Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
да се надеваме дека истото се повторува како пред европското..
 
Нема гајле бе не сме уиграни поради тоа служат овие мечеви да се уиграме и послем да си газиме ;)
Сватете пријателска си е пријателска и служи само за контрола значи доага нешто како тренинг така да уживајте си :)
 
аман бе се исплашивте од поразов...па Бо пред 2 дена и се приклучи на репрезентацијава, додека се вклопи малце време му треба...со друг тренер е...полека ќе си дојде се на место
 
јас мислам дека не треба да се паничи. на играчите им треба време да се аклиматизираат на условите таму, плус оваа им е прва заедничка утакмица после подолго време и на крај, зошто да се трошат сега, кога можат да си кријат адути?

не верувам дека одбраната нема да ни биде прв адут, пошто, за разлика од лани, сега сме многу посилни под кош (а и поискусни). ако не ни биде, то е невидена грешка на лазовски.

од првата постава дури 4 играчи имаат титула од ланската сезона, на клупа сме многу посилни, дамјан и пеџа се многу подобрени, тука е николоски, соколов стандард, мислам дека имаме добри шанси да ојме на олимпијада. само да не се кренат нашиве во облаци и да потценат некого па да се испосе.ат ко ракометарите!
 
Не разбирам зошто Чековски се форсира пред Николовски тоа е комплетна глупост.

Додека за одбраната се надевам дека овде пробувале само тактики бидејки и со Русија и со Литванија,а сега и со Порторико противничките центри не уништија во поим.Не може нашиот човек под кош да дозволува противничките центри да се улетуваат накај кош со отворена страна накај играчот што влече и со тоа лесно да примат топка додека он го брка од другата негова страна зошто единствена опција му е да направи фаул во тој случај.Од Русите така примивме многу поени на Литванците скоро секој кош им беше со пробивање на центар сега од статистика и со Порторико истото.
 
На Николовски,Симоновски и Костовски и Костовски им дал 00:00 на паркет.Не го разбирам ова.
 
На Николовски,Симоновски и Костовски и Костовски им дал 00:00 на паркет.Не го разбирам ова.
Можеби криење адути?
Николовски сигурно ќе добива поголема шанса, а овие кои сабајлево играле биле главно играчите кои се приклучија подоцна.
Не разбирам зошто Чековски се форсира пред Николовски тоа е комплетна глупост.
Чековски вчера играл 6:45, кај има тука форсирање.

Сакам да се пласираат на Олимпијада, ама и да не се пласираат, не е крај на светот, овие играчи ни го донесоа првото репрезентативно полуфинале.
 
Не сум загрижен од резултатот туку сум загрижен од играта во одбрана....Лазовски во едно интервју потенцираше оти главно ќе се фокусираме на ИГРАТА ВО ОДБРАНА а пак сега примаме близу 100 коша што е многу загрижувачки....не ја гледав утакмицата ама според ова што го читав во првото полувреме сме форсирале шут за 3, што во последно воопшто не ни оди иако апсолутно секој играч кај нас знае да погоди тројка....сепак овие натпревари служат за аклиматизација на условите кои што се таму, Бо пред 2 дена ја комплетираше екипата, Владо немаше играно 2 месеци поради повреда.....
 
Дај боже толку многу потрошени топки за 3 да не се одраз за немоќ и безидејност во нападот. Поразот не е битен но резултатот е превисок. Ако на ваков натпревар против силен противник посебно сега кога сме со комплетен состав не им се даде шанса на новајлиите за да се провери како се вклопуваат во тимот, тогаш како да очекуваме во моментите кога ќе треба да се вадат жешки костени да изиграат добро.
 
Мечот е загубен најмногу ради тоа што нашиве се немаат ни аклиматизирано, им се фати се на куп за неколку денови, не се уиграни и трето Порто Рико си игра брза и агресивна кошарка како што кажал Лазовски, што може да биде проблем посебно во скоковите и играта под кош... Да се надеваме дека ќе не демантираат и дека утревечер ќе одиграат многу подобро.

Инаку
Победата на Порторико е уште позначајна ако се знае дека е остварена без двајца од стартната петорка, Андрес Родригез и кошаркарот со НБА-педигре, Карлос Аројо. :facepalm:
 
Луѓето не можат така лесно да се прилагодат на климата, а Бо имаше многу малку одмор, нормално е дека нема лесно да му биде. Ова е подготовка, сигурно сакале да ги вежбаат тројките, штом толку шутирале, јас друг одговор не гледам. Не се палете пред време, ова е уште подобро за нас, при евентуална средба на квалификациите со овие, поголема е шансата да не потценат, а тогаш знаеме ние како да одговориме. Очекувам уште во вечерашната утакмица да се подобриме, ама и не мора, само нека се одморат, за да бидиме целосно спремни во Венецуела.
 
Јас мислам дека толку шутеви за тројки има зошто на почеток резултатот го отворија со тројки а потоа и во второ преку антиќ почнаа и да стигаат со тројки и го гледале тоа како сламка за спас.Бо како што може да се види бил немоќен и останувало се на Гечевски и Самарџиски под кош а останатите да идат на тројки..

А овие порториканциве се беда ај што немаше стрим али па ни highlights да нема од натпреварот апсолутно ништо.Али затоа од Порторико-Јамајка женска кошарка има едно 300 видеа.
 
Николовски сигурно ќе добива поголема шанса, а овие кои сабајлево играле биле главно играчите кои се приклучија подоцна.
Нетреба повеќе анализи..! За џабе се удирате од земја, сигурен сум дека границата на примени кошеви на турнирот нема да биде повеќе од 65-70 така да нема простор за паника
 
33fc56h.png

--- надополнето: 28 јуни 2012 во 15:06 ---
23ua5ug.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom