Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Одамна се откажав од пишување, али досадни сте со вашите факти !!
Илјада пати кажани лаги по порталите, сега се тешки факти со кои војувате на темата.
Една од најголемите лаги кои ја движи пандемијата покрај ПЦР тестовите, е дека асимптоматските се преносители, не само преносители туку супер преносители.
Медицински ширењето на зараза се нарекува контагиозност и за секоја болест постои научно сознание кога почнува и кога завршува таа контагиозност кај БОЛНИОТ.
Не постои контагиозност која се опишува кај здрав човек. Значи контагиозен може да биде само БОЛЕН човек, а болен е оној кој што ги има сите знаци на некоја болест или воспаление. Контагиозноста е резултат на ИНКУБАЦИЈА. Инкубацијата е процес на размножување на патогените во организмот, бактерии и вируси и е примарниот процес од заболувањето.Инкубацијата трае различно, од 2-3 дена, па до 10-14 дена но многу ретко. Сите респираторни вируси имаат инкубација од 2-5 дена, ретко до 7.
Откако со тој процес на мултиплицирање на патогенот(вирусот во овој случај), енормно се зголеми бројката, започнуваат и симптомите на болеста, а настапува и контагиозноста. Контагиозноста дури трае и помалку од самата болест, бидејќи откако телото почне да ја победува инфекцијата со имуниот систем, болниот може сеуште да има симптоми но да не биде контагиозен.Болеста не може да се шири доколку вирусот не се мултиплицира кај домаќинот, дури и да дојде до контакт.
Она болдираното е лага. Лица заразени со ХИВ можат да бидат асимптоматични долго време и да инфицираат други лица. Слично е и со тифус. Гарант има уште некоја друга болест.
 
...па, до некаде имаш право, ќе видиме во септември дали идејата на В.Ф. ќе стане и реалност, да сите кои не се вакцинирани ако се инфицираат од коронавирусот и доколку им треба соодветно лабораториско или ртг испитување околу болеста К19 или болничко лекување осигуреникот ќе си плати со свои средства, ФЗОМ нема да му ги покрие средствата иако пациентот плаќал цел живот здравствено осигурување, споредбено ми доаѓа тоа ,,пијан или невакциниран,, ист третман во приватно плаќање!
од времето, иако е потполно нелогично , плаќаат здравствена интервенција и НАТЕПАНИ... си пишува на шалтер Грдска болница... едноставно пишува учество во тепачка, а дали си се тепал или само си натепан не ги занима.... демек тужи го насилникот па ќе имаш за земање...
а пази сега , со опасно возење да загрозиш други лица, пак имаш ти право на бесплатна здравствена заштита....
 
Одамна се откажав од пишување, али досадни сте со вашите факти !!
Илјада пати кажани лаги по порталите, сега се тешки факти со кои војувате на темата.
Една од најголемите лаги кои ја движи пандемијата покрај ПЦР тестовите, е дека асимптоматските се преносители, не само преносители туку супер преносители.
Медицински ширењето на зараза се нарекува контагиозност и за секоја болест постои научно сознание кога почнува и кога завршува таа контагиозност кај БОЛНИОТ. Не постои контагиозност која се опишува кај здрав човек. Значи контагиозен може да биде само БОЛЕН човек, а болен е оној кој што ги има сите знаци на некоја болест или воспаление. Контагиозноста е резултат на ИНКУБАЦИЈА. Инкубацијата е процес на размножување на патогените во организмот, бактерии и вируси и е примарниот процес од заболувањето.Инкубацијата трае различно, од 2-3 дена, па до 10-14 дена но многу ретко. Сите респираторни вируси имаат инкубација од 2-5 дена, ретко до 7.
Откако со тој процес на мултиплицирање на патогенот(вирусот во овој случај), енормно се зголеми бројката, започнуваат и симптомите на болеста, а настапува и контагиозноста. Контагиозноста дури трае и помалку од самата болест, бидејќи откако телото почне да ја победува инфекцијата со имуниот систем, болниот може сеуште да има симптоми но да не биде контагиозен.Болеста не може да се шири доколку вирусот не се мултиплицира кај домаќинот, дури и да дојде до контакт.
Не е така.

Како тоа ширењето зараза е контагиозност?! Медицинска терминологија за ширење заразна болест е трансмисија. Контагиозност е заразност, својство на инфективното заболување да се пренесува од болна на здрава индивидуа.
Инкубација е периодот од навлегување на вирусот во организмот па се до појавата на првите симптоми. Дури, кога е во прашање сарс ков 2, контагиозноста се смета дека е најголема 2-3 дена пред појава на симптомите и во првите пет дена од појавата на симптомите.

Мислам дека веќе имаме зборено дека човекот може да не чувствува никакви симптоми, а да биде носител на инфекција (пример една обична стрептокока или стафилококус!). И асимптоматските може да го шират вирусот. Се додека вирусот е во тебе, ти си извор на зараза и како таков во близок контакт со други луѓе може да шириш заразна болест, а не обратно како што имаш пишано.
 
Така е Ронче. Диктатура е големата слика, а таа мерка би била само мал дел од сложувалката. ;)

Ако тоа се деси одма ќе се повикаш на вториот амандман:pistoldz:
 
Ако тоа се деси одма ќе се повикаш на вториот амандман:pistoldz:
Па, тоа е и намената на вториот амандман. Но јас се повикувам на нешто друго, нешто од нашиот правен поредок. ;)
 
Мислам дека веќе имаме зборено дека човекот може да не чувствува никакви симптоми, а да биде носител на инфекција (пример една обична стрептокока или стафилококус!). И асимптоматските може да го шират вирусот. Се додека вирусот е во тебе, ти си извор на зараза и како таков во близок контакт со други луѓе може да шириш заразна болест, а не обратно како што имаш пишано.
Дали по тебе нема вируси и бактерии нормално во човечкото тело ??
Што значи тоа се додека е вирусот во тебе ?? Мислиш на ПЦР тестот ??
Која е логиката по тебе некој вирус кој го имаш да биде заразен, а некој не ??
Колку болести знаеш асимтоматски да шири зараза респираторно ??
Дали може асимптоматски ако има многу вируси и бактерии во него да шири истовремено 2-3 или повеќе болести??
Од што зависи тоа ??
Што подразбираш ти под поимот имун ??
Што ќе се случи ако имун човек биде во близина на контагиозен ??
Нема да се налепи ли вирусот на него или ќе се одбие од него ??
Дали ќе биде позитивен на ПЦР тест, да или не и зошто ??
 
Па и ти го шириш вирусот, иако си вакциниран!

Најпластично објаснување: Во системот има 180-200 К луѓе над 60 години. Стапката на имунизација е нешто над 50% кај нив. Просечната стапка на смртност е над 60 години и овие категории ги полнат болниците во најголем процент. Џабе и сите други да се вакцинираат, кога дел од останативе 50% (т.е. нешто под 100К) ќе ги полнат болниците на есен, сем ако не прележале асимптоматски или со благи симптоми и истото не го пријавиле и не се дел од официјалната статистика.

Намали со qrовите. Ќе има уште неколку соеви, со оглед на малата стапка на имунизација на глобално ниво. Целта сега е да се превенира смртта на есен.

И пак, целосно вакцинирани и вакцинирани со една доза АЗ починаа во УК. Може ќе треба и 3та доза и кај нас со оглед на тоа дека кинеските се прослаби од АЗ! А треба да се следи и СЗО кој рече дека критичните категории треба да се вакцинираат секоја година!
Грешка си за бројката над 60 има преку 400,000 во мкд.
 
Toa vi e pogresen pristap na nekoi kako tebe, go prelezav nisto ne mi e znaci ne e strasno. Zrtvite za zal ne mozeme da gi prasame ali ima i lugje koi tesko pominale, so post-covid itn. Inace koj te tera nasilno da se vakciniras? Nema takvo nesto vo sekoja normalna drzava ne teraat prisilno da se vakciniras. Inace ne e ili da opravat zdravstvo ili vakcina tuku i edno i drugo. Ali so vakcina mu pomagas na krevkoto zdravstvo da se spravi. Nikoj ne e eksperimentalno gluvce nad 3 milijardi dozi se dadeni nad milijarda lugje celosno vakcinirani. To e.

Во Алкалоид кога пуштиле списоци да се пријават за вакцина еден другар не се пишал и шефицата му рекла ако се разболиш ке ти го земам целиот одмор. Ова е директна уцена а он е највипе револтиран што иако и он бил у контакт со заболени колеги морал да иде на работа додека тие со врски одма у самоизолација и тоа неколку пати се повторувало


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Вирусов од Гевгелија го имало и по други градови. Сега точно испитуваат што е.
Градинки и деца од две до пет години.
Да беа сега отворени школите, профилот на зафатените со ова ќе беше поширок.
Автоматски споено мислење:



Ја им барав Синовак, али коа бев пред една недела само Фајзер имаше, Синовак не беа сеуште распределени.
Зошто и даваш предност на Синовак?
 
Во ред. Ние имаме 500К вакцинирани. Имаме уште 200К вакцини. До есен нема ни теорија да стигнеме до 60-80% имунизација макар ја потрошиле и секоја една вакцина која ја имаме. Затоа мојот начин е реален за намалување на смртноста. А како отежителна околност се годишните одмори, така и дел од докторите конечно ќе може да си го искористат годишниот одмор.

1-5, не е 1-50 или 1-100. :D Знам дека полесно се шири, дури требаат околу 15 секунди. И да, младите полесно го шират, и тоа е точно. Инаку како ќе паѓа бранот на Делта, така ќе паѓа и репродукцијата. Не сум доктор, и јас читам. :)

од каде ти се бројкиве за колку се вакцинирани?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
комплет со вакцинираните у татарија и Србија?


Sent from my iPhone using Tapatalk
Не, само кај нас по старосни групи. На тоа алудирав.

А за останатите податоци се водам по официјалните статистики. Не знам дали нашите власти за тоа си водат евиденција со оглед на тоа дека имаше ревакцинацијата кај нас за прва доза примена во странство. Тоа одеше преку матичните, ама за комплетната евиденцијата не знам. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom