирање на духовните вистини. Еве ги тие моменти:

3. (Доаѓањето во Храмот, Лука 2:43-50)
И кога ги поминаа деновите, на враќање дома, Детето Исус остана во Ерусалим, а Неговите родители не знаеја за тоа, туку, мислејќи дека е меѓу сопатниците, изминаа еден ден пат и Го бараа меѓу роднините и познатите. И кога не Го најдоа, се вратија во Ерусалим да Го бараат. И по три дни Го најдоа во Храмот како седи меѓу учителите, ги слуша и ги прашува. А сите кои Го слушаа им се восхитуваа на Неговиот ум и на одговорите. Кога Го видоа се зачудија и мајка Му Му рече: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко Ти и јас се измачивме, барајќи Те.” Тој им рече: „Зошто Ме баравте? Зар не знаете дека Јас треба да бидам во она, кое што е на Мојот Татко?” Но тие не го разбраа зборот што им го рече

Уште во првиот дијалог запишан во Библијата меѓу Исус и Марија, станува јасно дека Марија нема солидно разбирање за духовната служба на Исус, и е укорена заради тоа.

4. (Свадбата во Кана, Евангелие по Јован 2:3-4)
Кога сврши виното, Му рече на Исуса Неговата мајка: „Немаат вино.”
Исус и одговори: „Што имам Јас со тебе, жено? Уште не дошол Мојот час


Впечатлив е остриот тон со кој Исус и се обраќа на Марија, дури нарекувајќи ја „жено“, наместо „мајко“. Впрочем, интересен е фактот што Исус во евангелијата никаде, апсолутно никаде не ја нарекува блажената Марија "мајко", туку секаде и се обраќа со "жено".
Лично верувам дека Исус ова го направил промислено за да не остави простор за нејзино обожавање и за да не им даде изговор на
идните нејзини обожаватели да ја слават, да и се поклонуваат и да и се молат како што тоа денес за жал се прави нашироко и незауздано.

5. (Доаѓањето при проповедта на Исус, Матеј 12:46-50; Марко 3:32-35; Лука 8:19-21)
Додека Тој уште им зборуваше на мноштвата, ете, мајка Му и браќата Негови стоеја надвор и сакаа да Му зборуваат. И некој Му рече: „Еве, мајка Ти и Твоите браќа стојат надвор и сакаат да Ти зборуваат.” А Тој во одговор му рече на оној, кој му кажа: „Која е Мојата мајка, и кои се Моите браќа?” И ја протегна Својата рака кон Своите ученици и рече: „Еве ја Мојата мајка и Моите браќа; зашто, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата, тој Ми е брат, и сестра, и мајка“.

Од последниов стих конечно дознаваме кои се вистинските роднини (мајка, брат, сестра) на Исус - Неговото духовно семејство, а не Неговите крвни роднини. Интересен е фактот што Исус никаде не ја нарекува блажената Марија "мајко" (туку секаде во евангелијата и се обраќа со "жено"), а сепак во горниот случај гледаме дека Исус ги нарекува Своите ученици своја мајка.
Оттука гледаме дека Исус не и дава никаков приоритет на блажената Марија како Своја мајка, туку јасно потенцира дека сите Негови ученици се Негова мајка, браќа и сестри.

Освен овие три случки, запишан е уште еден дијалог со Исус, во кој се спомнува Неговата мајка (иако не била присутна во тој момент). Всушност, една жена доаѓа кај Исус воодушевена од Него, но заради тоа ја благословува мајката на Исус. Еве го дијалогот во целост:

„Додека Исус го кажуваше ова, од народот се огласи една жена, и рече: „Благословена е жената што Те родила и одгледала!“ Тој и одговори: „Уште поблагословени се оние што ја слушаат Божјата порака и ја спроведуваат во дело!““ (Лука 11:27, 28)

Уште еднаш се гледа дека Исус не и придавал никакво посебно значење на Марија како Негова мајка, туку напротив повторно ја приземјува нејзината улога, велејќи дека поблагословен од неа е секој послушен христијанин.

Се разбира, не е важно само тоа што Библијата и Исус го велат за Марија, туку важно е и тоа што НЕ го вели. Никаде во Светото Писмо Марија не е наречена Владичица, Пресвета, Пречиста, Пренепорочна, Преблагословена, Најголемата, Спасителка, па дури никаде не е наречена ниту Богородица. Овој факт не смее да се занемари. Исто така, никаде не се спомнати молитви кон Марија. Никаде ниту Исус, ниту Апостолите, ниту Евангелистите не напишале дека треба да и се молиме на Марија. Напротив, во Светото Писмо се осудува секоја молитва која не е упатена кон Бог.

Никаде во целото Свето Писмо (Библијата) не е запишано ниту едно чудо кое Марија го направила. Дури, гледаме дека при свадбата во Кана, таа го молеше Исус да направи чудо. Зошто би го молела, ако самата имаше таква моќ? Зошто самата не ја претвори водата во вино?

Едноставно, Светото Писмо вели дека Марија „нашла милост пред Бог“ (Лука 1:30) за да биде родилка на Исус. Штом е заради милост, јасно е дека не е заради заслуги. Исус никаде во своите бројни проповеди не рече дека Марија е одличен пример, никаде не спомна ниту дека треба да и се молиме.


Како постапувале раните христијани кон Марија?

Освен Библијата, интересно е да се забележи и дека раните христијани не и придавале никакво посебно место на Марија.

На пример, нема никаква потврда од најраните историски записи, дека со телото на Марија се случило било што мистериозно. Нејзиниот гроб (иако не е научно верифициран) најверојатно се наоѓа во Ерусалим, спротивно на тврдењата дека живеела и умрела во Ефес (денешен Измир, некои 1500 км подалеку). За тоа време, нечуено е мртво тело да се пренесува на толкава огромна оддалеченост пред да биде закопано.

Најраните шпекулации и измислувања на неточни приказни за животот и смртта на Марија се појавуваат тек околу 5 века после нејзиниот живот. Се започнува со дебатата на Третиот Вселенски Собор (431 г.) околу тоа како да се нарече Марија: Христородица или Богородица? Во таа дебата, во која христијаните биле остро поделени, преовладува мислењето дека зборот Христородица може да имплицира дека Христос не е Бог и затоа е подобро да се каже Богородица. Забележително е од документите на овој Вселенски Собор, дека темата не била Марија, туку Исус. Заради почитта кон божественоста на Исус, христијаните од 5-тиот век не сакале да остават никаков сомнеж дека тој навистина е Бог. Кирил Александриски кој го застапувал гледиштето дека треба да се користи терминот „Богородица“, јасно истакнува дека овој збор не имплицира ништо за природата на Марија, туку единствено имплицира нешто за природата на Исус.

Но оваа несмасна терминологија, која за прв пат се користи за Марија, ќе биде вешто искористена од спрегата на политичката-црковната власт, која ќе сака христијанството да го направи единствена религија во Римската империја. Наместо да ги искоренуваат паганските божици од свеста на варварското население, тие смислиле навидум Соломонско решение: наместо паганските божици, сега луѓето ќе можат да ја светкуваат христијанската Богородица.

Зачудува фактот што се до 6-8 век, немаме никакви записи за наводното чудесно раѓање на Марија, за нејзиното наводно вознесение, ниту за нејзините чуда. Зар е можно во првите 6 векови (оние кои биле најблиску до самите случувања) никој од раните христијани да не запишал дека Марија имала безгрешно зачнување, дека имала чудотворна моќ, дека не умрела туку се вознела на небото? Зошто ова не го наоѓаме ниту во списите на Иринеј, ниту Тертулијан, ниту Августин, ниту Ориген, ниту Јован Златоуст, ниту Јероним, ниту во ниту еден од раните црковни мислители?

Зошто дури имаме и спротивни изјави, како онаа на Кипарскиот Митрополит и светец според Православната црква Епифаниј, кој во 377 година запишал дека „никој не знае како завршила Марија“? Ако никој не знаел се до 377 година, како тоа некој „дознал“ во 600 или 700 година? Јасно е дека записите од 6-8 век за животот на Марија се фалсификати, бидејќи тоа би било слично како ние денес да пишуваме за животот на царот Самоил, кои претходно никој не ги запишал!

Дали е оправдано да се продолжи со молење и обожување на Марија?

Штом е јасно дека во Светото Писмо Марија игра епизодна и честопати негативна улога, а исто така е очигледно и дека раното христијанство 600 години не ја обожувало Марија, тогаш оправдано ли е ние денес да и се молиме и да ја обожуваме?

За оние кои сакаат да бидат доследни на учењето на Христос, на Евангелистите и на Апостолите, како и на праксата на раните христијани, одговорот е едноставен: не! Ние можеме да продолжиме со праксата на молење кон Марија, но само со претходната свест дека сме отстапиле од вистинското христијанско учење и сме прифатиле лажни учења од средниот век.

Сепак жално е што некои христијански служители продолжуваат да го промовираат култот на Марија, бидејќи претставува еден од најдоходовните приходи. Но со ова тие прават опасен грев и преседан: бидејќи наместо чистата Божја наука, тие проповедаат исклучиво заради своја материјална добит.

Особено одвратни во Божјите очи се празниците посветени на Марија, кои во нашиот народ се претворени во најобични панаѓури. Луѓето наместо црквите да ги користат како места на кои можат да се поучат за Бога, да му се помолат и да го обожуваат, тие одат за да си купат гаќи, чорапи, влечки, амајлии, за да се нагостат и напијат. Гнасно е Божјиот дом да се претвора во стоковна куќа или во кафана.

Се надеваме дека овој напис ќе даде свој скромен придонес кон освестувањето на македонската јавност од искривената претстава што ја имаме како Македонци за Марија, како и враќање кон искрената и чиста вера проповедана од Христос и од Апостолите.
zosto ja iskrivuvate vistinata i pravoto ucene za majkata bozja
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom