Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
Сакам да прашам дали некој знае дали би имало некој проблем ако влезиш да се капеш со лечи или на пример да се нурнеш под вода???
 
да... можеш да ги изгубиш.. или ако се стаклени да ти влезат горе во око па да ти напраат проблеми.. а за изместување ке ти се изместат во секој случај...
 
Me interesira dali treba pri sekoe vadenje i stavanje na lekite da se menuva i sredstvoto za dezinfekcija ili pak..........................
 
Кога ќе си ги ставиш леќите во очи, ги празниш контејнерчињата и ги изммиваш, па ги оставаш отворени да стојат, за да се исушат (на чисто место, секако). Кога ќе ги вадиш лежите од очи, ставаш од тоа средството и ги затвораш убаво.
 
Сакам да прашам дали некој знае дали би имало некој проблем ако влезиш да се капеш со лечи или на пример да се нурнеш под вода???

Ако влезеш да се бањаш со леќи (и во када и во езеро,море сеедно) нема нишо да ти биде, а ако нурнеш под вода со отворени очи најверојатно ќе испаднат (тоа не сум пробал), а со затворени очи (ко што нуркам јас :)) нема да ти биде ништо (од искуство ти го кажувам ова веќе 3 години носам леќи).

^ да али ти се расипува носот. (така имам слушнато). инаку и јас носам леќи ме чинеа 2000 ден. 3 пара по месец ипол носење. прво и мене ми беше тешко да ги ставам али сеа ко песна ми е. само сеуште ме нервираат,ме боцкаат минимално

Те боцкаат затоа што леќите имаат две страни предна и задна (и на мене ми требаше време да дознаам). Кога ке ги ставиш на прст (свртени со вдлабнатиот дел нагоре, спремни за ставање во око) погледни ги краевите на леќите (прстот во височина со окото), ако изгледаат оштро (како кога глеаш жилет од страна) си ја згрешил страната, а ако се како тап нож :) малце заоблени тогаш се ОК.
 
dali nekoj ima dijagnoza keratokonus.
ja nosam polutvrdi leki veke 10g ama nikako da se naviknam na niv .imam nekoj problem so roznicata i zatoa moram da gi nosam samo lekite mojata doktorka ne midava naocari ako nekoj go ima istiov problem neka pise nesto
 
Бидејќи некои ми бараа контакт за Д-р Благоја Стојановски каде одам на редовни контроли, еве ви контакт информации:

Д-р Стојановски Благоја
Димитрија Чуповски 31-1/1, Скопје
(02)3115658 (02)3163708
Локација до гимназија Ј.Б.Тито

Поздрав :)

хмммм ај јас да прашам нешто.
Точно ли е дека ако носиш леќи во боја видот можел да ти се расипе???

Здраво :smir:

Си требал да ја погледнеш темава поназад и на другите страни имаше доста корисни информации :wink: меѓудругото, информации и за она кое прашуваш.

_________________
Козметичките леќи се ризични за видот
Најголем ризик од инфекции има кај децата што често си ги разменуваат леќите со пријателите

5282.jpg

Трендот да се носат козметички леќи во боја или со определен дезен може да доведе до слепило и до очни заболувања кај тие што ги користат, велат експертите.

Генералниот совет за оптика, регулаторно тело на оптичарите, побарал да се спречи продажбата на козметички леќи без лекарски рецепт. Експертите сметаат дека леќите мора да ги продава регистриран лекар или оптичар или продажбата да се изведува под негов надзор. Денес леќите, кои беа популаризирани од рок-ѕвездите како Мерилин Менсон, се достапни без лекарски рецепт во салоните за бодипирсинг, во продавниците за модни додатоци и на Интернет. Ова се случува затоа што леќите не се класифицирани како медицински помагала, поради што не се "покриени" со закон.

Сепак, советот е загрижен дека продавачите често не им ги даваат потребните информации на купувачите за тоа како треба да бидат чистени и чувани леќите. Со тоа се зголемува ризикот од инфекции, особено кај децата, кои често си ги разменуваат леќите со пријателите. Употребата на контактните леќи се смета за најголема причина за микробниот кератитис, медицинска состојба при која надворешниот слој на окото, рожницата, се воспалува од бактериска инфекција, од габички или амеби. Друга инфекција што може да се рашири поради лошата хигиена на леќите е акантамоебата, која може да доведе до чир на рожницата и до слепило. Постои загриженост и дека леќите влијаат врз перцепцијата на бои на окото и врз оптичкиот вид. Контактните леќи, кои може да се најдат со дизајни како знамиња, тигрови очи и слично, се продаваат по цена од околу 25 фунти, а се проценува дека во Британија ги користат околу 90.000 луѓе.

Дејвид Крег од Асоцијацијата на оптометристи, вели дека постои ризик луѓето да го изгубат видот ако не преземат соодветни мерки за заштита.

- Ако купите контактни леќи во некоја продавница, таму нема да ви кажат дали сте соодветна личност за носење леќи. Ние не велиме дека не треба да ги носите овие леќи, туку дека треба да ги купувате од лице што е експерт за тоа. На крајот на краиштата, имате само две очи и треба што подобро да се грижите за нив - вели тој.
______________
Сметам дека најдобро е одкога твојот офталмолог ќе ти одреди тип на леќи соодветни за тебе да го консултираш дали би можело да си ги набавиш истите во боја. Тој ќе ти каже најточно што трпи твоето око.

:smir:
 
ама ова е во случај на лошо користење на леќите или инфекции од трети причини. Ако нормално се користи, и се држи хигиена, не би било проблем?
 
Сакам да прашам дали некој знае дали би имало некој проблем ако влезиш да се капеш со лечи или на пример да се нурнеш под вода???

Ова лечи ме изнасмеа :pos2:
Хехе, инаку за капење со леќи, па нема проблем ако мислиш дека самиот ќе нема проблем :toe: јас се капам со нив и во када и во езеро/море. Е сега пошто бааѓи време сакам да сум под вода, не смее никако отварање на очи-нешто што порано кога не носев леќи нон стоп го правев. Од навика ми се има случено и со меки и со тврдиве леќи сега што ги носам да отворам очи, за среќа не ги изгубив леќите, не испаднаа :uvo:. Do not try this :pos2:

:smir:

ама ова е во случај на лошо користење на леќите или инфекции од трети причини. Ако нормално се користи, и се држи хигиена, не би било проблем?

Не би требало, ама најубаво консултација со доктор... :smir:

да... можеш да ги изгубиш.. или ако се стаклени да ти влезат горе во око па да ти напраат проблеми.. а за изместување ке ти се изместат во секој случај...
Стаклени?? хехе
Јас носам како што викаш ти стаклени :vozbud: не се стаклени него полутврди или тврди.. кој како ги вика. Се изместуваат сите леќи. Порано кога носев меки леќи се случуваше понекојпат да ми се изместат, извиткаат во окото или крајно да испаднат. Ништо страшно ама ако испадне мора брзо да ја најдеш инаку маф ти е работа :pos2:. Сега со полутврдиве искрено, до сега не ми испаднале и вака поцврсто ми стојат во око, ама ако се пикне под капак е зезнато. Мора полека да ја буткаш према рожницата и не е баш пријатно чувство :nenene:
 
Да ама може да ти се заглави горе, и да те исече, поради тоа што се стега мускулот на окото рефлексивно.
 
За под вода ако сакате да гледате со леќи без наочари никако пошо ке ги изгубите а за пливање гајле да немате најмногу што може е да ви се измести и со неколку трепкања ќе се врати самата на место
 
Денес земав меки леќи и ми рекоа да избегнувам шминка на очите.Некако чудно ми падна ова, бидејќи моја братучедка се шминка.Дали некој од вас има вакво искуство?
 
имам прашање за леќите без диоптер во боја. Сакам да ставам вакви леќи па ме интересира дали има некој искуство со нив и дали ми препорачувате?
 
Немам искуство со леќи,а и не сакам да имам .. aма ќе се обидам да ти одговорам.
Тука нема шо да ти се препорача,ти си гледаш од естетски причини да си ги стајш, ок е тоа...
Се надевам прочита дека скоро во сите постови се содржи зборот: потребна е голема хигиена и внимавање.
Не е така едноставно ко шо мислиш, за спиење да ги вадиш убавезно.. Треба со една течност заборајв како се викаше, нешо да ги чистиш, туширање со нив -НИКАКО.. да се пазиш дали ќе ти влези прашина во око и сето тоа..
Значи додека ги имаш на тебе,внимание и хигиена 100%
 
Денес земав меки леќи и ми рекоа да избегнувам шминка на очите.Некако чудно ми падна ова, бидејќи моја братучедка се шминка.Дали некој од вас има вакво искуство?
Нема врска тоа:).Ти рекле така затоа што сакаат да бидеш што повеќе внимателна.Јас носам шминка, но најпрво ќе се нашминкам па после ќе ги ставам леќите затоа што вака уз шминкање може несакајќи да падне шминка врз окото т.е.леќата, а тоа секако не е во прилог:wink:.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom