Дечки можда глупо прашање е, го прашвам чисто информативо. Од кучинава најмногу ме бендисуваат хаскиве, никош не сум чувал никакво куче и не знам ништо за овие животни. Освен одржувањето што сакат пред него и зад него, најмногу ме интересират колку матријално би ме коштало да издржувам една ваква раса на куче? Да купиш зам 100 евра и ќе најш одма, ама треба да мислиш и за после нормално. Исто и карактерот и однесувањето на хаските ме интересира, што сакаат што мразат. Во кратки црти еден одговор не мора да се мачите.
Премногу се гласни- не би ти ги препорачала ако живееш во зграда, или пак ако си во куќа со клети соседи

, бараат премногу време за тренинг (не дека се глупави и не сваќаат), предоминантни (во погрешни раце), бараат преголема физичка активност, секојдневно четкање зашо крзното ќе им се згнаси, не бараат премногу бањање (барем една позитивна страна). Неподносливи во циклус (за женки), а мажјаците....хм... не дај боже да има женка во циклус во близина...
Најголема грешка што почетници ја прават, ги земаат затоа што се слатки. Факт е дека се слатки. Но, пред да се одлучиш за оваа раса, убаво разгледај карактеристики за неа, размисли дали ги имаш условите и времето кои што и се потребни.
Иначе треошоци... просечна хаска тежи одприлике 40 кила (мање више), за 40 кила, месечно храна, ќе ти идат (за просечно добра храна) од прилике по 2000 денари ( 400 грама на возрасен примерок дневен оброк). Едно идење на ветеринар за било каква контрола или терапија, под 1000 ден. не си. Да не зборам за посериозни проблеми и подолги терапии. Вакцинација- почетните околу 1500, секоја година по 2= 1000 ден. Апчиња за глисти од најефтините 4 по 10 кг= 120 денари на секои три месеци (не ти зборам за првата терапија, доколку го земеш не прочистено, што не би ти препорачала). Ремчиња, околувратници, четки за чешлање, балзами за митарење, калциуми, магнезиуми, коски за грицкање, играчки.... е тука веќе се откажувам....
Do the math. Ако си спремен, земај го.
