Крајот на ЕУ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е дојден крајот на ЕУ?

  • Да!!

    Гласови: 33 42,3%
  • НЕ!!

    Гласови: 34 43,6%
  • НЕ ЗНАМ!!!

    Гласови: 11 14,1%

  • Вкупно гласачи
    78
љаци у Македонија кои би работеле во еда класична Скопска стаклара или некоја Леарница во МЗТ или у три смени да праи автобуси у ФАС??? ..за 250 евра плата????Тоа дефинитивно изумира.....

Па и треба да изумре. Кој ќе се заебава да работи, напорно е тоа. Нешто од наследство, па ќе ренташ станчиња, ќе се скрпат пари да се живее.
Работата како концепт, па уште во фабрика, секој ден да одиш да се мрцвраиш, навистина е зезната, секоја чест на оние кои би се нафатиле.
 
Го ископирал и подот не го направил копирање и правење се две различни работи
Така почнуваат и музичарите, имаат некој идол од кој прво копираат ама потоа созреваат и добиваат некој свој правец и прават сопствена музика, добар пример за тоа ти е Miles Davis
 
ајде не се нервирај добро те сватив што ти беше муабетот, само ти спомна еден прозивод кој за повеќето спаѓа во луксуз.
гледај малце глобално има тука еден куп други прозиводи и пазари а не само германскиот или европскиот. а друга работа е што не е баш пожелно еднострано да го прекршат договорот или да го изиграат на некој начин.сепак се работи за меѓународни односи и за веле сили.
битно е муабетот беше дека ако не превземат нешто порадикално готови се.послабите и неразвиени економии први паднаја притоа мислам на европските како грција шпанија ирска итн.од шупливо во празно не се турва,поминаја тие времиња.случајно имам роднини во германија кои се таму некаде 40 години и тие истото го велат.тогаш и сега везе нема.а германија е голема индустија со препознат квалитет па и нив не им цветаат рози.
п.с и по твоја логика германицте своите коли само на германците ке им ги продаваат или во еу, пошто нели и овие не пијат мастило и и тие ке им опнат реципроцитет или некој таму заебанции.ако е така дури тогаш завршија работа.
По мојата логика ако западот не го затвори пазарот за евтината стока од истокот си еба мајката се, а за германија има пазар тука е европскиот и американскиот пазар,тоа е поентата скапи производи скапа работна сила а не скапи производи евтина работна сила и не се работи само за еден производ се работи за многу производи ајде нека се затворат пазарите да видиме колку ке тераат тие корпорации кој ги преселиле компаниите а тоа лесно се прави, не битно што има договори може од друга страна да се подебнуваат работите само ако се сака
 
Е нема старо нема и тоа ме радува искрено кажано па доста беше бе да му рмба за 200 евра месечно додека газдана и неговите деца спопудалуваат од пари
.......хммм...ама за тоа е предвиден како дивеч за одстрел, ако ги нема и тие 200 евра месечно....у м и р а.., кај нас сеуште држи влагата од социјализмот и потребата од најдолна работна рака по Европа..., но .кога и таму ќе падне нивото и кога нивните ќе мораат да се фатат за говнарка.., нашиве арбајтери ќе останат и без тоа.
Знаеш како е:..оние кои биле на најдолните палуби на Титаникот...први се удавиле... :) Затоа треба да се учи пливање у ЛАДНА ВОДА....светот се лади....;)
 
.......хммм...ама за тоа е предвиден како дивеч за одстрел, ако ги нема и тие 200 евра месечно....у м и р а.., кај нас сеуште држи влагата од социјализмот и потребата од најдолна работна рака по Европа..., но .кога и таму ќе падне нивото и кога нивните ќе мораат да се фатат за говнарка.., нашиве ќе арбајтери останат и без тоа.
Знаеш како е:..оние кои биле на најдолните палуби на Титаникот...први се удавиле... :) Затоа треба да се учи пливање у ЛАДНА ВОДА....светот се лади....;)
Знам знам како стојат работите, знаеш и самиот дека доста долго време пливам во базент наполнет со коцки мраз наместо со вода само пусто да се навикнам за да не се удавам,кога ке дојде тоа време на тонење :)
 
По мојата логика ако западот не го затвори пазарот за евтината стока од истокот си еба мајката се, а за германија има пазар тука е европскиот и американскиот пазар,тоа е поентата скапи производи скапа работна сила а не скапи производи евтина работна сила и не се работи само за еден производ се работи за многу производи ајде нека се затворат пазарите да видиме колку ке тераат тие корпорации кој ги преселиле компаниите а тоа лесно се прави, не битно што има договори може од друга страна да се подебнуваат работите само ако се сака
ако можеја досега ке го направеја, ама неможат.цело време му климчат на кина де јуанот бил низок де незнам што, ама на овие уво не им чуе.кина е тоа не сме ние.русија и воопшто да не ја ставам во равенката.ами кај се бразил и индија.
во тоа поентата имаш една заборавено.евтини прозиводи од евтина работна сила кои ги купуваат 99% од населението секаде во светот.зошто би дал еден куп пари за да купам philips или grundig телевизор( намерно ги спомнав овие пошто матичните фабрики оддамна банкротираја а брендот е купен од или кинезите или турците не ме држи за збор) и да им плаќам на бирократијата во европа кога можам да купам некој таму лг или самсунг кои се и подобри и поквалитетни и тродупло поевтини.да не зборам сега за некои марки за кои не сме ни чуле ни виделеа ете си работат перфектно( го земам мојот монитор за пример пу пу да не си го почудам)
 
Така почнуваат и музичарите, имаат некој идол од кој прво копираат ама потоа созреваат и добиваат некој свој правец и прават сопствена музика, добар пример за тоа ти е Miles Davis
не би рекол така, знаеш ли колку има механичари, електричари, бравари кој што целиот живот виртуозно си ја работат работата и прават само копии без притоа цел живот да направат нешто оригинално ?
 
не би рекол така, знаеш ли колку има механичари, електричари, бравари кој што целиот живот виртуозно си ја работат работата и прават само копии без притоа цел живот да направат нешто оригинално ?
сте слушнале за индустриска шпионажа.постоела и ке постои.да не спомувам колку е лесно да се копира веќе постојната технологија.или да се надогради па да добиеш автентичен прозивод. и не заборавајте каде има фабрики мора да има и стручен кадар кој ке работи во тие фабрики па тук и таму по некој инжинер .сигурно германицте или кој и да е веќе кога ги префрлале фабриките не ги префрлиле со се работници туку ги обучиле тие таму.сега таму е и технологијата.
 
Попрво Македонија ќе пропадне одколку ЕУ.
Да зачува господ
ти да си во право!
Не заборавај дека Македонија е срцето на Балканот !!!!!
Европската унија е добро да го има,
но И Македонија треба да ја има!!
 
Цело време прават обид за спас, а со ваквите изјави не прават ништо (n)(n)(n)

Петок, 28 Октомври 2011 20:08
Падот на еврото го загрозува мирот на Европа, предупреди германската канцеларка, по што лидерите на ЕУ во Брисел изгласаа план за спас на заедничката валута.

merkel.jpg500.jpg

Падот на еврото носи нова војна во Европа, предуреди Ангела Меркел на самитот на ЕУ кој се оддржа завчера во Брисел.
Меркел нагласи дека ЕУ се наоѓа во најсериозна криза по Втората светска војна.
Сериозното предупредување од страна на Меркел одекна во речиси сите светски медиуми како што се британските Телеграф и Мирор.
 
Кога градиш куќа, после некое време ја реновираш и ги исправуваш грешките што првично биле направени.
Истото се случува моментално и со ЕУ. На почетокот направија грешки кои сега скапо ги плаќаат дури и некои од најразвиените земји. Водењето на заедничка монетарна политика, без фискална консолидација, е еден од поголемите пропусти што го направија. Исто така и ревизијата на јавната потрошувачка како и да не постоеше, па сите држави ги прекршија критериумите од Мастрих што преставуваа темелите на Еврозоната. Интересен е фактот што токму Германија прва ги прекрши тие критериуми, ама останите после неа малку повеќе се занесоа.
Според мене кардиналната грешка беше направена кога им дозволија на политичарите да ги водат јавните финансии со сите земји. Тие за да го зачуваат своето место на власт, даваа даночни олеснувања, зголемена државна администрација, разни социјални трансфери, укинуваа даноци и се разбира остануваа на власт на товар на буџетот и државниот долг.
Буџетските дефицити се билдаа со голема брзина, долговите уште повеќе, кредитните рејтинзи опаѓаа, задолжувањето стануваше се поскапо и поскапо. Никој не водеше сметка за тоа, се гледаа само политичките циклуси на краток рок, жртвувајќи ја монетарната и фискалната стабилност на Еврозоната на долг рок. И сега дојде редот, тоа "домакинско" управување со финансиите да мора некако да се поправи, ама излезе дека работите биле полоши отколку што се мислеше. Испадна дека се штимале финансиски извештаи и ред други работи.
Нареден чекор е пропаѓањето на влади, како што и гледаме, и доваѓање на сцена на левицата на владејачката позиција. Ќе се продаваат и најголемите енергетски и телекомуникациски јавни претпријатија, ќе се качуваат даноци и на крај кризата ќе има ефект како и секогаш на обичниот граѓанин, на кого само господ во вакви ситуации може да му биде напомош. Нема ЕУ да пропадне тоа би било големи трошоци, време и труд, фрлање во вода. Но ќе има значително осиромашување пред се на понските слоеви од населението.
--- надополнето: Nov 10, 2011 8:22 PM ---
5 години рецесија,а е трета светска економија.

САД е прва економија, па беше на работ на банкрот. Јапонија не е земја која лесно паѓа, тоа се веќе земји кои го достигнале својот максимум и се изградени на сите полиња, така да рецесијата е знак дека работите мора да се поправат додека не стане предоцна како што веќе стана со Италија.
 
Нема да дојде крајот на ЕУ. Ќе драматизираат, ќе се траскаат од земја, после ќе лаат и ќе напињаат за “есенцијалноста да се сочуваат европските вредности кои се длабоко вкоренети во историјата на Европа“, па уште малце ќе се траскаат од земја, ќе дадат 5-6 драматични изјави као или-или, држ-не дај, ти реков-ми рече, а-у. После ќе излезат и ќе речат како гордо се справиле со предизвиците и како ЕУ е сега позрела и спремна за нови победи. Во меѓувреме ќе се оговараат и колнат едни со други, ама битно ќе застанат и ќе се сликаат сите лидери како едно големо среќно семејство кое е насмеано само на слики. Ќе продолжат така, ќе ги бутнат сите проблеми под тепих и така лицемерно ќе си живеат до крајот на своите мандати. :pipi: Европа секогаш функционирала на принцип на хард кор лицемерие...

Не верувам дека во догледно време ќе се распаднат, али ќе има опасни кризи. Нема да се распаднат од себични економски причини, не дека веруваат во европскиот сон и европските вредности, кои btw никад не разбрав точно кои се.

П.С. Meanwhile Саркози и пее на Ангела:

Биче рата кажу сви, а ја чу умрети од љубави...

Ко ни сада узме Грција,
Продала је острове другимааа,
ночима ја сањам њене дугове,
куда иду изгубљене државеее...
:pipi:
 
ЕУ го има истиот вграден дефект како и поранешна Југославија која што поради таквиот дефект и се распадна, а тоа е единствена монетарна и посебна фискална политика за секоја земја. Нормално сите ќе гледаат да трошат повеќе а долговите ќе ги плати ЕУ...
Излезот е во уште поголема централизација, такви се и најавите, односно формирање на министерство за финансии на ниво на ЕУ. Или ова ќе го направат или ќе пропадне ЕУ.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom