Критика и самокритика

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Воколку критиката е логично и суштествено издржана ја прифаќам, ако е без врска и нема никаква суштинска основа тогаш едноставно ја игнорирам.
 
Разни несогласувања и конфликти, се секојдневна појава, во домот, на училиште, на улица,
на работа, па и на форумов....насекаде.
Настануваат како резултат на разминување во ставовите и мислењата околу една иста работа, но често
и како резултат на мали ситници во одредени околности, кои во други ситуации не би значеле ништо.
Сепак, кога конфликтите и несогласувањата ќе се појават, пропратно се јавува и критиката.
Што преземате кога ќе се најдете во ситуација да критикувате нечиј став или мислење, а сакате критиката
да вроди со плод?
Некогаш знам и да претерам со критикувањето.Но критикаму упатувам само на најблиските,оние кои знам или барем се надевам дека во никој случај нема да ме сватат погрешно.Обично кога кажувам нешто,тоа го кажувам отворено,ама од искуство си заклучив дека и не треба да бидам толку отворена оти некои тоа грешно го толкуваат.
Како реагирте кога критиката е упатена кон вас, Вие сте цел на критикување?
Кога критиката преминува во навреда? Која е границата?
Кога некој мене ќе ми упати критика не секогаш ја прифаќам одма.Некогаш знам на почетокот да се спротивставувам,ама потоа дефинитивно размислувам за тоа што ми го кажале и ако сметам дека бил во право ја прифаќам.
А која е границата не знам баш точно,мислам дека зависи од човекот.Некој едноставно не прифаќа критика,одма се лути и смета дека е тоа навреда.
 
Имам упатувано критики,но поткрпувани со факти,најчесто позитивни,но кога не се позитивни гледам да не бидам премногу остра за да не навредам,исто така примам критики,но најчесто иако тоа го нејкум кај себе се навредувам,може е до мене,може не:toe:
 
Критиките ги сфаќам како начин на укажување на грешките,,и секако секогаш би требало да се добронамерни...Барем критиките кои јас ги упатувам се такви,,и секако со причина да го искажам својот став и мислење во врска со настанот,,и притоа очекувам истата да биде прифатена на соодветниот начин..Во случај кога мене ми упатуваат критики,,ги прифаќам само ако се дадени од искрени личности,,и секако ако се добронамерно кажани..секогаш го почитувам мислењето на др. иако пак ќе кажам дека зависи од која личност е упатено и со каква намера :pipi:
 
знам да поднесам критика
не се дујам кога ќе ми кажат дека нешто не ми чини
освен понекогаш...
 
знам да поднесам критика
не се дујам кога ќе ми кажат дека нешто не ми чини
освен понекогаш...
same...поднесувам искрена критика, кога ќе согледам дека е вистина...но ако не се согласувам, и гледам дека критиката е лажна, се борам за вистината...
 
Секој знае,а и има потреба да критикува,но дали е тоа правилно или навредливо?Обично особата која е критикувана тешко ја прифаќа критиката бидејќи скоро секогаш знае да заболи и не е пријатна колку и да е вистинита.
Самокритиката е рефлексивен став на човекот,способност за самосогледување на она што тој го работи т.е оценка за сам себе.

Дали вие знаете да ја пласирате критиката на прав начин и место?Како реагирате на критика?Колку сте самокритични?
 
Баш пред некој ден размислував на оваа тема.
Всушност отворив тема за Нашата возачка култура и потенцирав 2 пати секој сам да си биде самокритичен и да си се оцени. На крај баш никој не се самокритикува туку ги искритикуваа сите околу себе, а никој не се спомна самиот себе.
Кај нас сите се први да дадат критика на некој, а никој не е доволно самокритичен. Се другите ни сметаат, ние божем најпаметни, а и ние сме дел од стадото овци. :icon_lol:

Сепак критиката која ни е дадена реално боли, но по одреден момент откако ќе размислиме разбираме дека можеби се во право. Иако не секоја критика е реална, многу критики се дадени од љубомора, па и не е секоја критика точна.
Јас критикувам да, се трудам да не претерувам. А гледам да сум самокритична, но тоа искрени да бидеме и не е многу лесно. Но затоа од грешките учиме никој не е совршен. Многу е полесно да премолчиме него да се самокритикуваме пред луѓето.

Но како нација први сме тука да искритикуваме, а последни за самокритичност!
 
Ги критикувам само луѓето кои ми значат и знам дека ќе прифатат барем дел од критиката.:wink:
А самокритиката многу влијае на нивото на самодоверба.То е све од мене...:smir:
 
Знам да искритикувам и користам факти зошто критикувам.Многумина гледаат на критиката како омаловажување,а ретко кој знае да извлече нешто позитивно од неа.
Не можам да кажам дека со воодушевување примам критика,ама доколку е издржана се трудам она за што сум искритикувана да го променам или подобрам,a самокритична сум и повеќе отколку што треба.
 
Шубаво би било кога сите би биле високо самокритични кон сопствените маани и недостатоци. Тогаш ќе има малку помалку онакви кои критикуваат.
Инаку критикувам, ич не се штедам ни себе си, нит другите. Кон оние кои се помалку доблесни да прифатат туѓа критика истата е малку поблага, а оние кои знам дека "мушки" ќе издржат, тогаш е искрена, гола... таква како што треба да биде. Али не е критиката насочена кон исмејување или слични малодушни чувства, туку тогаш кога некој ќе претера со однесувањето или постапките кои се случиле повеќе пати и кои немаат изгледи дека ќе престанат. Не критикувам на прв пат пројавена реакција, па секој има право да згреши. :)

Во однос кога друг ме критикува научив како да ја издржам критиката, ама не научив како да го прифатам советот у позадина. Или у превод, многу малку ми значат туѓите критики, независно дал ми се од многу блиска особа или од некој што прв пат го гледам. Најмногу ми влијае самокритиката.
 
Критикувам и тоа доста често, и ретко кога успевам да се воздржам и да не му го кажам ...критичкиот осврт на некого во лице, се разбира после тоа си има и продолженија :icon_lol:

Е самокритика... интересна особина ми е оваа, многупати помислиле дека не сум токму т.е сам си зборувам, а тоа најчесто кога ќе оплескам нешто и ќе почнам сам да се пцујам и да си објаснувам... онака полугласно, знам звучи дебилно ама ми олеснува и тоа доста :)
 
Тешко поднесувам критики...премногу емоцилонално ги прифакам и некогаш тоа ми е вистински проблем.
На критика враќам со критика,не сакам да ме критикуваат онака ладно и објективно.
Ако критиката ми се каже убаво,тогаш ја прифакам и можам да сменам што не чини,во спротивно сум многу проблематична...можам и да вреѓам.

А самата себе се критикувам,знам често да го направам тоа и многу ми помага.
 
Кога истото го применувам кај себе зошто не и кај другите. На некому тоа му е многу чудно но не можам да останам имуна на некои појави не само околу мене туку и пошироко . Не гледам причина зошто некој би се чуствувал навреден аку му напоменам за некоја негова особина дека не е во ред сите сме луге сите би требало да се менуваме кон подобро за жал на некои толку им се допага да бидат статус кво дури во негатива па нејкат ништо да променат кај себе.
 
Критики. Сите исклучително тешко го примаме овој збор. Особено кога е упатен на наша сметка. Токму затоа и многу ретко ги прифаќаме туѓите критики.

Лично јас се обидувам што помалку да ги критикувам другите, особено ако се работи за лица со кои не сум во толку близок однос. За блиските, пак, следат почести критики, иако никогаш со намера да ја навредат личноста.

Самокритиката, пак, ја применувам многу често, дури понекогаш од преголема самокритичност се чувствувам лошо, сметајќи дека пречесто грешам. Многу често ова влијае на нивото на мојата самодоверба.

А што се однесува на туѓите критики, се обидувам да ги прифатам, но сепак најчесто се однесувам онака како што јас сметам дека е најдобро.

Сепак, сметам дека секоја критика има своја одредена цел (не земајќи ги во предвид оние злонамерните и зајадливи критики), па поради тоа мислам дека мора да се трудиме почесто да ги прифаќаме критиките и да се обидуваме да го промениме она за што сме искритикувани. Зашто ако нашето однесување им смета на другите, тогаш не може да очекуваме да сме во добар однос со околината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom