Контактни леќи

  • Креатор на темата Креатор на темата nE0n1nja
  • Време на започнување Време на започнување
а јас да прашам... од секогаш иам желба за ззелени очи ама немав храброст да си купам леќи...

сеа сакам оти пак и имам диоптер а очилата ме мрзи секаде да ги носам...

ке ми каже ли некој од прилика колку коштат и може ли ем со боја ем со диоптер?

Може со боја да.Ја носам и се сини.Е сеа бојата појма неам дали си ја бираш.Али мислиш дека ќе ти биде зелено окото кога ќе ја ставиш?Ако ти е за тоа и ја мислев ќе ми е сино кога ќе ја носам али не ми е.Кај некои и је бојата каква што е леќата.

Ja gi molev moite 100 god da mi kupat i na kraj mi kupija vo 8mo. Prviot pat stoev pred ogledalo poise od 40 min i nikako da gi stavam haha. Taka duri i izgubiv edna togas ali srekja odea 3 para pa rezerva si imav. Sega se naviknav i ne mi trebaat poise od 3 min da gi stavam i super mi e so niv. Vo skolo i za iskacanje lekite a za doma naocarite :)

Јас лесно научив зошто брат ми има баја искуство и брзо идеше работата.Додека ја сватив фората после одма се навикнав.
И какви бе 3 минути одма за пола минута завршувам.
 
Дали некој знае која е цената за обични леќи без диоптер само во боја ? Благодарам ! :smir:
 
кирца дај кажи ми :pipi:

Јас не сум кирца но ќе ти кажам.Носам леќи 5 години.Првичната употреба на леќите е токму заради спортистите.Нормално дека можеш се да правиш.Само да избегнуваш груб контакт со рацете пошто може да ја исфрлиш...Секој кој се решава на еден таков потек да носи леќи дека додека стекне рутина мора да упропасти неколку пара.Тоа е минималната жртва.И треба огромна упорност...
Ако има некое прашање повелете пошто знам колку имам нервози изедено додека ги совладам на почетокот

Дали некој знае која е цената за обични леќи без диоптер само во боја ? Благодарам ! :smir:

Цената е различна.Во Македонија има два три бренда кои ги има постојано.Има од ефтини до најскапи.Се разбира најскапите се најфлексибилни.Не се осеќаат дека ги носиш.Солидно го влажнат окото и нема никаков проблем.Значи соодветно за квалитетот и долготрајноста на леќите цените се различно но во главном не се многу различни од обичните леќи
 
Oд - до ?
 
Еве замене конкретно ти кажувам.Пред нецела недела бев на прегелед.Се навикнав и земав 3 месечни леќи 3 пара.Значи 6 леѓи.Од фирмата која што јас ги земав беа 2600 ден.Значи за 9 месеци 2600.Од друга фирма за 3 мес по 3 пара беа околу 6000.Сум носел и од тие и јас лично не сум осетил некоја огромна разлика...Е сега сметај дека за 9 месеци ќе потрошиш и 4 течности.Една течност отрпилика ако ги вадиш леќите секоја вечер се употребува два месеца отрпилика а чини од 400 до 800 денари.Во мојот случај со леќите кои јас ги земав за тие 9 месеци вкупно ќе дадам околу 5000 денари или месечно по 550 денари
 
ХМ, ја исчитав цееела тема ... и пак размислувам дали да земам леки . Прашањето ми е следно : носам очила за далеку, диоптерот не е воопшто голем, но имам цилиндер на двете очи. Лекарот рече дека и во доста голем агол е. Дали ова би било проблем за носење на леки? Има ли некој што има цилиндер а носи леки? Искуство?

Ке одам сега баш на годишен преглед кај офталмолог, мегута ова чисто за информација дури не добијам стручно мсилење :) ПОзззз
 
? Има ли некој што има цилиндер а носи леки? Искуство?

Јас носам леќи со цилиндер, диоптерот ми е 3.5 на двете очи, незнам да ти кажам кај мене колкав е аголот меѓутоа знам дека се со цилиндер...
 
Дали некој знае која е цената за обични леќи без диоптер само во боја ? Благодарам ! :smir:
Ти имаш поима уствари колку ќе ти го уништат видот тие леќи?
 
Ти имаш поима уствари колку ќе ти го уништат видот тие леќи?

а зашто да и го уништат? има квалитетни леќи без диоптер, нема да се залети за најевтините! само прво консултации со лекар.
 
а зашто да и го уништат? има квалитетни леќи без диоптер, нема да се залети за најевтините! само прво консултации со лекар.
Затоа што не се носат леќи во боја или воопшто леќи доколку на некој тоа му претставува каприц а не потреба.И баш коа сме кај консултациите со лекар, мојот лекар ми рече никако леќи во боја за вид, а камоли за онака.
 
По долго време водење „војна“ со очилата денес конечно добив леќи.

Дома се мачев може повеќе од 40 минути додека да ги ставам, а првиот пат кај лекарот ги ставив без проблем... Многу нервози истрпев денес, па ако може некој од поискусните да ми каже некои финти да ги ставам полесно? Најголем проблем ми е што трепкам рефлексивно и никако не можам да ја доближам леќата до окото асално или пак ми останува на прстот.

А додека ги носам не чувствувам проблем засега, само некако чуден впечаток имам дека не сум навикната.
 
пробај убаво да ги фатиш очните капаци за да го оневозможиш трепкањето:toe: за два три дена ке се навикнеш:smir:
 
По долго време водење „војна“ со очилата денес конечно добив леќи.

Дома се мачев може повеќе од 40 минути додека да ги ставам, а првиот пат кај лекарот ги ставив без проблем... Многу нервози истрпев денес, па ако може некој од поискусните да ми каже некои финти да ги ставам полесно? Најголем проблем ми е што трепкам рефлексивно и никако не можам да ја доближам леќата до окото асално или пак ми останува на прстот.

А додека ги носам не чувствувам проблем засега, само некако чуден впечаток имам дека не сум навикната.

Епа со здравје да ги носиш, или како се вика:'' Welcome to the club'':pipi:
Бараш совети за финти од поискусните? Надобрата финта ееее... трпението и ништо друго. Сама ќе си го пронајдеш механизмот на вадење и ставање на леќите, така да не очајувај.Последен совет од мене, во случај ако си при крај со нервите, врати ги во садот и подоцна пробај. За една до две недели нема да имаш никакви проблеми. Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom