Кошаркарска репрезентација на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Христов
  • Време на започнување Време на започнување
Браво за дечките, секоја чест, максимално се залагаа, се надминаа целосно. Се надевам дека сите ќе бидат здрави догодина, дека ќе напредуваат и достојно ќе не претстават на ЕП.
 
Чекај да видиме како ќе изгледаат против некоја од појаките репрезентации што се залетувате одма со коментари.

Почит за ова до сега ама ова не значи дека се способни за нешто повеќе од минатата генерација.
Де бе брат, а ти да не сакаш златото да го бркаат? :)
Тимови со цели петорки НБА играчи не дошле до медаља, ти ги споредуваш со минатата генерација или дали би биле способни нешто повеќе да направат од нив, нонсенс.

Реално самото пласирање на првенството е голем дострел со овие играчи. Порано со Врба, Перо, Тоше и други многу подобри играчи од овие сме се маткале по Б дивизии, по квалификациони турнири, последни сме биле у групи итн итн.
Овие што сите секојдневно ги плукаме вакви биле онакви биле успеаја да се пласираат и тоа убедливо.

Што е до мене им симнувам капа, немора да ми докажуваат како би играле против појаки тимови или па да очекуваме победи.
Само да оставаат срце на терен како задњиве 15тина дена.
 
Можевме да ја добиеме со 25 разлика ама очајни бевме по исклучувањето на Трајковски , па дури и неколку лоши судиски одлуки имаше ама битно се пласиравме. Очекувам да прикажат борбеност и мислам дека ќе стасат далеку. Се надевам до тогаш Самарџиски и Чековски ќе ги санират повредите , па проблемот со високи играчи и толку офанзивни скокови нема да го има. Секако се надевам на враќање на Илиевски и Антич ама и без нив можеме барем да се добијат уште двајца високи играчи на клупа. Плус за сите што го критикува Магдевски им покажа денеска што знае и како се игра.. Браво.
 
Освен Антиќ друг никој ши се е пензионирал не треба да вккат назад у репрезентација
 
Да бе децава ќе кршат раце,ќе пљукаат крв на терен за после да дојде некој готовант и местото да им го земе?Ма јок,боље ко магариња да губат,ама да останат само овие што играа во квалификацииве.
 
Тргна екипата :D :D

10593101_10203840691272930_5595469884112629357_n.jpg
 
Реално самото пласирање на првенството е голем дострел со овие играчи. Порано со Врба, Перо, Тоше и други многу подобри играчи од овие сме се маткале по Б дивизии, по квалификациони турнири, последни сме биле у групи итн итн.
.
Поентата!
 
Секоја чест за играта ,ама пред све за залагањето за дресот што го носат за државата.И све да ги изгубат на Еп,ако гледам дека вака гинат за секоја топка,збор нема да кажем.Еее ко би се бореле вака нашиве дрва наречени фудбалери,би било супер.
 
Има да победуваме на тоа Европското првенство и тоа како од шала. Кога ќе видам какви се репрезантации се пласираат јас сум убеден дека ќе ги згазиме сите. Само никако не можам да ја разберам ФИБА и нивните принципи. Естонија се пласира директно како победник во првата фаза со трето разредни екипи од Европа.
И дај ургирајте некако да играме во тие европските купови на тимско ниво. По две сезони и со четврт состав ќе ги газиме финците. А овие Белгија “фаворитиве“ сите освен еден да ти играле домашно првенство. Замисли. И ако не го освоевме она 4 место на европското тогаш ни во АБА нема да не викнеа.

ФИБА никогаш не била фер спрема нашата кошарка. Се сеќавам кон средината на девеесетите го тепавме Реал Мадрид, а сега ни во некој челинџ куп не не оставаат да играме со холандски екипи. И на капак на тоа во Б дивизија не ставија тогаш како сме немале ние квалитет а Бугарија и Велика Британија во таа а дивизија. Па нема правда.
 
МЗТ играше во Еврокупот лани, па видовме како помина, за џабе потрошени финансии, сигурно се каат што учествуваа.
За екипите не си во право, кој и да игра на Европска сцена само ќе се резили и за џабе ќе фрла пари...

На ЕУРО 2015 се пласираа:
Шпанија, Украјна, Естонија, Франција, Словенија, Хрватска, Литванија, Србија, Финска, Грција, Турција, Летонија, Израел, Босна, Белгија, Грузија, Чешка, Германија, Холандија, Полска, Македонија, Италија, Русија и Исланд.

Само Исланд е дебитант на едно ЕП :)
 
Последно уредено:
е сега едно не ми е јасно..домаќинот велат на 8 септември ќе биде познат, ок тоа, а гледам кандидати (осум се вкупно) Германија, Летонија Израел, Полска па овие селекции играа квалификации и се пласираа на ЕП, како може да се кандидираат? во тој случај треба фактички само да има четири кандидати за организација, Хрватска, Франција, Финска и Турција!!
 
е сега едно не ми е јасно..домаќинот велат на 8 септември ќе биде познат, ок тоа, а гледам кандидати (осум се вкупно) Германија, Летонија Израел, Полска па овие селекции играа квалификации и се пласираа на ЕП, како може да се кандидираат? во тој случај треба фактички само да има четири кандидати за организација, Хрватска, Франција, Финска и Турција!!

Што има врска тоа дали се пласирале преку кваификации или директно,важно е домаќинот да има обезбедено ЕП бидејќи нема веќе слободни места.
 
Не знам зошто цело време повторувате дека не требало други играчи да им го земат местото на овие кои настапија во квалификациите, кога и нема шанса да се деси такво нешто. Џикиќ според мене покажа низ овие квалификации дека не смета сериозно на Димчевски, Брчков и Јанески, првиве двајца не ни добија некоја шанса, Јанески влагаше ептен кога имаа проблеми со лични центрите, така да тие што би се вратиле (Антиќ, Самарџиски и можеби Николовски) нема да им земат место на тие што навистина изиграа низ овие квалификации и ни донесоа пласман на Европско. Гечевски и Илиевски се пензионирани дефинитивно, Чековски 99% е конечна одлуката за пензија.
Единствената дилема веројатно е Хендрикс/Бо и иако Мекејлеб е поквалитетен индивидуално, посебно во напад, јас би сакал да ги видам во тандем Антиќ и Хендрикс. Ако ништо друго, бар одбраната со овие двајца би ни била на ниво како во Литванија, ако не и подобра.
 
Браво за момците, вакви такви онакви. На крајта завршија со победи и еден минимален пораз. Изиграа со срце за Македонија и тоа со 90% нови имиња. За вас незнам јас капа им симињам. И знам дека нема многу репрезентации во Европа кои после ваква смена на генерации вака комотно би се пласирале на европско. Има една работа што некогаш е добра а некогаш се претерува а тоа е што ракометарите и кошаркарите не вообразија така што од нив очекуваме навистина големи успеси. Тоа само по себе е добро и ме радува што полека се менува нашиот хронично губитнички менталитет. Тоа пред се благодарение на предходната генерација. Добро е и што сега границите се подигнати за новата генерација па така мислам дека на сите им е јасно дека плоштадот повеќе нема да се полни за 4 то место туку дека сите очекуваат медали. Она што не е добро е понекогаш нереалните очекувања кои резултират со традиционално македонско вреѓање на играчите, тренерот и тн. Сепак треба да се биде реален и да им се даде време на овие момци. Што се однесува до екипата сите знаеме дека слабост е центарската позиција и тука мислам дека има простор Антич да не удостои и да изигра уште некое првенство за репрезентација. Самарџиски исто така е добродојден но тој нема квалитет да биде носител на игра туку повеќе како дополнување на центарската позиција.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom