Критика и самокритика

  • Креатор на темата Креатор на темата sagaqua
  • Време на започнување Време на започнување
Цело време се критикувам самата себе прифакам ги и другите критики и тоа ми помага...сепак мислам дека сум премногу самокритична и тоа не е толку добро бидејки си ставам тајминг на пример до понеделник морам да ги извршам сите активности а ако не успеам нешто се разочарувам....
 
Темите се споени поради разработување на ист проблем.
Продолжете овде:)

Онтопик:
Мислам дека секоја моја критика е добронамерна. Секако, секоја критика знае да биде навредлива за некого. Тоа некој го сфаќа како напад на личноста а не како совет за подобрување.
Како и секој човек па така и јас, не можам да останам рамнодушен кога ме критикуваат. Дури и да преќутам, внатре во мене нешто ми кажува дека нешто е погрешно и дека морам да го променам тоа. Сакам да слушам критики сè додека се добронамерни. Но секако не ги избегнувам и оние другите.
Колку сум самокритичен? Хмм, не многу. Мислам дека немам многу работи кои лично мене ми пречат и токму поради тоа самокритичноста ја имам во мала доза. Сепак, за некои работи за кои знам дека не се во ред, знам да бидам доста самокритичен и притоа да ги превземам сите можни мерки за да го променам тоа.
 
Знам многу да критикувам други, но многу повеќе се самокритикувам. Најчесто кога нешто гледам дека не е во ред кај некоја личност најчесто од поблиските ги критикувам, некои тоа го прифаќаат премногу лично, некои воопшто не го прифаќаат, а некои не обрнуваат внимание. Не сум од оние луѓе кои ги премолчуваат работите ако нешто ми смета тогаш критикувам. Но и мн мн често се самокритикувам и анализирам што е во ред и што не е во моето однесување. Затоа и често барам мислење од другите за мене и критика за да знам што би требало да променам, што не и сл. За разлика од некои луѓе кои критиката ја сфаќаат како навреда, омалоавжување и сл, јас критиките ги прифаќам најпозитивно со цел да се променам доколку нешто не е во ред.
 
Јас сум многу често предмет за критика.Речиси постојано се судирам со критики и поради нивниот квантитет научив автоматски да ги отфрлам оние кои се очигледно и претерано неосновани и извадени од ракав.На критики се бранам најчесто,знам дека не треба да го правам тоа :tapp:. Сепак колку и да се бранам секогаш размислувам за тоа што ме критикувале,дали е вистина и дали можам/сакам да променам нешто.
Не ми е практика да критикувам,обично кога критикувам,тоа се најблиските со цел да им укажам на нешто што јас го сметам за неисправно или нешто што мене лично ми смета.
 
Си се критикувам сам, прифаќам и критики од другите зш се за мое добро.

СЕКОГАШ ПРАВДА.:smir:
 
Кога постои можност или предуслов за критика кон некого, не секогаш се впуштам во критика. Најпрво донесувам одлука дали и ќе вроди ли со плод критиката и дали вреди да се впуштам во критикување знаејќи однапред дека мојата критика нема да вроди со плод. Се случува понекогаш да критикувам, но да сфатам дека не сум во право па знам да признам или да се извинам за погрешната одлука да се впуштам во критикување. Што се однесува пак до самокритиката, многу сум самокритичен и тоа ме тера постојано да се усовршувам во она што го правам, но самокритиката знае понекогаш погрешно да ме наведе за некоја одлука од која потоа си имам негативни последици.
 
Ако е реална ќе ја прифатам со задоволство,но ако е критика као на зезање невистинита тогаш се зезнал лом ќе го направам :pusk:
 
Ги прифаќам критиките што се упатени кон мене и на исто ниво после враќам.
 
Критиката е на некој начин филтер за се она што не треба да се прави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom