Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Каде е моментално најевтино тестирањето за антитела? Знам дека лани околу 2.000-1.500 денари беше, се промени нешто во меѓувреме?
 
Каде може да аплицирам за вакцинирање на бремена жена со Pfizer во Србија?
 
Каде е моментално најевтино тестирањето за антитела? Знам дека лани околу 2.000-1.500 денари беше, се промени нешто во меѓувреме?

Јас вчера бев во Биотек и тестирав само ИГГ ( со оглед дека имам прележано во декември)антитела и цената е 650ден.Имав антитела али малце 4.03 пишува али како што ми рекоа се над 1 е добро така да тоа е тоа :)

Совет ако идеш иди накај 4 попладне.Сабајле имаше 100 луѓе само за крв и проверка на антитела.Поминав после накај 4 и чекав едно пола саат само.Закажување не треба.
 
Како беше правилото/препораката за тоа кога смееш да се вакцинираш откако ќе бидеш позитивен? Пример, во моментов си позитивен, па кога смееш после тоа временски да се вакцинираш?
 
Како беше правилото/препораката за тоа кога смееш да се вакцинираш откако ќе бидеш позитивен? Пример, во моментов си позитивен, па кога смееш после тоа временски да се вакцинираш?
Во Србија има препорака дека еден месец по прележаниот вирус можеш да се вакцинираш. На почетокот тој период беше подолг ама не заради опасноста туку заради приоритетното вакцинирање на тие што немаат прележано (немаат антитела по претпоставка).
 
Здраво луѓе , знам дека има доктори тука па ме интересира ваше стручно мислење . Мајка ми е алергична на пеницилин,антиреуматици и аналгетици . Има хронична бронхоплеумонија астма и слаба крв . Знам дека ни парацетамол не смее поради алергиите и гушењето . Се сеќавам дека за јаки настинки порано пиела само азитромицин и кларитромицин од антибиотициве , поради тоа што само тие и одговараат . Прашањето ми е дали мислите дека треба да прими вакцина за вирусов и ако да, која . Дали некоја би била повеќе ризична од некоја друга во однос на алергиите што ги има или не .
 
По ова што го пиша, ми се чини дека треба да ја прими првата што ќе ја начека. Ама не читај мислење на форум, чуј се со нејзиниот матичен лекар и слушај го советот.
 
По ова што го пиша, ми се чини дека треба да ја прими првата што ќе ја начека. Ама не читај мислење на форум, чуј се со нејзиниот матичен лекар и слушај го советот.
Препуштен е на сам наа себе да одлучи, зашто од 5 матични различни мислења ќе слушнеш.
 
Здраво пред една недела "прележав" Covid-19, со 20 дена во изолација со тел. температура 37.2-38.2. Имам наод на плуќа со опис "мали предимно периферни зони на млечно стакло...Плеврални простори слободни". Немам изнемостештеност или малаксаност, но тел. температура ми варира од 36.2-3 наутро до 37.2 во доцните попладневни часови и потоа пак опаѓа во вечерните часови. Така ми е веќе 2 недели.Некое мислење или совет? Благодарам.

CRP-2.9 (0-5)
LDH-216 (<240)
d-dimeri - 132 (<500)
 
температура ми варира од 36.2-3 наутро до 37.2 во доцните попладневни часови и потоа пак опаѓа во вечерните часови. Така ми е веќе 2 недели.Некое мислење или совет? Благодарам.
Темепратурата ти е супер наутро и навечер.
Мене порано ми имаат кажано дека 37,2 и слична температура во попладневни часови може да е резултат од активност во текот на денот, менување средини со температура итн.
 
Ова е прежалосно и престрашно.
 
Ова е прежалосно и престрашно.
Блага веза нема едно со друго. Ова е и најголема причина зошто вечината народ е скептик, бутање под тепих на се и свашта под изговор дека било ковид, прикривање на сопствената неспособност и грешки. Демек ковид имаше и затоа умре на операциона маса, или постоперативно, глупост невидена.
 
Дај бе сокри се некаде, да не те читам веќе.

72% од зголемениот морталитет во US е заради ковид директно!

не самоубиства, не од неактивност, не од пиење, не од убиства.

Еве ти еден извадок специјално за тебе и другите теории на заговор,

The 22.9% increase in all-cause mortality reported here far exceeds annual increases observed in recent years (≤2.5%). The percentage of excess deaths among non-Hispanic Black individuals (16.9%) exceeded their share of the US population (12.5%),5 reflecting racial disparities in COVID-19 mortality. Excess deaths surged in the east in April, followed by extended summer and early winter surges concentrated in southern and western states, respectively.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom