Кратка историја и економска анализа
Почетоците на унијата се во далечните 50 - ти години на минатиот век. Започнува како унија меѓу неколку земји чија цел е да го контролираат железото во поствоена Европа ( не стануваше збор само за слободна трговска зона, туку за етаблирање на еден заеднички пазар). Постепено овој сојуз чија почетна цел бил економијата, подоцна освен економски прераснува и во политичка унија но и во сите останати свери. Се вклучуваат се повеќе Европски земји, а како се зголемува бројот на членките се зголемува и политичката моќ. Прераснува во една од најмоќните организации во светот. Воведува и заедничка платежна валута Евро.... Новата светска економска криза длабоко ја разнишаа економската благосостојба на земјите, фрлајки некој од нив во сериозна криза, која освен економска прераснува и во длабока политичка криза оставајќи можност во овие земји да дојде до внатрешни конфликти.
Грција е помагана од земјите членки, за да не дојде до целосна пропаст. Добивајќи финанскиска помош од другите земји, кој и ја спасуваат економијата давајќи и кредити - за кој се верува дека се невозможни за да ги отплати. Исто така давањето на овие финанскиски кредити наиде на неодобрување кај неколку од земјите членки, меѓу кој најголема загриженост искажа Германија. Грција спасот го бара и се надева на туризмот од кој влегуваат поголемиот број на пари во државната каса.
Освен Грција, криза ги потресува Шпанија и Португалија, каде доколку се повтори Грчкото сценарио би дошло до серозно економско разнишување на Европската Унија, а со тоа и нејзин крај бидејќи секоја шанса за спас би била невозможна.
Освен проблемите со должничките земји и емиграцијата, на повидок и е голем пад на Еврото во однос на Американскиот Долар - кој постепено се качува.
Што мислите дали после сите овие сериозни проблеми Европска Унија ќе продолжи да функционира, или и е дојден крајот на една од најмоќните светски организации и местото и е во историјата?
By: Hip.Hop_MKD