Кошарка, Лондон 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата acereal
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Супер е бе, ама дрим тимот никогаш нема да биде посилен од оној во 1992 ;) :D
 
Не се привикнати на европска кошарка овие од САД, ги глеам на почеток ептен се губат, или пак до мене е, а според почетокот има јаки дуели, не изгледа како за пријателски :)
 
Не се привикнати на европска кошарка овие од САД, ги глеам на почеток ептен се губат, или пак до мене е, а според почетокот има јаки дуели, не изгледа како за пријателски :)
Ги уништија под обрач.
 
Знае некој оти не е повикан Двајт Хауард во тимот?

Иначе Ибака како тврдокорен шпанец им е најдобар во репрезентација:icon_mrgr:
 
Моментално 15 разлика за Американците против Шпанија, ќе оди ова +20 сигурно :)

Највероватно доколку завршевме трети на турнирот во Каракас, т.е. се пласиравме на местото на Нигерија на Олимписките Игри, тогаш први би ја отвориле кошарката во Лондон. Во 10 часот на утро, во недела играат Нигерија и Тунис. После нив следуваат :

12:15 = Бразил - Австралија
15:30 = САД - Франција
17:45 = Шпанија - Кина
21:00 = Русија - Велика Британија
23:15 = Аргентина - Литванија

*наведените часови се GMT+2 (македонско време)

Во првото коло ќе биде интересно да се гледа третиот меч во 15:30 како и вечерниот дуел помеѓу Аргентинците и домаќините на последното Европско првенство. :)
 
100-78 победа на Американците и покрај судиската помош за Шпанија
Одлична утакмица на Мело, Коби---Леброн одличен тандем беа, само Вестбрук некако многу се себичи и прави глупи грешки и Лов во дефанзива го убиват на секое... мора Дејвис да добива повеќе минутажа за две минути што изигра одма блок врза.
Премногу талент имат Америте за да не освојат...
 
Абе америве имаа судиска помош, каква Шпанија... им дозволија да играат погруба игра, не им судеа ниту вратени топки... А за талент, европските репрезентации имаат повеќе талент, америве би рекол дека имаат повеќе сила. Америве во рекет ќе имаат доста проблеми со репрезентации како Шпанија или Русија, Леброн како центар, Мело како крилен центар... не знам колку ќе е паметно тоа. И Крижевски ист како Марјан Лазовски, со седум-осум играчи го изигра цел меч и во Duke има такви гледачи кои чат-пат ќе ги стави некоја минута, еве и во репрезентација истото. Шпанците многу лошо шутираа од линијата за слободни, а и Наваро не се повампири. Ако ја изиграат играта која ја имаа против нас во полуфиналето на ЕП (иииј, како моќно звучи ова, како некоја велесила да сме) во најмала рака ќе бидат рамноправни до крајот. Инаку Види Фотос, Двајт мислам дека влечеше некоја повреда, поради тоа не е во тимот, ама не сум сигурен.
Исто, на ЕП ми беше чудно зашто шпанциве го натурализираа Ибака, ама сега ми е 100% јасно... сакаат олимписко злато.
 
Колку ми е криво што ние не играме на олимпијада ...
САД освојуваат златен медал тоа е сигурно. Русиве и Шпанциве ќе се борат за второто и третото место.
Ме мрзи да објаснувам кој разбира кошарка ќе се сложи со мене.
 
Сабајлето ке пренесуваат Нигерија - Тунис, а САД - Франција попладне не. Катастрофа. :tapp:

Има шанси да даваат на Собраниски? Бар во недела навечер ке може да се гледа Аргентина - Литванија.
 
Ме изненади играта на Хрватска до 3/4, е после беше очекуван пад и толку од нив, можеше со помала разлика да загубат, ама океј, ако ја знаеме силата на тимот од САД и со ова се задоволни кошаркарките на Хрватска, Врсаљко :cuc: ..башка лепотица си е.
А Мисура е најубавата резервна спортистка на ОИ. :love:
 
Ме изненади играта на Хрватска до 3/4, е после беше очекуван пад и толку од нив, можеше со помала разлика да загубат, ама океј, ако ја знаеме силата на тимот од САД и со ова се задоволни кошаркарките на Хрватска, Врсаљко :cuc: ..башка лепотица си е.
А Мисура е најубавата резервна спортистка на ОИ. :love:
Добра е Врсаљко, ама многу висока за мене, ништо од бизнисот :(
Инаку Американкиве имаат една играчка што половина од годината игра во Европа, другата половина во WNBA... која ѕверка :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom