VoniVaraS
Искусен :)
- Член од
- 20 април 2009
- Мислења
- 543
- Поени од реакции
- 328
Значи не сфаќам една работа.
Зар постојат луѓе, кои попрво би дозволиле да настрада некоја невина личност, отколку еден пес?
Бидејќи по некои постови така ми се чини мене.
Добро бе луѓе ај малце размислете што пишувате.
Види вака девојко од соништата, јас пак на пример уште помалку можам да разберам како постојат толку многу луѓе (поготово на форумов) кои што така лесно изговараат реченици како:
„Да се убијат сите“
„Најефтино е да ги заколеме сите, не вредат ни куршуми да се трошат на нив“
„Ми ги крадат патиките заслужуваат да умрат“
.
.
.
Слободно врати се на предходните вакви постови и дополни го списоков.
Кучињата не се диви животни туку се припитомени “створени“ од човекот.
Во зависност од своите себични потреби човекот одгледал разно разни раси на кучиња (од салонски клопчиња крзно до издресирани убијци) и се со цел да ги искористува.
Е сеа ќе ми речете не правиме муабет за расни кучиња. Па уличните во основа се поранечни домашни миленици напуштени од несовесни сопственици и оставени по сопствен избор да се парат различни раси. И со тоа не е изгубена нивната приврзаност кон луѓето (не стануваат диви) само си го имаат зајакнато имунолошкиот систем. (изгледот на кучето не е битен во муабетов)
Во основа кучињата се многу доверливи и пријатески расположени кон луѓето ако правилно се постапува со нив.
Ако децата од една зграда да речеме имаат совесни, културни и доблесни родители, и тие родители ги воспитуваат дека дека не треба да се малтретираат животните, дека треба со љубов да се пристапува кон нив. Да им се објаснат основните знаци по коим може да се распознае со какво расположение е кучето (дали е питомо или агресивно)
И децата наместо да ги маваат со камења и стапови кучињата, понекогаш им дадат парче од седнвичот (или тостот) што во моментот го јадат, или пак им донесат малку од храната што му ја даваат на кучето што дома си го чуваат, нема никогаш да имаат непријатности со уличните околни кучиња и секогаш ќе можат и да си поиграат и развеселат со нив.
Ова не е измислено и утопија туку е конкретен пример од една зграда во аеродром. Децата од зградата се прекрасни и многу внимателни кон сите животни (си чуваат и мачки). Кога една кучка се окучи децава се ангажираа и и помагаа (ја хранеа и направија засолниште) а после тоа многу напори вложија и да ги вдомат малите кученца.
Во еден пост беше кажано „тоа се животињи и не може да им се верува“
Верувајте ако ги погледнете со вистински очи (не со очи полни со злоба и омраза) од нивниот поглед ќе добиете многу искрен и јасен одговор на што сте, дали може да го погалите или подобро да се држите на страна (ако не е расположено).
Ако се учат децата дека тоа се ЖИВОТИЊИ и дека се невредни, дека е дозволено да се измачуваат малтретираат па дури и да се убијат. Ако прва реакција на детето кога ќе види куче наместо да биде:
„здраво другаче како си денес, сакаш да си играме“ е
- да земе камен или стап и да почне да го мава и малтретира, сами дојдете си до заклучок каква личност ќе произлезе од тоа дете.
Сватете веќе еднаш, кучињата (впрочем и сите животни) не се сами по себе нит злобни нит надмени (од типот еј појак сум од овој сеа ќе го малтретирам и заебавам). Тие само соодветно реагираат на вашиот пристап кон нив и од предходно што научиле како луѓето постапувале со нив. Кучињата ние ги учиме и колку понеиживеани, агрсивни и наслини луѓе толку повеќе и немили настани со кучиња.
Бидејќи никој не се изјасни дека е спремен лично да го изврши масакрот за кој се залагате, продолжете си со “воајерскиот“ крвожеден муабет.
(ова последново е за тие што рекоа „па ТИ ништо не превземаш“ - повелете превземете вие и чувствувајтесе “убаво“)