О, Пресвета Богородице... возвишена проповед на пророците,
Ако некој што не ја познава Библијата го прочита ова, неизбежно ќе си помисли дека старозаветните пророци цело време за Марија пророкувале и ќе си помисли којзнае колку пророштва има во Стариот Завет за Марија... а уствари "возвишената проповед на пророците" се состои само од едно пророштво на само еден пророк..
"Затоа, Господ Сам ќе ви даде знак: Еве девица ќе зачне и ќе роди син и ќе му даде име Емануел (Бог со нас)"
(
Исаија 7:14)
Како што можеме да видиме, дури овде, фокусот на пророштвото не е девицата, туку Исус Христос, кој тука е наречен "Емануел" што на староеврејски значи "Бог со нас".
Но чекајте малку, зошто само 1 пророштво? Па зарем makarios во неговата молитва до Марија не ја нарекува неа "возвишената проповед на
пророците"? Зарем не алудираше ова на десетици или можеби стотици пророштва за Марија во Стариот Завет? Или можеби најмалку 2 пророка за да може барем да биде издржано тоа што во молитвата тоа "пророци" е кажано во множина?
Интересно е тоа што во Стариот Завет има повеќе пророштва за предавникот Јуда, отколку за блажената Марија.
Пророштвата кои го вклучуваат предавникот Јуда се многу детални... цитирам..
"А и мојот пријател, во кого имав доверба, кој јадеше мој леб, ја крена петицата против мене."
(
Псалм 41:9)
Исполнување:
"Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.”... Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.” И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот."
(
Јован 13:21-26)
Потоа следува пророштвото...
"Тогаш им реков: 'Ако ви е добро тоа, дајте ми плата; ако не е, не ми давајте.' Тие ми ја одмерија платата триесет сребреници."
(
Захарија 11:12)
Исполнување:
"Тој (Јуда) праша: 'што ќе ми дадете, за да ви Го предадам?' А тие му предложија триесет сребреници."
(
Матеј 26:15)
Пророштвото продолжува со неверојатни детали...
"А Господ ми рече: 'Фрли ја во ризницата таа убава цена со која Ме оценија!' Јас ги зедов триесетте сребреници и ги фрлив во ризницата на Господовиот Дом."
(
Захарија 11:13)
Исполнување:
"Тогаш Јуда, кој го предаде, откако виде дека Го осудија, се покаја и им ги врати триесетте сребреници на првосвештениците и старешините, велејќи: 'згрешив, зашто предадов невина крв'. А тие му рекоа: 'што не засега тоа нас? Твоја работа!' Тогаш ги фрли сребрениците во Храмот, излезе и отиде, па се обеси!"
(
Матеј 27:3-6)
Хммм интересно зарем не? За предавникот Јуда има повеќе пророштва од онаа која православните ја нарекуваат "возвишената проповед на пророците"?
Но зошто е тоа така? Дали Бог можеби уште во Стариот Завет не сакал да остави простор за обожавање на Марија? Дали Бог можеби знаел дека еден ден Марија ќе биде многу повеќе обожвана од Господ Исус Христос, па можеби затоа само еднаш ја спомнал во Стариот Завет за да не им остави изговор на нејзините поклоници?
Но, за жал, како што гледаме и тоа не помага. Иако Светото Писмо одвај еднаш ја спомнува Марија во Стариот Завет т.е. помалку од предавникот Јуда, сепак Маријанците замижуваат пред вистината на Светото Писмо и повторно си ја нарекуват "возвишената проповед на пророците" сонувајќи во нивната заблуда дека пророците само за Марија проповедале и пророкувале.