Долго време размислував за леќи и конечно се одлучив да си земам.
За среќа пред некој ден бев на преглед и ми рекоа дека повеќе немам потреба од целиндар.Се израдував затоа кога прашував за леќи и им објаснувам дека имам цилиндар сите ми кажуваа некој си невозможни суми.
Леќите сеуште не ми се порачани,али би требало тоа да се случи наредниот викенд кога ќе си одам за струмица,треба да направам уште еден преглед.
Диоптерот на леќите ќе ми биде 1.25 и на двете.
Леќите ќе ме чинат 1900 денари,безбројни,3 пара,секој пар за по 2 месеца,значи вкупно 6 месеци. Меѓутоа со комбинација леќи-очила, би можело да ми траат и 8-10 месеци.
Сепак мене сеуште ме држи некаква си антипатија спрема леќите,не дака многу сакам да си ги носам очилата,не е тоа сигурно,али ме фаќа шубе околу ставањето на леќите.