Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Да би можел уште утре би земал една ваква ама пред се кај оваа раса мора многу да се размисли за трошоците однапред зашто ако еден доберман или рот. вреќа од 15Kg ја крка за 3 месеци да кажеме ова за месец до месец и половина ќе ја смава :)
И тоа во случај да не ти е вечито гладно животинчето :D(си ги имам маките :D)
 
И тоа во случај да не ти е вечито гладно животинчето :D(си ги имам маките :D)
Не чувам куче,ама кога више зборите за храна,богами делиме мука.Мачоров кило храна ја јаде макс за 4-5 дена :D
 
Да би можел уште утре би земал една ваква ама пред се кај оваа раса мора многу да се размисли за трошоците однапред зашто ако еден доберман или рот. вреќа од 15Kg ја крка за 3 месеци да кажеме ова за месец до месец и половина ќе ја смава :)
Јас ќе бев пресреќна доколку вреќа од 15 кг. ми траеше 3 месеци.
На мојата Доберманка вреќа од 15 кг. и трае помалку од 1 месец (или поточно 27 / 28 дена), по 500 - 600 грама на ден јаде :)

Па според ова, пресметај си колку би јадела една Германска Дога :cool:

Не чувам куче,ама кога више зборите за храна,богами делиме мука.Мачоров кило храна ја јаде макс за 4-5 дена :D
Абе лесно ти е тебе, види ја мојава ѕверка колку јаде :LOL:
 
Јас ќе бев пресреќна доколку вреќа од 15 кг. ми траеше 3 месеци.
На мојата Доберманка вреќа од 15 кг. и трае помалку од 1 месец (или поточно 27 / 28 дена), по 500 - 600 грама на ден јаде :)

Па според ова, пресметај си колку би јадела една Германска Дога :cool:


Абе лесно ти е тебе, види ја мојава ѕверка колку јаде :LOL:
Doc Holliday,сигурно мисли дека ако јаде повеќе ќе стане лабрадор :cautious:

Lu,потполно те разбирам, а замисли која е радоста за Пепа кога газдарицата ќе и помеша мерките па она ќе си добие 2Х500г дневно :love: П.с. ништо не остава и квалитетно си ја чисти чинијата, а по можност и површината од околу!
 
Кучката има мали кученца кои уште се слепи и глуви. Сакам да прашам дали освен цицање треба и вода и кога треба да се почне со друга исхрна?
 
Кучката има мали кученца кои уште се слепи и глуви. Сакам да прашам дали освен цицање треба и вода и кога треба да се почне со друга исхрна?
Ако се сеуште глуви и слепи, немаш работа со нив, тоа си е обврска на мајката. Единствена твоја грижа е она, квалитетна исхрана препуна со калциум! Со друга исхрана почнуваш кога ќе почнат да ти растрчкуваат по дома.
 
Имате загубено куче – барајте го во „Шутка“

Мартин го загубил своето куче, па во очај барајќи го низ Скопје, со својот автомобил поминал и низ населбата Шуто Оризари. Не го пронашол својот миленик Макс, но пронашол друго куче од расата Хаски кое било заклучено во еден од дворовите на куќите.
„Денеска се развозував низ Шутка очајнички обидувајќи се дека ке го најдам МАКС. Се распрашував по околните деца и наидов на информации дека во Шутка има преку 20 хаски и не само хаски туку и други кучиња. Ме носеа од двор до двор и бев изненаден колку кучиња завршуваат во Шутка! Ова е само едно од нив кое кога ме виде мислеше дека јас сум неговиот спасител беше толку исплашено и плачеше да го земам од таму. Не бев во можност поради тоа што локалните Роми се испособраа па морав да кажам дека сум Полицаец : ) за да си заминам мирно. Доколку некој го препознае нека ми пише ќе го однесам до кучето, знам каде се наоѓа!“ – гласи објавата на Мартин на Фејсбук страница на Анима Мунди.
Во коментарите под фотографијата во моментов има активна дебата во врска со тоа како да се заштитат домашните миленици од крадци на кучиња, но не се појавил никој кој знае нешто за кучето на фотографијата.
Она кое ние сакаме да го направиме со оваа статија е да помогнеме, кученцето од фотографијата да го најде својот сопственик и да им укажеме на оние кои ги загубиле своите миленици, дека можеби Мартин и АнимаМунди можат да им помогнат.
 
Кучката има мали кученца кои уште се слепи и глуви. Сакам да прашам дали освен цицање треба и вода и кога треба да се почне со друга исхрна?

После 30 дена старост, треба да почнеш постепено да воведуваш дехидрат во исхраната.
Дехидратот мора да биде квалитетен (ако незнаеш кои се квалитетни, прочитај ја темата Храна за кучиња) и гледај да земеш од формулата Starter или евентуално Puppy.
Потопи го дехидратот со млака вода и нека одстои околу 30 минути, и потоа ќе биде толку многу мек што ќе можеш да направиш кашичка од него.
Така подготвената кашичка стави ја во тањирче и нека кркаат малите (y)

И обавезно обрни внимание дали сите кутриња цицаат, и ако се повеќе кутриња во леглото менувај ги кутрињата додека цицаат и води сметка секое кутре да цица од крајните 4 гради (во нив има најмногу млеко), во погорните гради млекото е во многу помала количина.
И на мајката зголеми и ја дневната количина (на пример ако јадела по 200 грама на ден, сега бидејќи дои малечки давај и по 300 - 350 грама) и обавезно давај и калциум на мајката, за да преку млекото им пренесе на малите.

Јас користам Калциум Мултивит (тој е моментално најквалитетниот во Македонија) и се дозира 1 таблета на 10 кг. телесна маса.
 
Наградно прашање.
Дали кучка страта 5 години,и кутре машко старо 5 месеци имаат исти број на коски?
само ги замолувам Ligeia_ и SaltNPepa да не кажуваат,пошто знам дека знаат :D
 
По логика на нештата би требало машкото да има повеќе а каде се разликуваат врска немам :P
 
Ретриверчето има 2,5 месеци ама многу ми е слабо и се митари ???
Некој викаат само кучешка храна и ништо друго, додека други викаат давај му паштети јогурт и се друго ???
Кучешката храна одвај ја јади онака со сила...
Што да му давам за јадење и колку пати на ден ?
И нешто помош околу влакната ???
Тие зрнцата кафеави да ги мешам со нешто оти многу му се јаки ?
 
Јас користам Калциум Мултивит (тој е моментално најквалитетниот во Македонија) и се дозира 1 таблета на 10 кг. телесна маса.
Ај те молам кажи ми каде можам да го набавам Калциум Мултивит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom