Кошаркарски актуелности

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
DoolroX напиша:
а според тебе кој требаше да игра во аба лигата за да биде заслужено? дај малце луѓе да бидеме реални и јас сакав вардар да игра место работнички - АМА НЕМА! работнички освои 90% од титулите во куп и првенство на македонија, клуб со историја,традиција, а и самите челници на аба кажа или работнички или никој друг! дали според тоа што имаше една лоша сезона не заслужува да игра!? па кој да игра тогаш? струмица, која се на се има 2 години искуство во прва лига, освен титулава други никакви позначајни резултати... ? треба да се биде искрен и да се каже, па работнички е ИНСТИТУЦИЈА за останатите тимови во македонија, сакаме ние тоа да го признаеме или не, ќе треба да поминат најмалку 20 години, а може и повеќе за некој да се доближи до епитетот што го носи работнички!
Е гледам колку гледас кошарка Струмица 2 години во прва лига Струмица го менува името како и другите клубови и е во Мак лигата од Формирањето тогаш се викаше Македонија 91 и е играла во првата лига најмалку 12 години и на пример во Лигата на шампиони екипите играат според историјата или според успехот
 
mite84 напиша:

струмица како струмица постои 2 години, а пред тоа како поло трејд и што ти ја знам уште кој други 1000 имиња што не е битно и не ме интересира но еве секоја година играле во прва лига, а што успеси имале? едно финале и една титула и според тебе заради ова треба да игра струмица, а не работнички? дај малце биди реален и батали лига на шампиони тоа е сосема друга работа. биди сигурен дека струмица и да ги освојува титулите во наредни 5 години пак нема да имаат покана да игра во јадранската лига. историјата може не е битна откога ќе поминат 10,20,30... години, но после една помината година и заклучок дека струмица повеќе заслужува, а не работнички се живи глупости
 
И следната година ако Струмица е шампион не знам баш нема ли да игра ако не на местото на Работнички можеби ке ни дадат уште едно место а за почеток нека игра Работнички заради историјата но за во иднина треба да се гледа и квалитетот
 
Симич не сака да го преплива јадранот за ефтини пари и на вториот состанок со лоши вести евентуално следната сезона нема да биде дел од фершпед има преговарано и со Струмица 2005 ако не дојде гркот центар од Арис ке дојде Симич а има преговарано и со Фени ама фени го имаат ЗЛАТКО ГОЦЕВСКИ!!!
 
mite84 напиша:
И следната година ако Струмица е шампион не знам баш нема ли да игра ако не на местото на Работнички можеби ке ни дадат уште едно место а за почеток нека игра Работнички заради историјата но за во иднина треба да се гледа и квалитетот

само уште ова и не бегам веќе од темава :) оваа сезона работнички игра со вајлд карта во јадранската лига и ако не ја оправда таа ‘‘карта‘‘ со резултати може да се збогуваме од јадранската лига во иднина :) за да имаме 2 екипи во аба лигата работнички треба да направи не резултати туку ‘‘резултатишта‘‘ ! да заврши во првите 4,а и тогаш тешко дека би добиле уште едно место во лигата, зашто ниту еден клуб од аба лигата не поддржува што македонија има претставник, а ако се случи да имаме 2 екипи ништо чудно и да почне да се распаѓа лигата, како што и сега има најави за откажување :) сега за сега најбитно е да се направи солиден тим, со кои би имале солидни резултати и кој нема да биде топовска храна за останатите екипи за да може следната сезона да имаме аргументи со кои би имале чист образ да бараме учество во лигата :)
 
mite84 напиша:
Фени наткачи само за Гоцевски Струмица можеше да му ги даде тие пари но немаше да биде фер спрема другите играчи
samo Gocevski? da ne si nazad malce so vremevo? GUROV , SAMARDZIEV , RADULE, ..............?ako Gurov cini 3000 evra ja sum EVA LONGORIJA...............
 
aerodromka напиша:
samo Gocevski? da ne si nazad malce so vremevo? GUROV , SAMARDZIEV , RADULE, ..............? ako Gurov cini 3000 evra ja sum EVA LONGORIJA...............

Според аналогија на нештата, тоа што ти не си многу далеку од Ева Лонгорија, не би тебало да значи дека Ѓуров на ***ов не е далеку од 3000 евра :icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg

Mite84 напиша:
И следната година ако Струмица е шампион не знам баш нема ли да игра ако не на местото на Работнички можеби ке ни дадат уште едно место а за почеток нека игра Работнички заради историјата но за во иднина треба да се гледа и квалитетот
КК Струмица како КК Струмица (без разлика дали била Поло Трејд, Македонија91, Немтеали...)е тотална непозната на луѓето во екс-југославија. Тие играле со Работнички, го знаат кој е Работнички, тим со страшна традиција, синоним на македонската кошарка и тоа е брендот кој луѓето од АБА го сакаа.

За Лигата на Шампиони споредбата, колку само нема врска, зашто тоа е под закрила на Уефа и не е регионално наптреварување. Аба си има своја федерација која одлучува кој ке иде а кој не. Неа не и треба шампионот. Да речеме Ѕвезда има лоша сезона и завршува 8ма а идат 5 од Србија, мислиш дека би играле Чукарички место Ѕвезда? Се лажеш.

Работнички мора да освојува поени за да остане во АБА, а за дочекаме уште еден претставник, да не бидам скептичен, ама тешко и децата наши да го дочекаат тоа. Треба Работнички да има страшни резултати во следниве 10 години за да ни отвори место на останативе клубови.

Жалам за :oftopic:пост
 
Radical Boy напиша:
Според аналогија на нештата, тоа што ти не си многу далеку од Ева Лонгорија, не би тебало да значи дека Ѓуров на ***ов не е далеку од 3000 евра :icon_bigg:icon_bigg:icon_bigg
ti denes ne si so site ovci na broj GUROV 3000 EVRA, GUROV??? abe ajde ne lupaj gluposti da bese on za 3000 evra nemase da igra za feni ke igrase za stranska ekipa
 
Тасовски после шпекулациите дека ке отиде во Фени, се одлучи за Струмица :basket:

а струмица преговараат нешто и за : Симиќ(мајмунот, не ни треба) и Огнен Стојановски
 
A*1*T*E*A*M напиша:
Тасовски после шпекулациите дека ке отиде во Фени, се одлучи за Струмица :basket:

а струмица преговараат нешто и за : )Симиќ(мајмунот, не ни треба и Огнен Стојановски

So be ne ti treba? Koj drug centar od Mk e podobar od Simic veke koga Gocevski si otide? Pak nekoj grk ke donesat sega...so si nema pojma...

ФЕРШПЕД РАБОТНИЧКИ И ФЕНИ ИНДУСТРИ ВО ТРКА ЗА ПОТПИСОТ НА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИОТ БЕК
"Војна" за Димитровски

Александар Димитровски се враќа во Македонија. Навидум сензационално, но ако се суди според најавите кои доаѓаат од Скопје, но и од Кавадраци, тоа полека може да стане и реалност.

И двата клуба веќе се вклучиле во проектот " како до потписот на Александар Димитровски?"

Барем засега во мала предност е Фени Индустри, чиј претседател веќе ги направил и првите конкретни чекори во обид да го "натера" репрезентативниот бек да се врати во Македонија, поточно во Кавадарци.

Кавадарчани одамна најавија дека се подготвени да направат еден супер тим кој би се вклучил во битката за шампионската титула.

Веќе и направија еден чекор со ангажманот на Златко Гоцевски, најдобриот играч на Струмица 2005 во финалето на плеј-офот. Но, тука не е крајот на "возбудувањата".

"Портокаловите" сакаат "револуција" а како поинаку освен со "бомба" пред стартот на преодниот рок. А таа се вика Александар Димитровски.

Иако се под знаците на неофицијалното, Фени индустри бил подготвен да му понуди на Димитровски сума која не се одбива. Поточно кажано досега тешко достижна на овие простори. Се најавува дека кавадарчани се подготвени да му понудат точно 50.000 евра за едногодишен договор на Димитровски со цел да ја облече "седумката" на Фени Индустри.

Понуда од која се врти во главата, не само кај Димитровски, кој, како што е познато, изминатите година и пол ги помина како играч на полскиот АСЦО Сласк од Вроцлав.

Но, тоа не било и с$ од кавадарчани. Откако дознале дека во трката се вклучува и Фершпед Работнички, тие го "подигнале" влогот". Па наводно, на Димитровски му понудиле и нешто екстра. Поточно посебни премии во случај екипата која ќе ја води Емил Рајковиќ да ја освои шампионската или куп-титулата.
 
Колку пати треба да кажам дека тоа што сте го извадиле да пишете од каде сте го извадиле а не така само пастирајте и готово....
Супер Бој ова се однесува на тебе....гледај малце пред тебе што постирале...имаат на крај напишано од кај е извадено:)
 
Била Бонг напиша:

Па јас напишав дека е од www.sport.com.mk најдолу ама незнам зш го нема :) Ај нема врска...
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Работнички и Струмица се борат за Соколов[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Откако остана со празни раце по заминувањето на Диме Тасовски, Фершпед Работнички сака да го ангажира македонскиот интернационалец Дарко Соколов кој настапуваше за Химик од Украина. За него интерес пројави и актуелниот шампион Струмица. Соколов ќе им одговори на понудите откако ќе знае каков ќе биде исходот со Химик со кого веќе има преддоговор. Според зборовите на неговиот менаџер, Игор Гацов, младиот Соколов сака да остане во Украина каде што со Химик стигна до бронзен медал во првенството.
[/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif][/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]www.vest.com.mk
[/FONT]
 
Од неофицијални извори дознав дека или соколов или стојановски ке дојде во Стурмица 2005.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom