ПОРАДИ НЕПРИСТОЕН ПРЕДЛОГ НА СРБИТЕ
Јане го одби Свисслион Таково
* Најновата понуда беше една сезона да играм за тимот на Свисслион Пелистер, а потоа наредните две години да продолжам да играм за нив" - вели младиот бек
Иако се најавуваше дека Јане Петровски од наредната сезона ќе го носи дресот на Свисслион Таково, сепак, тоа нема да се случи.
Причина поради која младиот бек нема да замине кај нашиот северен сосед е непристојниот предлог на управата на српскиот клуб која е многу добро запознаена со неговите квалитети.
За Петровски да биде дел од тимот на Свисслион Таково, прво ќе треба една година да мине во таборот на Свисслион Пелистер, па потоа во наредните две години да премине во српскиот клуб, што е, пак, далеку од неговите планови.
"Првичната понуда на управата на Свисслион Таково беше доколку бидат задоволни од мене да потпишам за нив, што до некаде беше и моја желба. Но преговорите продолжија во сосема друг правец, кој за мене во никој случај не е прифатлив. Најновата понуда беше една сезона да играм за тимот на Свисслион Пелистер, а потоа наредните две години да продолжам да играм за нив. Како што реков сето ова не се вклопуваше во моите планови, па затоа одлучив да ги одбијам" - вели младиот бек, кој беше еден од главните лидери во тимот од "Јане Сандански".
Дали сето ова значи дека и во наредната сезона ќе останеш во МЗТ Скопје, со кого си с$ уште под договор?
"Точно е дека мојот договор со МЗТ Скопје истекува наредната година. Дали ќе останам да играм во мојот досегашен или некој друг, рано е да се зборува" - заврши Јане Петровски.
Струмица 2005 една од опциите
Според неофицијални извори, за услугите на младиот бек бил заинтересиран новиот шампион, тимот на Струмица 2005. Инаку, покрај струмичани на адресата на Јане Петровски испратиле неколку понуди екипи надвор од земјава.
УШТЕ ДВЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ИМИЊА ВО КАВАДАРЦИ
Самарџиев-Ѓуров, нов "дует" во Фени Индустри
Се помали се дилемите околу "изгледот" на екипата на Фени Индустри во следната натпреварувачка сезона.
Откако се подигна голема прашина, прво со потписот на договорот со Златко Гоцевски од Струмица 2005 а потоа уште повеќе и со договорениот "дил" со Александар Димитровски, серијата доаѓања во Кавадарци продолжува.
Поточно, само се официјализира.
Нови играчи на Фени Индустри во следната сезона ќе бидат Горан Самарџиев и Марјан Ѓуров.
Искусниот бек практично беше првиот кој се обврза на верност кон својот "матичен клуб". По разделбата со Вардар Осигурување и спонзорскиот тим, стана појасно дека Самарџиев е на половина пат за Кавадарци.
А како и да не е кога ги спојува "убавото со корисното". Убава понуда која тешко се одбива и играње во "Јасмин" каде почна да се пробива во кошаркарскиот свет.
А каде е Самарџиев, тука некаде е и Марјан Ѓуров. Еден вистински тандем, кој "трае" речиси едно десетлетие. Одамна е познато дека најголем дел од годините ги поминаа заедно во Фершпед Работнички, оваа, завршената како играчи на Вардар Осигурување.
Онаа наредната, пак, во Фени Индустри.
Со тоа само се зголеми списокот на репрезентативни имиња во редовите на кавадарчани. Освен Гоцевски и Димитровски, сега и Самарџиев и Ѓуров, кавадарчани се договорија и со Дарко Радуловиќ и Бошко Јововиќ. "Сигурен" е и Слободан Михајловски, со еден збор една убава основа која може да се надгради во деновите кои следат.
И Поповиќ во Кавадарци
Владимир Поповиќ е новото засилување за екипата на Фени Индустри
Доскорешниот играч на Фершпед Работнички одлучи да ја прифати понудата и потпиша едногодишен договор со кавадарчани.
Српскиот интернационалец би требало да биде еден од ротацијата на бековските позиции.
ПО ТАЛЕВСКИ И СТАНКОВИЌ, БИТОЛЧАНИ САКААТ УШТЕ ЕДЕН ИГРАЧ ЗА ЦЕНТАРСКАТА ЛИНИЈА
"Пелистерци" го "меркаат" Кралевски
Свисслион Пелистер има намера да не ја повтори грешката од претходната сезона. Односно да зависи од само една петорка, и тоа онаа првата.
"Грешка", ако може да се каже така, која во овој преоден рок "зелено-белите" со сите сили ќе настојуваат и веќе го прават тоа, да ја поправат.
По првиот чекор, односно доведувањето на Александар Петровиќ за шеф на стручниот штаб, "пелистерци" прво почнаа да го решаваат центарското прашање.
За таа цел првите потписи беа договорени со искусните Ѓорѓи Талевски и Срѓан Станковиќ. Првиот се обврза на четири, а вториот на две години верност со Свисслион Пелистер.
Но тука, се чини, не е крајот на амбициите на битолчани. Тие интензивно преговараат со уште неколку домашни играчи.
А неофицијално, прв на листата на желбите е Филип Кралевски.
Доскорешниот капитен на Вардар Осигурување има "овдрзани раце" да преговара со други екипи, особено по заминувањето на спонзорскиот тим предводен од АД "Вардар Осигурување".
Иако имаше најави дека ќе биде дел од МЗТ Скопје, се чини дека "пелистерци" сакаат да ја искористат оваа "вакуум-ситуација" и да дојдат до одличниот скокач и тоа како корисен играч кој го покажа во последните неколку сезони.
Со евентуален ангажман на Кралевски, Свисслион Пелистер ќе ги "покрие" двете центарски позиции и ќе продолжи со обновата на оние "надворешни" линии во екипата за новата сезона
СИНИША АВРАМОВСКИ СО ЈАСЕН СТАВ
Сакам да играм за ЦСКА
Синиша Аврамовски е задоволен како ја одигра оваа сезона во бугарскиот шампионат. Но во моментов с$ уште не знае дали ќе ја продолжи кариерата како играч на софиска ЦСКА или, пак, повторно ќе биде "позајмен" во Черно Море или некој друг клуб од Првата лига на Бугарија.
Сепак, и покрај одличните игри за "морнарите" од Варна, единствена цел на високиот центар е во наредната сезона да биде дел од ЦСКА со која минатото лето потпиша повеќегодиашен договор.
"Во Варна поминав четири неверојатни месеци. Тренерскиот тим ми даде голема доверба, но и доволно време за игра. Имав полна слобода на теренот за што мислам дека вратив на најдобар можен начин. Навистина, сите играчи на Черно море се неверојатни. Многу сум радосен, особено што се запознав и со Симеон Варчев. Тоа е човекот по чија заслуга клубот направи одличен резултат"- вели Аврамовски.
На прашањето кои му се плановите за следната сезона, Аврамовски со очекуван оговор.
" Во моментов сакам да бидам дел од ЦСКА и тоа е мојот приоритет. Сакам да се вратам во екипата и да се развивам како играч. Имав разговор и со тренерот Росен Барчовски и тој ме увери во тоа дека целото раководство на ЦСКА е задоволно од моите игри во Черно Море. Се надевам дека Барчовски ќе смета на мене во наредната сезона"- вели Аврамовски.
www.sport.com.mk