Кошаркарски актуелности

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Еве ви изјава од Димишковски комесар за натпреварување во КФМ, па видете Работнички дали немало да може да направи екипа:

"Фершпед Работнички е голем клуб и сигурно е дека може да смета на некоја бројка од 16 домашни кошаркари колку што може да стави на пријавната листа и секако
 
Наумовски тренер на Ефес Пилсен?
Се шпекулира дека Наумовски ке седне на местото на Октај Махмути....повеќе од www.basketball.org.mk


Легендата на македонската кошарка, Петар Наумоски, може да го наследи Октај Махмути на тренерското место на екипата на Ефес Пилсен. Наумоски (38) стекна одлична репутација како играч на ”пиварите”, кога го носеше дресот на овој клуб, во 6 сезони во периодот од 1992 до 1999 година.
Најдобриот македонски кошаркар, кој веќе неколку сезони не игра кошарка активно, изјави дека има желба да ја започне својата тренерска кариера во клубот, во кој ја стекна својата најголема слава како играч:

- Имам желба да станам тренер на Ефес Пилсен, и да ги постигнам оние успеси, кои ги забележав како играч во дресот на овој клуб. – вели поранешниот капитен на македонската репрезентација за турскиот весник ”Хуријет”.

Наумоски во својата играчка кариера настапувал и за екипите на Работнички, Југопластика, Бенетон, Монтепаски, Пипо Милано и Улкер. Најдобриот кошаркар во историјата на Македонија повеќе од една деценија беше лидер на македонската кошаркарска репрезентација, со која го оствари единствениот пасман на завршница на ЕП досега.
 
Иначе сакав да кажам дека од следната сезона во македонското првенство ке може да играат неограничен број странци во една екипа, така да нашиве играчи ке го изедат на крајот кога за истите пари ке се носат многу подобри странци.

А за Стојановски и Симиќ скоро сигурно ке останат во Работнички, а ако си оди Стојановски, најдалеку што би одел е Мзт, поради некои многу опасни муабети, ама мене лично не ми се верува. Иначе Мзт следната сезона за тренер ке има наш стручњак кој минативе неколку сезони беше тренер во странство, ке разберете за некој ден :)
 
Нови шпекулации
-Дејвид Блат ке оди во Динамо Москва.
-Дуда Ивкович по се веројатно ке оди во Тау Керамика
-Стив Кер во Феникс
-Олимпијакос го сака Холден во нивната екипа
-Саша Братич во Химки...може не го знаете но имаше играно во Звезда и Фмп Железник
 
Toни Симич дефинитивно останува во Фершпед Работнички.
 
КРАЈ НА ДИЛЕМИТЕ

Симиќ останува во Фершпед Работнички

Високиот центар се согласи на обновување на соработката за уште една сезона.

Веќе дилеми нема. Ако и ги имаше, сега веќе ги нема. Тони Симиќ и во следната сезона ќе го носи дресот на Фершпед Работнички.

Иако имаше и други и тоа како сериозни понуди, пред с$ онаа од екипата на Фени Индустри, високиот центар по доста двоумење се реши.

"Останувам во Градски парк. Тоа е мојата одлука. Не ми беше нималку лесно овои денови, особено што имав понуди и од други клубови. Но, одлучив дека најдобро за мене во овој момент е да останам верен на Фершпед Работнички"- потврдува Симиќ.

Не е тајна дека Фени Индустри сериозно "загриза" да го донесе Симиќ во Кавардарци?

"Точно е дека имаше сериозен интерес од нивна страна. Дури и бев во Кавадарци да се запознаам со условите за играње. Понудата беше од оние за кои вреди да се размисли. Но, пресуди тоа што сепак Скопје е мој град, во кој сум навикнат на многу работи. Тука ми е и семејството. Мора да се земат предвид и годините. Не е лесно да менуваш некои навики. Се чувствував одлично во Фершпед Работнички сите овие години наназад. Тешко е да се разделиш со сето тоа на што си се навикнал. Ги известив луѓето од Фени Индустри за мојата одлука. Се надевам дека ќе ме разберат во целост"- дополнува високиот центар.

Освен "големината" на Фершпед Работнички, се чини дека дополнителни мотиви кај Симиќ донесува и одлуката на клубот да игра во Јадранската лига и најверојатно во ФИБА- Еврокупот?

"И тоа е важен фактор. Па кој не сака да игра во НЛБ лигата или во ФИБА- Еврокупот. Јас такви играчи не познавам. Добив уверување дека раководството на клубот ќе направи екипа која 'ќе се прошета' во домашното првенство, и ќе има што да каже и во овие натпреварувања, што исто така е битно за моето останување во Градски парк" - заклучува веројатно и идниот капитен на "шпедитерите".


СE ПОИЗВЕСНА СТРАНСКА ТРЕНЕРСКА ВАРИЈАНТА ВО "ГРАДСКИ ПАРК"

Арсиќ најблиску до клупата на Фершпед Работнички?

Голем број тренерски имиња се "свртеа" деновиве наназад кога е во прашање испразнетото место во Фершпед Работнички по оставката на Јорданчо Давитков.

Иако беше најавувано дека решението можеби ќе биде "Маде ин Маседониа", како што сега стојат работите во Градски парк, извесно е дека тоа ќе биде побарано "од надвор".

Преодниот рок се наближува, а тоа веќе е знак за опасност во Градски парк каде има и (пре)голем број отворени прашања кои чекаат свој одговор.

Се чини дека и петокот е номиниран како "дедлајн" кога е во прашање одлуката на "шпедитерите" за тоа кој ќе ја има тренерската функција во следната натпреварувачка сезона во која како се чини, Фершпед Работнички ќе игра на четири фронта, два домашни и два европски.

С$ потешка е варијантата во Градски парк да се врати Марин Докузовски. Во моментов трофејниот стручњак е во Софија каде ја чекува "разврската" со Лукоил Академик.

Но, реално е и за очекување, Докузовски и понатаму да биде дел од "академиците", особено по новата двојна круна која ја освоија и во минатата сезона.

Од претходно споменуваните, Александар Тодоров исто така има намера да продолжи со кариерата "надвор" од Македонија, односно да продолжи со работата во Турција во некој друг клуб, можеби и надвор од Анкара.

Сашо Филиповски и Боби Митев продолжуваат со работата во полскиот БОТ Туров.

И сето ова наведува на логичен заклучок тренерот да биде странец, посебно ако се знае дека од "слободните тренерски агенти" во Македонија, барем од онаа прва категорија, може да се смета на Марјан Лазовски, па и на Горан Крстевски, кој лани имаше странско "искуство" (како асистент во ЦСКА).

Но, за верување е дека "шпедитерите" ќе се одлучат за првата странска варијанта.

А барем според последните најави, најблиску до клупата е Јовица Арсиќ, доскорешниот шеф на стручниот штаб на Здравје од Лесковац.

Име кое значи доста и во српската кошарка. Тренер кој во моментов е слободен по заминувањето од Лесковац, кој ги познава условите кај нас, посебно македонскиот баксет-менталитет.

Освен тоа Арсиќ има и свое тренерско "педигре", на пример лани ја предводеше јуниорската селекција на Србија и Црна Гора на ЕП во Грција, каде го освоија 5. место.

Оваа зима Арсиќ беше еден од најсериозните кандидати да го преземе кормилото на сениорската репрезентација на Бугарија, но "загуби на поени" од Валентин Папазов.

Дали ќе дојде до договор со нашиот најтрофеен кошаркарски колектив, ќе биде познато најверојатно до крајот на оваа работна недела, до почетокот на летниот трансфер период.

www.sport.com.mk
 
Почнува изгледа преродбата на Мзт. Ацо Тодоров е многу извесно дека ке биде тренер. Ова беше првиот предуслов за најновите шпекулации кои ги слушнав. Муабетот беше ако Тодоров дојде во Мзт, Мзт ке прави тим (зашто сигурно не е будала да се врака од Турција за да го води Мзт без пари) како што ми беше кажано, да се стрпиме ке видиме. КОга Тодоров ке потпише, не го отпишувајте Мзт, ке влезат неколку, за вас не, ама за мене многу добро познати личности во клубот. И што е најбитно името ке си остане МЗТ СКОПЈЕ без придавки :)
 
Пред некој ден напишав дека новиот центар на К.К. Струмица е чех од Острава. Но ,Струмица сепак реши да се откаже од него и да ангажира американец. Станува збор за 22 годишен центар со 213 цм. Немам уште информации за името.
 
Jовович во фени , Огнен Стојановски останува во фершпед , Зафиров преговара со Фершпед.
 
"МЕТАЛЦИТЕ" РЕШИЈА ЕДНО МОШНЕ БИТНО ПРАШАЊЕ
Александар Тодоров е новиот тренер на МЗТ Скопје!
Доскорешниот тренер на Анкара Баскет одлучи да се врати во " Јане Сандански" и да помогне во "обновата" на клубот и враќање на челните позиции.
289035F18A6F77488E641C37249BF9D1.jpg

Александар Тодоров ќе биде новиот шеф на стручниот штаб на екипата на МЗТ Скопје. По заминувањето на Александар Петровиќ во екипата на Свисслион Пелистер, "металците" беа без решение за тренерската позиција.

Но најден е одговорот.

"Може да потврдиме дека Алекандар Тодоров е новиот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје"- велат од раководството на "металците".

Според информациите од " Јане Сандански", сите детали од договорот ќе бидат познати најдоцна до крајот на оваа недела, кога Тодоров се враќа од Турција.

"Тодоров имаше преговори со некои клубови од Турција. Но, откако му го образложивме нашиот план, се согласи да ја води екипата во наредната сезона. Сметаме дека со неговиот ангажман решаваме многу работи. Низ годините наназад собра доста искуство, кое се надеваме дека ќе го преточи во некои позитивни работи во клубот".

Ова всушност ќе биде враќање на Тодоров на "местото на злосторството". Пред неколку сезони Тодоров седеше на клупата на "металците" како прв тренер, но под "патронат" на Марин Докузовски. Но во тој обид не успеаја да му ја донесат толку долго очекуваната шампионска титула.

Од МЗТ Скопје не најавуваат формирање на некој нов "дрим-тим". По нереализираниот договор за спонзорство со АД " Вардар Осигурување", кој пред извесно време доби и нови сопственици, почна "потерата" по нови спонзори кои би дошле и би помогнале во "обновата" на МЗТ Скопје.

"Наш приоритет беше да најдеме решенија за нормално функционирање на клубот. Мислиме дека сме на добар пат да го направиме тоа без оглед на тоа што не постигнавме и конечен договор со Вардар Осигурување, барем не засега. Отворени сме за соработка и за сите оние кои сакаат да помогнат. Во секој случај, ќе направиме еден респектабилен тим. Голема улога во креирањето на екипата ќе има токму новиот тренер. Ако многумина помислија дека 'нема да има ништо од МЗТ Скопје', се излажаа. На оние кои го сакаат МЗТ Скопје им ветуваме дека тоа ќе биде еден млад, полетен тим, кој ќе има што да каже во оваа лига, доста подзасилена со најавите кои доаѓаат од Струмица, Кавадарци. Имаме 'база' која сигурно ќе ја надградиме. Во наредниот период ќе се обидеме ниту еден играч да не помисли за заминување од 'Јане Сандански', што е мошне битно. Напротив, да донесеме уште неколку играчи, пред с$ квалитетни. Ако не ги најдеме дома, ќе ги побараме 'надвор'"- велат од МЗТ Скопје.



http://www.sport.com.mk/?ItemID=5EEDFCD8482B714BB244746FA597AE9D
 
iLe напиша:
Jовович во фени , Огнен Стојановски останува во фершпед , Зафиров преговара со Фершпед.

Добро веќе кога ми го избришаа тоа што го напишав, дај барем ти Иле кажи ми ти кој е тој кошаркар Зафиров??
 
Super boy напиша:
Добро веќе кога ми го избришаа тоа што го напишав, дај барем ти Иле кажи ми ти кој е тој кошаркар Зафиров??
abe odbojkar e toj ali decava ili ne znaat da citaat ili tolku se rabiraat vo basket :toe:
 
Taka пишаше во спорт па сеа мош е било одбојка ама под него пишаше босна сака да го зема местото на фершпед .. се извинувам ако е грешка..
 
iLe напиша:
Taka пишаше во спорт па сеа мош е било одбојка ама под него пишаше босна сака да го зема местото на фершпед .. се извинувам ако е грешка..

на иста страна беа, горе пишуваше кошарка и за босна, а под него одбојка и за зафиров :) :helou:
 
Извинете за оф топикот!
На кој му фали пост избришан му е од мене...Супер Бој немора одма провоцираш..поправи го а не кој е овој кој е оној речи му нема таков и готово!..Колку пати треба да ви кажам дека тука се води разговор се помага меѓу себе,не се провоцира и не се прават караници!

Назад на темата!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom