Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки една информација ?
Дали во Врање може да се вакцинирам со Спутник и дали за неа уште важи тоа пред вакцина неколку дена да не пиеш алкохол? Некој со искуство? Фала.
 

Ако новиве мутации немаат намера да запрат, можеби најдобра опција е да прифатиме да живееме без никакви мерки и да мислиме дека вирусов е грип.
:toe:да зајакнеме здравство , да се вработи медицински персонал, да се изградат болнички установи и со господ напред.
 
Последно уредено:
Епа како регистрираа по 400 000 дневно ако не се замарале и не броеле?
Нема нешто што повеќе ме нервира од правење сам себе будала и терање на прикаската само по свој терк,односно како ви одговара - така :) .

Ако сакаа да кријат во ниеден момент немаше да пријавуваат на 400к нови случаи и 4000+ мртви на дневно ниво.



Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 

Ако новиве мутации немаат намера да запрат, можеби најдобра опција е да прифатиме да живееме без никакви мерки и да мислиме дека вирусов е грип.
:toe:да зајакнеме здравство , да се вработи медицински персонал, да се изградат болнички установи и со господ напред.
Можеби, ако силно веруваме дека вирусот е грип, ќе биде. Можеби.
 
Гледам дека скоро сите се држат за левата рака, но и неколкумина за десната! Има правило во која рака треба да се прими вакцината (не само оваа, туку општо)? И зошто? :)

мене ме прашаа во која рака сакам, личен избор немаше некое објаснување освен дека и ревакцината треба у иста рака


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Ми стигна термин сеа за во четврток предпоставувам со Синовак ќе ме вакцинираат , па некој да каже искуство.Како што глеав дека нема многу нус појави од нејзе од овие земјиве што се во Азија кај што им е доминантна оваа вакцина али ефективноста и е нешто измеѓу 53% и 86%.
 
Нема пошто не е битно. Те прашуваат на пункт на која страна сакаш и обично препорачуваат во не-доминантната рака. То е.
Прашав затоа што сите белези, па и по моето сеќавање и сите вакцини (редовните) сум ги примил во левата, иако сум левак! Дури и во основно ми се здрви левата рака по примена вакцина. Затоа чисто ме интересираше. Мислев дека е правило. Сепак фала за одговорот.

ТрендС, фала и за твојот одговор.

Дневна доза теории на заговор (чисто да го држам буден Ронче). Разговор околу потеклото и креирањето на вирусот. Факт е дека пред Короната сите очи беа вперени во Кина, пред сѐ поради протестите во Хонг Конг кои им излегоа од контрола, состојбата со Тајван, креирањето на вештачките острови, ширењето на територијата и окупацијата на Јужното кинеското море кое традиционално си го сметаат за свое! Сите бевме сведоци дека Кина релативно лесно помина со Короната (криењето на бројките е аргументот кој оди во полза на оваа теза). Само еден доктор успеа да го алармира светот, кој беше цензуриран и потоа почина како последица на К19.
Прашања и одговори од доктори од САД и документите на Фаучи:
 
Како се откажува термин?

Едноставно,немој да идеш и тоа е тоа.Терминот ке ти важи 7 дена и после тоа ке треба пак да се пријавиш ако во иднина сакаш да се вакцинираш.
 
СЗО ја ебава работава и Џон го попиздеа во врска со начинот на администрирање на вакцините. Воедно ова е тоа што @bijons цело време го зборува. Можно е проблемите со АЗ да се од вбризгување во крвен сад.
Првото видео од пред две недели.
Второто видео со потврдени случаи на проблеми со неправилно инјектирање.
... за разлика од другите како што гледам како се потсмеваат на нешто што можеби не е правилно, а јас со најдобра намера, не мора да прифатат, ниту очекувам да размислат малку со својата глава, за да неколку членови со хе хехехе хеее реагираат, али нема веза во име на други кои се гости на Кајгана ќе се повторам,


... знам на кој начин ме тагна, па ќе се повторам пак дека стојам позади тоа дека при вакцинирање во делтоидниот мускул не се повлекува шприцот наназад, кинезите тоа го правеле затоа што не биле спремни со големи количини на инсулински шприцеви, туберкулински или со мали игли, па со обичен шприц и класична игла да не би дошле до несакано место и повреда на крвен сад повлекувале така клипот наназад,

и во двете видеа се потенцира начинот на повлекување на клипот од шприцот во спротивен правец при вакцинирање за кој дотичниот презентер укажува дека е точно, е па ете јас не се сложувам со него (а и ќе му коментирам на јутјуб со неколку прашања),

... прво начинот на покажување на книгата по анатомија за да докаже за присутни крвни садови во делтоидниот мускул и можноста за нивно навлегување со шприцот при вакцинирање е малку понижувачки кон неговите колеги кои напишале дека при вакцинирање нема потреба од повлекување наназад клипот на шприцот,

.... примерот што го покажува презентерот, а во рака држи шприц со таква долга и дебела игла што ако со тоа се вакцинираме ќе доспее до коска, а не до крвниот сад, вакцинацијата се одвива со специјални шприцеви,
Collage needles K-pack_met zalm grade.png
инсулински, туберкулински или барем со игли три пати помали и послаби од тоа што дава тој пример, јас би му го дала овој шприцот со кој се вакцинираме ние тука, да ме прободе колку сака во делтоидниот мускул нема да дојде до мојот крвен сад, не дека раката ми е дебела и има многу сало (и тоа е важно при вакцинирање, а не сите со иста игла), туку иглата е така мала да нема шанса да дојде до таа длабочина каде е крвниот сад во делтоидниот мускул, па од тука и напишаното дека при вакцинирање нема потреба од повлекување на клипот на шприцот наназад да се провери дали се повреди крвен сад,

Screen-Shot-2014-10-15-at-2.11.05-PM.png iv-cannula-5-ml-syringe-with-needle-500x500.jpg

... ај сега да видиме, кога се повлекува клипот наназад што се случува? дали тоа навлегува воздух во шприцот пред течноста на вакцината? дали тоа е вакуум или што навлегува во шприцот кога се повлекува клипот наназад?

DSAZ2CQ3AFSXUC36N5SEFAJJVY.jpg

еве ќе кажам и друго правило, немам приметено на ТВ како го поделувале флаконот на вакцината со 5 или 6 дози со внесување на иглата од шприцот, дали пред да ја внесат иглата се повлекува напразно воздух во шприцот колку треба да се земе течност од флаконот и со таков воздух во шприцот се истиснува воздухот во вијала, па потоа се повлекува течноста која ќе биде точно колку треба да се истисне воздухот,
ако ние внесуваме обична игла при што во шприцот нема воздух во него туку е онака до крај притиснат и се повлекува прв пат клипот во течноста на вијалата на вакцината, од каде потисок за да може да извлече течноста ако нема резерва на шприцот, тегни шприцот се враќа назад без течност од вакцина или сосема малку токму поради тој вакуум што се создава,


...инсулинските игли, турбекулинските игли се така направени што имаме процес на боцни и притисни течност со шрицот, без повлекување на наназад на клипот на шприцот, каде се добива непосакуван вакуум простор,

...слично со епруветите при земање на крв во лабораторија каде има врзан систем на менување на епрувета на универзалната вакуум игла без да се форсира крвта сама тече и ја полни епруветата, порано со класично земање на крв од вена со обичен шприц имавме такви потегнување на клипот од шприцот и создавање на вакуум простор, оти крвта не може да истече од вена со таа силина како што се повлекува клипот на класичен шприц, па доаѓа до хематоми и неправилна реакција на местото на земање на крв,

... често покажува погрешни резултати, со присилно извлекување на клипот на шприцот за да се извлече побрзо крвта од вена, најчесто кај децата доаѓа до пукање на црвени крвни зрнца и ослободувае на железото во местото каде се зема крв и се прикажува потоа како покачена вредност на слободно железо што всушност е само од погрешно земање на крв со класичниот шприц, со новите методи на врзан систем на епрувети се избегнува веќе таква појава,

не знам колку ќе бидам разбрана, но пак ќе повторам апликација на лек е важна и за делување на самиот лек, целосно како што е внесен да делува, а не парцијално или воопшто да не делува, посебно кога е во прашање вакцина!
 
Последно уредено:
Дечки една информација ?
Дали во Врање може да се вакцинирам со Спутник и дали за неа уште важи тоа пред вакцина неколку дена да не пиеш алкохол? Некој со искуство? Фала.
Автоматски споено мислење:

Дечки една информација ?
Дали во Врање може да се вакцинирам со Спутник и дали за неа уште важи тоа пред вакцина неколку дена да не пиеш алкохол? Некој со искуство? Фала.
 
Последно уредено:
Во кој град и кој период од денот?
Врање, во 10 часот.

Дечки една информација ?
Дали во Врање може да се вакцинирам со Спутник и дали за неа уште важи тоа пред вакцина неколку дена да не пиеш алкохол? Некој со искуство? Фала.
Нема Спутник у Врање, само Синофарм и Фајзер. Алкохол јок, 5 дена без алкохол мене ми рекоа.
 
Врање, во 10 часот.


Нема Спутник у Врање, само Синофарм и Фајзер. Алкохол јок, 5 дена без алкохол мене ми рекоа.
Фала. 5 дена пред или после вакцина? А кај има Спутник?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom