Во ред биди скептик, но веќе 7 месеци има масовна вакцинација без посебни проблеми. Стотици милиони, мислам пркеу милијарда луѓе веќе се целосно вакцинирани и вакцините вусшност штитат.
Има вакцинација со експериментални вакцини, историјата не памети толку брзо направени вакцини.
Последици се гледаат на долги стази, не на 7 месеци вакцинација. Сеуште дознаваме за какви последици остава корона вирусот, но и какви последици остава вакцинацијата со експериментални вакцини.
Е пренослив тоа е проблемо. За грипот рестрикциите беа доволни скоро да го снема оваа година, а од ковид годинава не можевме да кренеме глава.
Не дека од короната не можеме да дигнеме глава, туку од рестриктивни мерки не можеме да дигнеме глава.
Рестриктивните мерки го утепаа народот, сиромаштија е на пораст, менталните нарушувања и суицидалноста истотака, сево ова како резултат на смешни рестриктивни мерки.
Ксмет, лажно негативен тест, прележана асимптоматски претходно или со мали симптоми и создаден имунитет.....може да се многу објаснувања, но многу луѓе го фатија вирусот и со доста помали контакти.
Нема врска со ксмет и лажно негативен тест, за прележано асимптоматски претходно, можеби.
Има куп случаеви, лично и ја сум имал случај таков, но имале и мои другари и роднини, како тука така и од странство каде што биле у контакт со заболени лица и тоа на подолг период, за на крај да направат неколку тестови и да излезат негативни.
Нит сум антиваксер нит проваксер, ама не ја гледам потребата за вакцинација на млади луѓе, поготово не на МАСОВНА вакцинација на млади луѓе со експериментални вакцини.
Чуј чувство на општествена одговорност, мхм, ќе се вакцинирам со експериментална вакцина за која сеуште се нема истражено какви се сајд ефекти носи после подолг временски период за пак да носам маски и пак да постои шанса да сум преносител.
Општествено одговорност у ситуацијава е да држиш дистанца и дезинфекција на простор и раце, како и генерално почитување на мерките за справување со епидемијава, а не вакцинација.
Еве нешто за вас општествено одговорните, у Македонија секоја година четирицифрен број умираат како резултат на аерозагадување, а уште толку луѓе добиваат разни канцерогени болести како резултат на аерозагадувањето. Дури и 15% од смртните случаеви од Ковид се претпоставува дека уствари се од аерозагадување. Општествена одговорност е излагање на протест за вакви ствари кои што можат да се превентираат, а не глумење на општествено одговорен поради тоа што те збрцале со експериментална вакцина
