?
..........
Гостин
Разузнавањето и пропагандата на Москва се огромни наспроти малиот султан, за воена моќ не станува ни збор
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Инаку навистина чудно. Амбасадорот се убива во Турција. После 1 ден, еден руски дипломат се застрела во Москва. Па потоа после неколку дена се урна руски воен авионот со 91 жртви. Од друга страна САД и ЕУ одлучија да продолжат санкциите и понатаму против Русија. Некои големи сили оперираат на големо.Штета!Како што разбрав, шеесет и четири членови на извонредниот ансамбл „Александров" загинале во стравотната несреќа.Останатите се дел војници, дел новинари, и осуммина членови на екипажот.Навистина голема трагедија.
На ваков пост би рекол дека малце има смисла, ама кога ќе видам кој го постира и одма обратното го мисламИнаку навистина чудно. Амбасадорот се убива во Турција. После 1 ден, еден руски дипломат се застрела во Москва. Па потоа после неколку дена се урна руски воен авионот со 91 жртви. Од друга страна САД и ЕУ одлучија да продолжат санкциите и понатаму против Русија. Некои големи сили оперираат на големо.
Многу повеќе од неколку села земаа Курдите, ете веќе се на прагот на Табха и ништо чудно до крајот на годинава да ја завземат. И колку што ги пратам случувањава само еднаш тргнаа кон Рака од Северниот дел и истата операција беше прекината оти баш тогаш се случи нападот на Турција/ФСА кон Курдските позиции во Тал Рифат како и близу Акхтарин
За Мосул да сеуште е далеку од комплетно ослободување ама има напредок и нема потреба да се брза, во ситуација кога ИСИС има на секој кош спремни бомбаши самоубијци
Ете Турците во Ал Баб веќе навлегоа, само прашање на време е кога ИСИС ќе почне да се повлекува
Еве како минат Турците во Ал БабИзгледа ќе им се случи на Турците истото што им се случи на Саудијците во Јемен. После година и пол и скоро никаков напредок имаат изгубено стотици војници и стотици тенкови, оклопни возила, бунтовниците им навлегоа на Саудиска територија, авијацијата им е неефективна, а конфликтот е далеку од решен, и да биде решен тоа тешко дека ќе биди во корист на С. Арабија.
А замисли Турциве уште се немаат пробано со Курдите...
Освен ирачаните на никој не му се брза за расчистување со ИД.Ќе видиме како ќе се покажат Курдите во завземањето на Табха, засега лесно им беше да освојат пустински предел со неколку села и воздушна поддршка.
Мосул е веќе пораз за Ирачаните. Огромен број на војска изгубена од почетокот на офанзивата илјадници цивили елиминирани внатре во градот, комплетно погрешна тактика да се удри прво на градот па потоа околните региони.
А Турците... хаха, ете влегоа па излегоа. Им доставија оружје, тенкови и се повлекоа.
Очигледно борбата против ИСИС не е воопшто лесна како што очекуваа сите страни.
Го изоставаш фактот што ИД се борат против четири непријатели на четири фронта и се држат прилично добро. Загубите на непријателите на ИД се големи. Можеби губат територија, но воопшто не ја даваат лесно.Освен ирачаните на никој не му се брза за расчистување со ИД.
Ако падне Мосул, американците ќе треба во голема мера да се повлечат од Ирак и целото подрачје, ќе немаат оправдување за присуство.
Турците додека војуваат повеќе гледаат на десно што се случува. Ако успееа во Ал Баб ќе требаше да одат на Рака. Тоа ќе значи да се поништи силата со која досега соработуваа и искористуваа. Ако го задржат просторот, сириската армија, сирискиот народ од тој простор, по некое време, година, две ќе започни војна за ослободување од турската армија потпомогнато со меѓународното право.
Курдите го имаат она за кое војуваат, што ќе им е Рака. СДФ се чудам како и воопшто нешто успеале да освојат. Тоа е прикрпена армија, составена со цел само да овозможи американско воздухопловно присуство демек за нивна воздушна поддршка во борбата против ИД. Гледаш и Русија и Сирија ништо посебно не се натаму насочени, освен заради моралното значење на Палмира.
ИД можи да удри овде онде, поттикната од некого заради нечиј интерес, ама сеуште никој против ИД не ги игра јаките потези. Ако ИД е силна ќе освоеше и нешто повеќе од пустината. Освен Мосул сѐ друго што држат е пустина.
Ова е уште еден доказ дека русите се многу заостанати со технологијата во споредба со САД. Катастрофа се уште се користат авиони од 80тите.Добар авионов од 80тите ...
Гомнарии, гомнарии насекаде
http://tocka.com.mk/1/217548/dali-e...nda-nejziniot-tatko-e-povrzan-so-dzihadistite
Американците веќе се вклучуваат во битката за Мосул.Досега се држеа настрана, но со случувањата на теренот и новиот план кој се коваше овие денови од страна на ирачките власти, тие најверојатно ќе војуваат во Мосул.Инаку, имаат тешко вооружување во Ирак, секако не какво што имаа пред да се повлечат.Г
Американците се веќе на големо повлечени од Ирак, освен што држат неколку бази и не држат тешки вооружувања. Ирачаните заедно со Курдите имаат стотина илјади луѓе во битката за Мосул, како е тоа стратегија на небрзање?
Курдите мораат да напаѓаат, затоа што во спротивно ќе бидат напаѓани. Мораат да ја искористат Американската поддршка додека ја имаат и да ги притиснат ИД што е можно повеќе. За нивната армија мислам дека не треба да станува збор, одлично се вооружани, одлично се истренирани, а веќе имаат и големо искуство.
.