Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
Значи не сфаќам една работа.
Зар постојат луѓе, кои попрво би дозволиле да настрада некоја невина личност, отколку еден пес?
Бидејќи по некои постови така ми се чини мене.
Добро бе луѓе ај малце размислете што пишувате.

Види вака девојко од соништата, јас пак на пример уште помалку можам да разберам како постојат толку многу луѓе (поготово на форумов) кои што така лесно изговараат реченици како:
„Да се убијат сите“
„Најефтино е да ги заколеме сите, не вредат ни куршуми да се трошат на нив“
„Ми ги крадат патиките заслужуваат да умрат“
.
.
.

Слободно врати се на предходните вакви постови и дополни го списоков.
Кучињата не се диви животни туку се припитомени “створени“ од човекот.
Во зависност од своите себични потреби човекот одгледал разно разни раси на кучиња (од салонски клопчиња крзно до издресирани убијци) и се со цел да ги искористува.
Е сеа ќе ми речете не правиме муабет за расни кучиња. Па уличните во основа се поранечни домашни миленици напуштени од несовесни сопственици и оставени по сопствен избор да се парат различни раси. И со тоа не е изгубена нивната приврзаност кон луѓето (не стануваат диви) само си го имаат зајакнато имунолошкиот систем. (изгледот на кучето не е битен во муабетов)
Во основа кучињата се многу доверливи и пријатески расположени кон луѓето ако правилно се постапува со нив.
Ако децата од една зграда да речеме имаат совесни, културни и доблесни родители, и тие родители ги воспитуваат дека дека не треба да се малтретираат животните, дека треба со љубов да се пристапува кон нив. Да им се објаснат основните знаци по коим може да се распознае со какво расположение е кучето (дали е питомо или агресивно)
И децата наместо да ги маваат со камења и стапови кучињата, понекогаш им дадат парче од седнвичот (или тостот) што во моментот го јадат, или пак им донесат малку од храната што му ја даваат на кучето што дома си го чуваат, нема никогаш да имаат непријатности со уличните околни кучиња и секогаш ќе можат и да си поиграат и развеселат со нив.
Ова не е измислено и утопија туку е конкретен пример од една зграда во аеродром. Децата од зградата се прекрасни и многу внимателни кон сите животни (си чуваат и мачки). Кога една кучка се окучи децава се ангажираа и и помагаа (ја хранеа и направија засолниште) а после тоа многу напори вложија и да ги вдомат малите кученца.
Во еден пост беше кажано „тоа се животињи и не може да им се верува“
Верувајте ако ги погледнете со вистински очи (не со очи полни со злоба и омраза) од нивниот поглед ќе добиете многу искрен и јасен одговор на што сте, дали може да го погалите или подобро да се држите на страна (ако не е расположено).
Ако се учат децата дека тоа се ЖИВОТИЊИ и дека се невредни, дека е дозволено да се измачуваат малтретираат па дури и да се убијат. Ако прва реакција на детето кога ќе види куче наместо да биде:
„здраво другаче како си денес, сакаш да си играме“ е
- да земе камен или стап и да почне да го мава и малтретира, сами дојдете си до заклучок каква личност ќе произлезе од тоа дете.

Сватете веќе еднаш, кучињата (впрочем и сите животни) не се сами по себе нит злобни нит надмени (од типот еј појак сум од овој сеа ќе го малтретирам и заебавам). Тие само соодветно реагираат на вашиот пристап кон нив и од предходно што научиле како луѓето постапувале со нив. Кучињата ние ги учиме и колку понеиживеани, агрсивни и наслини луѓе толку повеќе и немили настани со кучиња.

Бидејќи никој не се изјасни дека е спремен лично да го изврши масакрот за кој се залагате, продолжете си со “воајерскиот“ крвожеден муабет.
(ова последново е за тие што рекоа „па ТИ ништо не превземаш“ - повелете превземете вие и чувствувајтесе “убаво“)
 
На оваа финта дури и обучен дресер може да се заебе, какво гледање во очи.
Еве споменав пред некоја страна дека мажјаците стануваат агресивни во група и при парење на женка. Оној случај кај Тинекс ме потсетува на тоа. Ај биди сигурен дека не е моментот кога ради хормони ќе ти се пушти глутница, ради женка.
Ова само во Индија, Бангладеш..., а каде ние припаѓаме (и откако добивме дозвола за прошетка низ еу) таму вакви работи нема-не се дозволени. Зошто инаку при каснување препорака е да се најде кучето, затоа што е едно едино, а не како во Скопје, на секое ќоше по 5-6 кои се натпреваруваат кое посилно ќе залае и кое побрзо ќе се затрча кон велосипедист, моторџија, пешак-па и возило.

Примерите навистина не соодветствуваат на ова што го гледаме секојдневно. Како серијата _Наше маало, братство единство, а на форуми и во реалност сме раздвоени со железна завеса.

Бидејќи никој не се изјасни дека е спремен лично да го изврши масакрот за кој се залагате, продолжете си со “воајерскиот“ крвожеден муабет.
Никој не сака масакр, едноставно да ги нема на улица, да заличиме на еден европски град, таму и припаѓаме. Тој што сака куче нека чува, нека има 10, ама надвор од двор или пуштено не. Си има норми на урбано живеење, секако дека нема кокошки и овци да чуваме-питоми се, не ни касаат-имаме ќар од нив, ама норми си се норми. Затоа е пропишано во градскиот дел дека е забрането чување таков вид животни.
 
Слободно врати се на предходните вакви постови и дополни го списоков.
Кучињата не се диви животни туку се припитомени “створени“ од човекот.
Во зависност од своите себични потреби човекот одгледал разно разни раси на кучиња (од салонски клопчиња крзно до издресирани убијци) и се со цел да ги искористува.
Е сеа ќе ми речете не правиме муабет за расни кучиња. Па уличните во основа се поранечни домашни миленици напуштени од несовесни сопственици и оставени по сопствен избор да се парат различни раси. И со тоа не е изгубена нивната приврзаност кон луѓето (не стануваат диви) само си го имаат зајакнато имунолошкиот систем. (изгледот на кучето не е битен во муабетов)
Во основа кучињата се многу доверливи и пријатески расположени кон луѓето ако правилно се постапува со нив.
Ако децата од една зграда да речеме имаат совесни, културни и доблесни родители, и тие родители ги воспитуваат дека дека не треба да се малтретираат животните, дека треба со љубов да се пристапува кон нив. Да им се објаснат основните знаци по коим може да се распознае со какво расположение е кучето (дали е питомо или агресивно)
И децата наместо да ги маваат со камења и стапови кучињата, понекогаш им дадат парче од седнвичот (или тостот) што во моментот го јадат, или пак им донесат малку од храната што му ја даваат на кучето што дома си го чуваат, нема никогаш да имаат непријатности со уличните околни кучиња и секогаш ќе можат и да си поиграат и развеселат со нив.
Ова не е измислено и утопија туку е конкретен пример од една зграда во аеродром. Децата од зградата се прекрасни и многу внимателни кон сите животни (си чуваат и мачки). Кога една кучка се окучи децава се ангажираа и и помагаа (ја хранеа и направија засолниште) а после тоа многу напори вложија и да ги вдомат малите кученца.
Во еден пост беше кажано „тоа се животињи и не може да им се верува“
Верувајте ако ги погледнете со вистински очи (не со очи полни со злоба и омраза) од нивниот поглед ќе добиете многу искрен и јасен одговор на што сте, дали може да го погалите или подобро да се држите на страна (ако не е расположено).
Ако се учат децата дека тоа се ЖИВОТИЊИ и дека се невредни, дека е дозволено да се измачуваат малтретираат па дури и да се убијат. Ако прва реакција на детето кога ќе види куче наместо да биде:
„здраво другаче како си денес, сакаш да си играме“ е
- да земе камен или стап и да почне да го мава и малтретира, сами дојдете си до заклучок каква личност ќе произлезе од тоа дете.

Сватете веќе еднаш, кучињата (впрочем и сите животни) не се сами по себе нит злобни нит надмени (од типот еј појак сум од овој сеа ќе го малтретирам и заебавам). Тие само соодветно реагираат на вашиот пристап кон нив и од предходно што научиле како луѓето постапувале со нив. Кучињата ние ги учиме и колку понеиживеани, агрсивни и наслини луѓе толку повеќе и немили настани со кучиња.

Бидејќи никој не се изјасни дека е спремен лично да го изврши масакрот за кој се залагате, продолжете си со “воајерскиот“ крвожеден муабет.
(ова последново е за тие што рекоа „па ТИ ништо не превземаш“ - повелете превземете вие и чувствувајтесе “убаво“)

Јас сум хуман и ги сакам кучињата, бла бла, тие ни се пријатели, дајте им дел од сендвичот, вдомете ги, бла бла... Итн :) Ова за да ти го сумирам постот. А сега дел по дел:

За првиот здебелен цитат, не ми е јасно - што да прајме со невоспитаните деца? Ја би да ги оставиме на побеснати кучиња, зашто. нели така, тие го заслужуваат тоа :)) Со каков образ родителите го пуштиле своето 8 годишно дете да фрла камења по куче!? Море ја викам и родителите да ги искористиме кајко дополнителни протеини за слатките мали кученца, а?

Јас сендвич или пари не давам на циганчињата на семафори, па на кучето ќе давам! Што е со муабетов? Не сме сите човекољупци, животинољупци и не знам што... Не сум задолжена да ги хранат маалските пци, како што не би сакала да го прават тоа моите деца. Си имам дома животни - нив ги хранам. И слободно можам поради тоа да сум наречена нехумана, само сум искрена и го кажувам тоа што повеќето го мислат.

Третиот дел - јас би, неколку кај мене во маало.. Едното ќе ја изедеше сестра ми - која, верувал или не, обожава животни, улични мачки по дома чуваме поради неа... Сигурна сум дека не ни помислила да го повреди! Или ох, требало во нежните му очиња да погкледне?!
 
Види вака девојко од соништата, јас пак на пример уште помалку можам да разберам како постојат толку многу луѓе (поготово на форумов) кои што така лесно изговараат реченици како:
„Да се убијат сите“
„Најефтино е да ги заколеме сите, не вредат ни куршуми да се трошат на нив“
„Ми ги крадат патиките заслужуваат да умрат“
.
.
.

Слободно врати се на предходните вакви постови и дополни го списоков.
Кучињата не се диви животни туку се припитомени “створени“ од човекот.
Во зависност од своите себични потреби човекот одгледал разно разни раси на кучиња (од салонски клопчиња крзно до издресирани убијци) и се со цел да ги искористува.
Е сеа ќе ми речете не правиме муабет за расни кучиња. Па уличните во основа се поранечни домашни миленици напуштени од несовесни сопственици и оставени по сопствен избор да се парат различни раси. И со тоа не е изгубена нивната приврзаност кон луѓето (не стануваат диви) само си го имаат зајакнато имунолошкиот систем. (изгледот на кучето не е битен во муабетов)
Во основа кучињата се многу доверливи и пријатески расположени кон луѓето ако правилно се постапува со нив.
Ако децата од една зграда да речеме имаат совесни, културни и доблесни родители, и тие родители ги воспитуваат дека дека не треба да се малтретираат животните, дека треба со љубов да се пристапува кон нив. Да им се објаснат основните знаци по коим може да се распознае со какво расположение е кучето (дали е питомо или агресивно)
И децата наместо да ги маваат со камења и стапови кучињата, понекогаш им дадат парче од седнвичот (или тостот) што во моментот го јадат, или пак им донесат малку од храната што му ја даваат на кучето што дома си го чуваат, нема никогаш да имаат непријатности со уличните околни кучиња и секогаш ќе можат и да си поиграат и развеселат со нив.
Ова не е измислено и утопија туку е конкретен пример од една зграда во аеродром. Децата од зградата се прекрасни и многу внимателни кон сите животни (си чуваат и мачки). Кога една кучка се окучи децава се ангажираа и и помагаа (ја хранеа и направија засолниште) а после тоа многу напори вложија и да ги вдомат малите кученца.
Во еден пост беше кажано „тоа се животињи и не може да им се верува“
Верувајте ако ги погледнете со вистински очи (не со очи полни со злоба и омраза) од нивниот поглед ќе добиете многу искрен и јасен одговор на што сте, дали може да го погалите или подобро да се држите на страна (ако не е расположено).
Ако се учат децата дека тоа се ЖИВОТИЊИ и дека се невредни, дека е дозволено да се измачуваат малтретираат па дури и да се убијат. Ако прва реакција на детето кога ќе види куче наместо да биде:
„здраво другаче како си денес, сакаш да си играме“ е
- да земе камен или стап и да почне да го мава и малтретира, сами дојдете си до заклучок каква личност ќе произлезе од тоа дете.

Сватете веќе еднаш, кучињата (впрочем и сите животни) не се сами по себе нит злобни нит надмени (од типот еј појак сум од овој сеа ќе го малтретирам и заебавам). Тие само соодветно реагираат на вашиот пристап кон нив и од предходно што научиле како луѓето постапувале со нив. Кучињата ние ги учиме и колку понеиживеани, агрсивни и наслини луѓе толку повеќе и немили настани со кучиња.

Бидејќи никој не се изјасни дека е спремен лично да го изврши масакрот за кој се залагате, продолжете си со “воајерскиот“ крвожеден муабет.
(ова последново е за тие што рекоа „па ТИ ништо не превземаш“ - повелете превземете вие и чувствувајтесе “убаво“)

Ок .. значи јас не сум од злобните и стварно сметам дека треба да има услови и прифатилишта ... ама ако виде погоре дадов конкретен пример за град каде закон забранува убивање на кучиња скитници , имаат програма за кастрациа , и имаат ограничена прифатливост во прифатилиштата ... И таму во тој пост кажав дека по никаков начин не се решил проблемот .. заправо сега во моментов во Софиа и понатаму имаат по 3 - 4 напади врз луге месечно ... Стварно не зборам од злоба .. ги сакам сите животни .. ама не мислам дека заради нивната добро состојба треба да ми е страв да излезам на улица во одредени периоди од денот или годината .
А за кучката на зградата .. па да има изолирани случаи каде се случуваат такви работи ... ама се изолирани случаи ... проблемот е што најчесто точно децата кои идат од таква средина страдаат бидејки незнаат да се плашат од бездомниците и порано или покасно налетуваат на глутница или бездомно куче кое не е им мисли добро ...
 
Многу грди работи прочитав на оваа тема. Многу понеубави него на времето на подфорумот „политика и вести“.
Никој со стап не не тера да правиме избор помеѓу: успиј ги или пушти ги нека талкаат по улиците. Се вадиме од памет од новата политичка дефиниција на црно-белиот свет а во секој сегмент се манифестира нашата ограниченост.
Треба да се најде начин, треба да се изнајде решение, треба во еден цивилизиран свет да почнеме конструктивно да размислуваме.
Не ме интересира мислење на некој полуограничен административец со немање на опции за решавање.
И доста со идиотски размислувања од типот: луге има незгрижени ние кучиња ќе гледаме!
Од некаде мора да се почне. Секое безредие има многу добро алиби: има поважни работи за средување. Не е така. Се средува прв тековен проблем.
Човечноста е комплексна работа а доблеста на еден човек ја има како предуслов.
 
А како?
еве од Силен постот
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=2731304&postcount=1111
каде го пишува ова
Би сакал некој од вас да даде предлог кој е навистина реално можен, не само треба ова треба она!

Што е реално?

Никој нема да гради нов стационар за 10 000 кучиња ниту пак повеќе такви. Ресурси и луѓе ќе требаат и во оваа криза и безработица никој тоа нема да го прави.

Дајте реално решение!
Значи при секоја критика вакви реченици би требало да ви врват пред очи. И секако да се запазат нормите на живеење во град-нормален град во нормална држава.
 
Се средува прв тековен проблем.

Проблемот со кучињата скитници за мене не е тековен и најважен проблем. Имаме ние многу поголеми, ужасно поголеми проблеми за да го решиме проблемот со нив на долги стази. Башка, за душата на кучето можеби доволно би било да се изгради стационар за 5.000 кучиња, ама тоа како прво е економски неиздржливо (за да прехраниш едно куче имаш горе-долу ист трошок како да прехраниш еден човек, значи конверзираме во 5.000 луѓе овде) а како второ и нема поента, кучето е домашно животно и му треба дом, за да биде среќно до крајот на неговиот кучешки живот со неговиот среќен сопственик. Значи првото е нереално, хардкор фантазија, а второто е невозможно, исто така хардкор фантазија. Единствено решение (освен успивањето) е да се остават да живеат, по улици и сокаци, болни гладни и по малку луди... ама пак тоа решение голем дел од населението не го прифаќа.
 
Никој не вели не! Зошто прво нив не ги решава Г-динот него ова му е еден од приоритетите?
Да се најде во муабет?!?
Во недостаток на идеи, искуство, финансии и слично се бараат слични ситуации во другите земји. И секак треба да се има на ум дека постојат посебни фондови на друштва на заштита на животните кои помагаат во решавањето на слични проблеми.

Значи, јас верувам дека и ти и редица други членови не мислат ништо лошо но не можам да сватам што размислувањето нема никаква насока во макар и хипотетичките решениа.
Или-или! Во кој век живееме! Мал додаток: јас лично сметам дека Г-динот сериозно пати од недостиг на идеи и конструктивни заклучоци, фала Богу постојат слични организации и фондации.
 
Јас дадов едно реално и добро за сите решение: невладината нивна да напишеше проект одамна (најмалку 5 години постои) и да направеше се што треба за да уличните кучиња живеат со достоинство, и веројатно со свој дом. Дури и ти ми спомнуваш посебни фондови на друштва за заштита на животните... татко ми пари нема да земе од тие фондови, ама невладинава што продава ДВД-а и магазини (100 денари + ПТТ) можеше да го направи тоа ехеееее одамна. Сега ќе беше заборавен целиов проблем.
Реално гледано, кога ќе се сумираат сите работи, испаѓа дека:
- голем дел од сакачите на улични кучиња всушност не размислуваат реално и рационално, туку имаат некој тип на фетиш према кучињата како јас што имам према Анџелина Џоли (читај: посвојуваат кучиња со стил додека низ улициве врие бездомни кучиња, од нивните домашни миленичиња прават секакви циркуси, тука вклучувам и нивно бричење и фарбање во пинк)...
- невладините (оние што според мене се второ колено во заштита на WHATEVER (зависи што идеал имаат)) не направија ништо за заштита на уличните кучиња и коњи, туку се неми набљудувачи. Не и толку неми, ама сепак со зборови ништо не се прави, се бараат конкретни мерки.
- и власт, која во купиштата проблеми, најмалку се секира за преживувањето на 5.000 луѓе (нели погоре направив споредба која држи вода, односно дека хранењето на едно куче е горе-долу еднакво како и хранењето на еден човек) па сака експресно и со најмалку вложени средства да го реши овој проблем.

Муабетот ми е, никој вистински не сака да го реши проблемов на долгорочен рок. Кучињата какаат, треба да им се чистат кафезите - нема волонтери. Кучињата се разболуваат, требаат лекарства кои чинат пари - во денешно време на никој тие пари не му се даваат. И единствено решение останува успивањето... За реално и конкретно решение ти зборам, хуманост не ми се прикажува лажна. Иако гледам дека многумина немаат никаков проблем со тоа.
 
ама невладинава што продава ДВД-а и магазини (100 денари + ПТТ) можеше да го направи тоа ехеееее одамна. Сега ќе беше заборавен целиов проблем.
А тие невладини, проекти, буџети...имаат многу солидни фондови кои најмногу ги користат за службени патувања, обуки, плати...јаки плати
 
Би сакал некој од вас да даде предлог кој е навистина реално можен, не само треба ова треба она!

Што е реално?

Никој нема да гради нов стационар за 10 000 кучиња ниту пак повеќе такви. Ресурси и луѓе ќе требаат и во оваа криза и безработица никој тоа нема да го прави.

Дајте реално решение!

Реално е отварање на нови стационари.
Инвестицијата е мала, но корисна. Дадов неколку извори и примери како е тоа изводливо на претходните страни.
Со тоа ќе постојат поголеми капацитети и ќе може да се врши постојано прибирање на животни, не само кучиња, каде освен примарната улога ќе може да служи и како ветеринарно одделение.

Нереално е проектирањето бројки од 10.000 кучиња, тоа се медиумски ефекти.

Бездомните кучиња постојано ќе се појавуваат, пред се' поради нашата несериозност и негрижа.
“Успивањето“ односно труењето на кучињата по улиците е крајно опасно и за средината како и за сопствениците на домашните кучиња кои неможат да седат затворени и кои мора да се изнесуваат надвор.

Еден градски стационар не е доволен за град како Скопје.

Дали постои друг стационар на ниво на републиката?

Значи решение, со долготраен ефект мора да се донесе, а тоа да не наликува ниту претставува масовно труење на кучињата, при што неможеме ниту да ја контролираме штетата врз останатото опкружување.

Доколку ние како земја се стремиме да ги достигнеме стандардите на ЕУ во поглед на менаџирањето на јавната средина, тогаш треба да седнеме и научиме како го решаваат тие овој проблем.

Некој претходно го напишал решението и го спровел, значи готови експертизи кои се покажале како успешни.

И да додадам, дека инциденти со кучињата без разлика дали е домашно или улично, секогаш ќе има во индивидуални примери, а нивното масовно труење не е никаква превенција против тоа бидејќи не постои никаква селекција.
 
Дали негде има пресметка или дали некој има сознанија (барем отприлика) колку би чинело еден таков објект по животно? Барем ориентационо 50, 100 евра...во смисол храна, чистење, чувар, ветеринар, чинењето на самиот објект, струја...сето тоа по сведено на едно животно? Можно е ова да го имаат како пресметка во стационарите? Дали буџетот за оваа намена е доволен, ако не е, дали со не толку големи додатни средства може да се опфати и ова-од државниот буџет-ако градскиот не е доволен. Овие пресметки можеби е добро да се стават на јавен увид (ако ги нема) како и завршните пресметки на другите фирми.
За да може да се решава нешто, треба да се знае со што се располага-предуслови. Или многу барам :)

Затоа што во крајна линија не е само слобода на говор, хомосексуалност, слобода на медиуми она што е потребно како услов за преговори. Битни се и овие активности околу животните. Но да не испадне дека учам некого, сите тоа мислам дека го знаеме.
 
Јас сеуште мислам дека многу од вас всушност и не го сфаќаат или не го читаат како што треба насловот на темава.
Дали се согласувате да се „успиваат“ здравите кучиња скитници ?
На тие што сте ЗА, ви значи нешто тоа зборчето ЗДРАВИ? Или не ги делите кучињата и сметате дека секое може да нападне и секое е лошо од самото раѓање? Имате можеби некој пример во џеб и за тоа како здраво куче нападнало или ве уплашило? Не мора да пишувате, нема да верувам во тоа, од старт да си кажам.

Бидејќи очигледно е дека не може да се смета на државата за овој проблем, треба невладините организации да преземат некакви мерки. Да најдат спонзори кои ќе финансираат изградба на повеќе стационари, каде што ќе се сместат, чуваат и тргнат од злобните луѓе ЗДРАВИТЕ улични кучиња. Болните исто би се прибирале таму, со тоа што прво би се пробало да се излечат, а ако не може, во краен случај би се успале за да не се измачуваат. Овој потег има и друга предност. Би се отвориле нови работни места во оваа наша безработица и покрај кучињата би се подобриле и нечии човечки животи. Ама кој да мисли или да се ангажира.
И да, знам дека само од пишување нема корист, но јас имам план да реализирам нешто од ова на своја рака во некоја блиска иднина. Секако не се надевам на нечија помош, бидејќи денес луѓето и на луѓето им се непријатели, не па на животните. Живеам во помал град, па и помал плац би ми завршил работа да ги вдомам кучињата кои немилосрдно се малтретирани по улиците, по кои секој ден поминувам.
 
Дивајн, давање пари од свој џеб, посебно за да го решиш овој случај, во државава е џабе. После месец дена кога ќе отидеш да прашаш што направиле со твоите вложени пари, идиотот што седи на кожна столица со четири во вис, само ќе ти се изнасмее во фаца.
Така има на правено една, 2 000 евра од свој џеб ги дала и не може ништо да направи.
Сега за сега, единствено решение е да се организираат што повеќе акции за вдомување, додека ситниве души не испофрлале отров насекаде. Пред некој ден во Капиштец беше отруено Кокерче ради такви простаци.
 
Нели беше муабетот да се успиваат? Или и тоа им е многу скапо па почнаа да стават отрови за глувци :) Од глупави на поглупави начини слегнуваат... Со отровите не само што кучињата умираат, туку и луѓето (децата) се во опасност.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom