Одамна се откажав од пишување, али досадни сте со вашите факти !!
Илјада пати кажани лаги по порталите, сега се тешки факти со кои војувате на темата.
Една од најголемите лаги кои ја движи пандемијата покрај ПЦР тестовите, е дека асимптоматските се преносители, не само преносители туку супер преносители.
Медицински ширењето на зараза се нарекува контагиозност и за секоја болест постои научно сознание кога почнува и кога завршува таа контагиозност кај БОЛНИОТ. Не постои контагиозност која се опишува кај здрав човек. Значи контагиозен може да биде само БОЛЕН човек, а болен е оној кој што ги има сите знаци на некоја болест или воспаление. Контагиозноста е резултат на ИНКУБАЦИЈА. Инкубацијата е процес на размножување на патогените во организмот, бактерии и вируси и е примарниот процес од заболувањето.Инкубацијата трае различно, од 2-3 дена, па до 10-14 дена но многу ретко. Сите респираторни вируси имаат инкубација од 2-5 дена, ретко до 7.
Откако со тој процес на мултиплицирање на патогенот(вирусот во овој случај), енормно се зголеми бројката, започнуваат и симптомите на болеста, а настапува и контагиозноста. Контагиозноста дури трае и помалку од самата болест, бидејќи откако телото почне да ја победува инфекцијата со имуниот систем, болниот може сеуште да има симптоми но да не биде контагиозен.Болеста не може да се шири доколку вирусот не се мултиплицира кај домаќинот, дури и да дојде до контакт.