Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување

408,953 Број на вакцинирани

496,228 Број на лица заинтересирани за вакцинација

Проценка е дека разликава од 88 000 се вакцинирани странство бидејќи сите овде пријавени со термин ќе завршат утре. Од понеделник е слободно вакцинирање без термин и закажување.
 
Да си скептичен у ситуацијава е сасвим природна и рационална работа.

Кога ти се ускратуваат личните слободи, кога ти се одзема правото на движење логично е да бидеш скептичен за се.


Да видиме - никој не вели од нас дека вирусот постои, да, постои, но сепак според мое искуство не е воопшто толку лесно пренослив колку што се пропагираше на ТВ.

Да беше толку пренослив колку што се зборуваше и пропагираше, до сега цели градови ќе беа истребени и ќе личеа нешто слично на Чернобил. Па сигурен сум дека мнозинството форумаши тука имале или ситуација или знаат за ситуации каде што лица биле у контакт со заболени и тоа подолг временски период, а сепак излегуваат негативни на тестови.

Она што го приметувам на форумов е тоа што има одредени типци кои што се имаат вакцинирано па сега нонстоп пропагираат дека сите сме морале да се вакцинираме, затоа што они се вакцинирале (lol). Ако си у ризична група, а и да не си, ако сакаш да се вакцинираш - вакцинирај се, нема потреба од покажување прст спрема невакцинираните.

Јас лично имав можност да се вакцинирам, но одбив, не видов потреба за вакцинација. Ниту сум у ризична група, ниту ја гледам поентата у вакцинирање кога пак ќе морам да носам маска, пак ќе морам да ги почитувам сите мерки и пак можам да се заразам. Која е поентата на вакцинирање, поготово сега на едноцифрен број на случаеви?

У врска со тоа како тече вакцинацијата, според мене тече како што беше и предвидено - едвај.
Не можеш да немаш вакцини мнозинството од времето додека трае пандемијата, народот у меѓувреме тогаш да биде труен од милион страни со разни про-вакцинација и анти-вакцинација пропаганди и да очекуваш да имаш голема бројка на вакцинирани.
Прашање е и дали се вакцинирани...на форум може секој да ти направи прича,има разни побуди...некој тера агенда(за кешарица) некој од глупост која му доминира у карактерот потпомогнато/алгоритамски со разни мемиња кои му искачаат пред очи на социјалните мрежи од типот-ти си најбољи ти си апсолут и тн.кои го бустаат дополнително во запечатување на глупоста...

п.с. Решението е едноставно-бараш фото+ видео или није се десило...
 
Во Алкалоид кога пуштиле списоци да се пријават за вакцина еден другар не се пишал и шефицата му рекла ако се разболиш ке ти го земам целиот одмор. Ова е директна уцена а он е највипе револтиран што иако и он бил у контакт со заболени колеги морал да иде на работа додека тие со врски одма у самоизолација и тоа неколку пати се повторувало


Sent from my iPhone using Tapatalk
Шефицата му се заканува и ако вака постапи тоа е противзаконски. Во нормална држава вработениот може да се брани правно.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk
 
Шефицата му се заканува и ако вака постапи тоа е противзаконски. Во нормална држава вработениот може да се брани правно.

Gesendet von meinem KB2003 mit Tapatalk

Нема ништо неписмената да направи само се обидува да влијае врз него


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Зошто и даваш предност на Синовак?
Нов начин на вакцинирање е Фајзер. Не ги знам баш нуспојавите.
Еве денес ја потврдија врската со кардио-заболувањата на таа вакцина (и Модерна и Џонсон).

Али готово више тоа. Јас примив веќе Фајзер и останува да се надевам дека нема ништо да има. Сите што ги знам, што ја примија таа вакцина - немаат нуспојави.
 
Од друга страна, Фајзер е веројатно најефективната од вакцините достапни за широки маси.

Секој нека си направи математика. Ја требаше да го скокнам терминот и да побарам нов, за Синовак и меѓу другото, неќев да одолговлекувам со вакцинирање.
 
Од друга страна, Фајзер е веројатно најефективната од вакцините достапни за широки маси.

Секој нека си направи математика. Ја требаше да го скокнам терминот и да побарам нов, за Синовак и меѓу другото, неќев да одолговлекувам со вакцинирање.
Набаци нешто да читнеме за тоа околу кардио компликациите со Фајзер ако имаш
 
анон читал нешо на редит, нешто гадно им се спрема на вакцинираните
Contrary to popular belief made possible thanks то конзерва @Darling, не читам Редит.
И не знам зошто као некое хехенце го земате тоа но нека ви е, дечиња.
 

408,953 Број на вакцинирани

496,228 Број на лица заинтересирани за вакцинација

Проценка е дека разликава од 88 000 се вакцинирани странство бидејќи сите овде пријавени со термин ќе завршат утре. Од понеделник е слободно вакцинирање без термин и закажување.
Колку од тие 408.953 се со две вакцини?
 
Нема ништо неписмената да направи само се обидува да влијае врз него


Sent from my iPhone using Tapatalk
Во Алкалоид кога пуштиле списоци да се пријават за вакцина еден другар не се пишал и шефицата му рекла ако се разболиш ке ти го земам целиот одмор. Ова е директна уцена а он е највипе револтиран што иако и он бил у контакт со заболени колеги морал да иде на работа додека тие со врски одма у самоизолација и тоа неколку пати се повторувало


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не знам што приказни ти продавал другарот, но списоци во Алкалоид за вакцинација нема. Плус, платеното отсуство за изолација го има искоростено 90% од фирмата и само да прошле со маски покрај некого. Ако ништо друго доста фер и попустливи биле со отсуства во пандемијава.
 
... ќе го прашаш најнормално ,,која антиковид вакцина си примил?,,
ќе го свитка тоа јазикот и на чуден акцент ќе каже ,,Фаааајзерр,, , тоа името е важно или вакцината се гледа, демек не се било кои тие што примиле ...фајјјјјзеррр :facepalm:
 
Дали по тебе нема вируси и бактерии нормално во човечкото тело ??
Што значи тоа се додека е вирусот во тебе ?? Мислиш на ПЦР тестот ??
Која е логиката по тебе некој вирус кој го имаш да биде заразен, а некој не ??
Колку болести знаеш асимтоматски да шири зараза респираторно ??
Дали може асимптоматски ако има многу вируси и бактерии во него да шири истовремено 2-3 или повеќе болести??
Од што зависи тоа ??
Што подразбираш ти под поимот имун ??
Што ќе се случи ако имун човек биде во близина на контагиозен ??
Нема да се налепи ли вирусот на него или ќе се одбие од него ??
Дали ќе биде позитивен на ПЦР тест, да или не и зошто ??
Има секако. Ама ние тука не збориме за т.н. добра микрофлора која е составен дел од дигестивниот тракт или кожата. Значи збориме за патогени. А што се патогени? Микроорганизми кои имаат способност да предизвикаат болест. Всушност, секој микроорганизам може да биде патоген доколку поприлично добро се намножи во организмот (пример, candida albicans после пиење антибиотици и нарушување на рамнотежа). Но, во случајот збориме за вируси со поприлично висок степен на контагиозност и трансмисивност.

Асимптоматска индивидуа или носител на инфекцијата е човек инфициран со патогенот, ама нема симптоми! Е сега, може да станува збор за т.н. инкубаторен носител - тоа е ширење на вирусот во периодот на инкубација, кога лицето сеуште нема симптоми (значи постои шанса да развие симптоми подоцна). Лицето е асимптоматично или можеби повеќе одговара тука пресимптоматично. Понатаму, во некои случаи лицето може да го шири вирусот и на крај од болеста. Тоа се конвалесцентни носители. Мислат дека се излечени, а го шират вирусот наоколу (пример, полиомиелит и хепатит). И здрави носители, никогаш не пројавиле симптоми и едноставно си ја шират инфекцијата наоколу.
И како таков може да го пренесува патогенот преку блиски контакти, во случајот аерокапково.

Дали знам асимптоматски болести што се шират аерокапково? Да, обична настинка, грип, ковид 19.

Тука настапува на сцена и степенот на контагиозност. Затоа ни е битен тој поим. Значи, нормално е да имаш асимптоматски инфекции со low transmision rate и со high transmission rate (covid 19!). Ниска контагиозност и висока контагиозност.

За жал да, болест е. По твоја логика ако некој човек нема симптоми, а има некој си иницијален стадиум на карцином, не е болен?!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom