Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    624
Ако ги убијат кучињата скитници нека ги убијат и луѓето скитници!!!!!!


Премногу сум против нивното успивање.
Првпат се организираше акција за вдомување на кучиња од вардариште и помина доста успешно. Со почести такви акции ке има се помал број на бездомни кученца. Но не би било лошо малце градоначалникот да се погрижеше за нив и да отвори уште некој стационар за кучиња во кој ке се инвестира со што ке им се пружи и на нив љубов и нега зошто они не се криви за нивната судбина.

еве имаме уште еден знак еднаквост помегу лугето и животињата!

па добро зарем не е јасно од небо дека успивањето на кучињата е нешто најхумано што може да се случи и додека има желба за тоа да не се одложува.

значи не е прашањето дали треба или не,односно денешната состојба е резултат на пропустите од минатото а и на крај краеви кучињата нема да бидат малтретирани:toe:
 
Имаше еден случај во Охрид пред 2-3 години глутница нападна пензионер на кејот покрај езерото неможел да бега...срце го стрефило и умрел...чаре?
 
Последниот случај во Вест мислам дека стварно треба да се запрашаме што понатаму? Најсоодветно решение мислам дека е кастарција на кучињата и задржување на оние најагресивните во стационари,башка овие од невладиниве здруженија само се фалат дека прават а всушност не сакале да волонтираат,не им чинеле условите ова она :tapp: тогаш не излегувај на ТВ како некој месија не кучињата,во моето маало и на Mac)) стварно веќе е неподносливо...секоја вечер има борба на две банди кучиња па во 06 место да спиеш мора да ги слушаш нив :tapp:
 
Не само кастрациа ... значи кастрациата помага али популациата сепак ке расти од избегани, изоставени , и други кои не се кастрирани .
Јас влечам поуки од Софиа каде со закон е забрането да ги успиваат таму имаат ненормално голем проблем ... значи има по бар 3 напади посериозни месечно ... и стварно е страшно ...

Таму имаат програма за кастрациа ама по никкаов начин тоа не го намалва бројот а уште помалку агресивноста ...
Така да успивањето според мене е најдобра опциа сметнао дека немаме установи за да ги чуваме живи сите скитници .
Па понатаму кога популациаата се намали доволно по градовите тогаш може и да се користат прифатилишта
 
Сега лажно и во иронија демек се грижиш за децата кои ќе настрадат поради истурениот отров? Што ти е гајле, и така подолу се прашуваш бездомниците треба да се успијат.


А вие демек се грижите за градот и неговиот имиџ?

Јас не се прашувам, туку вас ве прашувам, бидејќи наместо решение кое ќе биде разумно и на долг рок, се повикувате на некои одвратни методи со труење, дипломатски наречено “успивање“.

Досега нашиве медиуми воопшто не им ни обраќаа внимание на бездомните кучиња, а сега шират пропагандна реа.
 
Нема врска, јас се грижам за мојата лична безбедност и за безбедноста на моето семејство. Искрено речено не ме допира дали и колку им досаѓаат кучињата скитници на оние што живеат во Центар. Значи за мене се работи во муабетов и за мојата безбедност.
Имиџ мање-више. Ете, кога веќе збориме за имиџ, дали има кучиња скитници во градот во кој ти живееш? Претпоставувам и верувам не... Како е решен проблемот, кога е решен? Не заборавај, таму кучињата имаат право на живот во полна смисла на зборот, ама богами и газдата што му го ставил каишот (си го присвоил) си има јака обврска да го чува тоа куче. Ако некого нападне, тој ќе биде казнет. Кој ќе биде казнет за детево вчера/завчера што го изеле кучиња на 5 годишна возраст? Чичко Стоилко дека им дава плескавици, кога има, што би рекла една моја омилена форумџика?
Јас сум строго против владата да одели народски пари за кучиња скитници кога имаме и луѓе скитници, нели пред малку ги спомна, оние за кои се запраша што со нив.
Второ, си имаат кучињата невладина организација. Таа нивна невладина организација продава ДВД-а. И магазин. 100 денари од парче + поштарина молим фино-лепо. Наместо таа невладина организација да најде начин и метода за да го реши проблемот со нивните пулени, тие мрчат без врска и неосновано. Реков, имам работено во невладина организација, цак убаво спакувано проектче, цал илјадници еврејки. И ти си го тераш идеалот после.

Други методи нема реално гледано. Кастрација нема да го реши проблемов, да го решеше, ќе беше решен досега. Никој не сака да ги посвои бидејќи не се самоједи и леси туку се обични кучиња со уши и што лаат. Да сакаше/можеше некој да ги посвои, немаше да го правиме муабетов за 10.000 кучиња во град со 800.000 жители. Проблемов, освен со успивање или пуштање по сокаци се решава со ПАРИ. Пари се нема. На улица голем број од граѓаните не ги сакаат. Значи ќе се успиваат. Не дека ги мразиме, сакам куче и се надевам ќе чувам едно, меѓутоа истовремено размислувам свесно и непристрасно. Наречи и ладнокрвно ако сакаш, ама подобро јас да бидам ладнокрвен према животно отколку тоа да биде ладнокрвно према 5 годишно дете. Се знаело порано, те ритнал коњот, цак ловачката на рамо и му велиш ела со мене, да направиме машки муабет јас и ти, очи у очи, за заден пат. На леси ти текнува филмот? Ја убија и нејзе. Нема трт-мрт.
 
Глутница кучиња искасаа петгодишно дете

http://vest.com.mk/?ItemID=9B8CB163450DC54A95F51BEE4A764321

Најсмешно ми е објаснувањето дека треба сам да го ловиш кучето :).

Ќе потенцирам, не се кучињата криви ама нешто мора да се преземе!
Каде се сега оние организации кои ги штитат џукелите да кажат нешто во врска со ова?? Ова може да му се случи на секој и затоа подржувам секаков вид на остранување на кучињата скитници, па макар и нивно убивање на лице место.
Криви или прави, не смеат да напаѓаат луѓе, а особено не мали деца, каде што ваквите работи може да им претставуваат психичка траума во понатамошниот живот.
 
epa goodman tie organizacii znaat sto praat a Vest si znae, kolku nekoja informacija e realna e prasanje, i na kraj kraeva organizaciite ne rabotat za po mediumite prepukuvanja da pravat, za toa ima pravna sluzba tie rabotat za podobro utre na site!!
 
Nikako da ne se ubivaat kucinjata skitnici. Samo na bolen um moze da mu dojde na pamet takva ideja.
 
Значи не сфаќам една работа.
Зар постојат луѓе, кои попрво би дозволиле да настрада некоја невина личност, отколку еден пес?
Бидејќи по некои постови така ми се чини мене.
Добро бе луѓе ај малце размислете што пишувате.
 
Би сакал некој од вас да даде предлог кој е навистина реално можен, не само треба ова треба она!

Што е реално?

Никој нема да гради нов стационар за 10 000 кучиња ниту пак повеќе такви. Ресурси и луѓе ќе требаат и во оваа криза и безработица никој тоа нема да го прави.

Дајте реално решение!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom