Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Имаше тука и на други места прогнози дека Турција откако ќе влезе копнено во Сирија дека ќе ги прегази опонентите за месец дена максимум. Но есапот дома и на пазар не е секогаш ист. Не е секогаш пресудно тоа што се поседува како вооружување.

Изгледа ќе им се случи на Турците истото што им се случи на Саудијците во Јемен. После година и пол и скоро никаков напредок имаат изгубено стотици војници и стотици тенкови, оклопни возила, бунтовниците им навлегоа на Саудиска територија, авијацијата им е неефективна, а конфликтот е далеку од решен, и да биде решен тоа тешко дека ќе биди во корист на С. Арабија.

А замисли Турциве уште се немаат пробано со Курдите...
 
Турците се дрва, кога ќе ми текне како се фалеа па дека Русија ке ја победеле за седум дена :icon_lol: демек Турција да ти била втора нато сила, ако втората е така неспособна што останало за останатите:icon_lol:
 
Изгледа ќе им се случи на Турците истото што им се случи на Саудијците во Јемен. После година и пол и скоро никаков напредок имаат изгубено стотици војници и стотици тенкови, оклопни возила, бунтовниците им навлегоа на Саудиска територија, авијацијата им е неефективна, а конфликтот е далеку од решен, и да биде решен тоа тешко дека ќе биди во корист на С. Арабија.

А замисли Турциве уште се немаат пробано со Курдите...
Истото може да се каже и за Израел кога беа поразени во 2006 та од еден Хезболах. Копнена војна батка не е баш толку лесна работа. Турција и Израел барем имаа искуство од тоа. Но тешко дека си ја научија лекцијата.[DOUBLEPOST=1482439062][/DOUBLEPOST]Турција започна да убива и цивили во Сирија..

http://plusinfo.mk/vest/99560/vo-napadi-na-turski-avioni-vo-sirija-ubieni-47-civili
 
Последно уредено:
Знам дека на никој од новите фенси-хуманисти коишто објавуваат на социјалните мрежи патетични видеа со наместени сцени и прашање "До кога светот ќе го толерира?!" нема да им биде жал за неколку курдски цивили, ама сепак..

Во целиот западен пропаганден медиумски очај за докажување на наводнен геноцид од страна на Асад и Русите се вклучија и несреќните Украинци на кои веќе неколку пати по ред никако да им тргне со револуциите. Да не беше одвратно, трагично и жално, ќе беше смешно.

Ја обвинуваат и колнат Русија и Путин затоа што рускојазични екстремисти кои се членови на ИСИС (многумина од Украинците според коментарите веруваат дека всушност пе*ерите со пушки в раце се руски војници) на видеото убиваат Курди-цивили. 18+

https://www.youtube.com/watch?v=s8HhhRhSO6M
 
Последно уредено:
Запалени двајца турски војници од ИСИС. Јас не сум видел поголем пример од овој за реченицата, што си дробел тоа ќе си сркаш.

Ердо од 2011 ги подржуваше зелените исламисти, дали умерени, средно умерени или ич не умерени. Потоа и ИСИС ги подржуваше индиректно, кога виде дека се борат против Курдите, дури и бизнис правеше со нив.

Му дојде паметот изгледа. Од ситуација да го прошири турското влијание, дојде до позиција да го прашува Путин дали можи во ВЦ да оди.:icon_lol: Бомбашки напади, милиони бегалци. Тоа се случува кога коалицираш со ѓаволот.
 
Не е точно дека СДФ/ЈПГ нема напредок кон Рака.Напротив, целта на првите две фази од операцијата беше да се стегне обрачот околку Рака, првата од делот на Аин Иса кон Рака, а втората западно, па така СДФ се стигнати скоро до Табка.Понатаму, веројатно ќе следува финалната фаза за ослободување на градот.
Што се однесува до Мосул пак, борбите внатре се доста жестоки, како што и се очекуваше.Ирачката армија напредува бавно во источниот дел од градот, соочена со многу бомбашки напади, снајперисти, и внимателна поради многуте цивили останати во градот.Прогнозите оти градот ќе биде освоен до крајот на годината, сепак нема да се остварат, ќе им биде потребно дополнително време за крај на операцијата.
 
Запалени двајца турски војници од ИСИС. Јас не сум видел поголем пример од овој за реченицата, што си дробел тоа ќе си сркаш.

Ердо од 2011 ги подржуваше зелените исламисти, дали умерени, средно умерени или ич не умерени. Потоа и ИСИС ги подржуваше индиректно, кога виде дека се борат против Курдите, дури и бизнис правеше со нив.

Му дојде паметот изгледа. Од ситуација да го прошири турското влијание, дојде до позиција да го прашува Путин дали можи во ВЦ да оди.:icon_lol: Бомбашки напади, милиони бегалци. Тоа се случува кога коалицираш со ѓаволот.
Војната во Сирија дојде преку Турција, преку Турција и ќе заврши. Тоа беше јасно како ден за секој којшто барем малку може трезвено да размислува.

Тешко дека му дошол памет.
Денес во Турција владее диктатура многу полоша од таа на Асад против што на почетокот наводно се бореше Ердоган. Самиот Ердоган се претвори во лоша варијанта на Асад.
Наместо борец против руското влијание денес Ердоган им е должник на Русите.
Наместо регионален фактор, денес на секои неколку дена има по некој терористички напад на турска територија, Турција остана без стратешки партнери и сојузници, а турските војници живи се спалуваат и се понижени од страна на бандитите на ИСИС (патем пред неколку дена 40-50 приврзаници на ИСИС во Турција беа ослободени од затвор) со кои Ердоган правеше бизнис (извештај на ЕУ).

Како што му тргнало на Ердоган самиот ќе направи граѓанска војна во Турција за да ги ликвидира сите што му пречат, како што е и многу веројатно дека сам си организира воен удар со цел да ги затвори приврзаниците на Ѓулен, како што е и веројатно дека тој самиот стои зад атентатот на рускиот амбасадор со цел да ја задоволи потребата за одмазда за наводниот геноцид во Алепо којашто самиот ја ствараше меѓу народот преку неговите медиуми.

C0UVF0bUAAA1hng.jpg
 
Прегледај го приврзокот 162228
Многу пристрасно... И јас не сум љубител на Ердоган (кој отворено е исламист), ама сметам дека тешко може да се дешифрира тоа што се случува таму. Еве на пример Путин изјавува дека во моментов верува дека наредба за туркање на авионот не е дадена од Турската страна... од друга страна обвинувањата за шверц на нафта со ИД доаѓаа од запад, а не од Русија... Ќе помине време додека да ги видиме конспиративните политички игри што се играат зад завесата.
 
Ова е апсолутно неточно.Анатоли Антонов уште пред една година на прес конференција вадеше докази за инволвираноста на Турција во тргување на нафта со ИСИС.Претходно, ЈПГ, извади документација запленета во Тел Абјад, каде што имаше детали од зделките направени помеѓу ИС и Турција.Официјални обвинувања од запад дотогаш воопшто немаше.
Што се однесува до уривањето на авионот, пост-фактум сите други се виновни освен самиот Ердоган и Турција.Ако се праша Ердоган, само тој нема вина за се што се случува во Турција во моментов.Дежурни виновници се Фето и ПКК.Иако, тој самиот долго време беше хранител на терористичките групи како ал-Нусра и останатите.
 
Алчноста е човечка карактеристика, доста луѓе фантазираат ако може да ја изебат жената на комшијата, не би било лошо да му ја земат и куќата...
Како и ние не би се противеле на голема Македонија, така е со повеќето народи и држави, сето тоа е нормално доколку е во рамките на фантазијата.
Проблемот е злото или таа трета страна, која е доволно силна и дел од некој фантазии ги прави реалност, голема Албанија или интервенцијата на Ердоган во Сирија.
Но целите на таа трета страна Хабад се тотално ропство, депопулација на сите, ако целта на Хабад не беше граѓанска војна и поделба на Турска на три дела, Ердоган и денеска ќе играше заедно со нив.
Убаво е ако се освестиш на време, но тоа не зависи само од тебе и твојот капацитет, а од рољта што ти ја предодредиле кукловодите, ако да речеме ти дадат голема Македонија или голема Албанија, ти ќе си им многу верен сојузник на Хабад, долгорочно и ти ќе сватиш дека си изгубил се и таа голема Македонија, Албанија или Турска, но тогаш ќе е касно.
Има една поговорка: Не e голема грешка ако видиш дека одиш погрешниот пат, грешка е ако продолжиш да одиш по него.
Ердоган правеше војни злосторства во Сирија, но во моментов работи на страната на доброто, така да иако во почетокот бев против него сега го амнсетирам.
 
Ова е апсолутно неточно.Анатоли Антонов уште пред една година на прес конференција вадеше докази за инволвираноста на Турција во тргување на нафта со ИСИС.Претходно, ЈПГ, извади документација запленета во Тел Абјад, каде што имаше детали од зделките направени помеѓу ИС и Турција.Официјални обвинувања од запад дотогаш воопшто немаше.
Што се однесува до уривањето на авионот, пост-фактум сите други се виновни освен самиот Ердоган и Турција.Ако се праша Ердоган, само тој нема вина за се што се случува во Турција во моментов.Дежурни виновници се Фето и ПКК.Иако, тој самиот долго време беше хранител на терористичките групи како ал-Нусра и останатите.
Моментално сите можни знаци кажуваат дека си во право, не викам не. Но сепак цела оваа ситуација е неочекувана и чудна....
 
Полека... прво нека ги победат па потоа славење. Курдите се што освоија се неколку села и прилично пустински предел.
Двапати тргнуваат во офанзива кон Рака и двапати мораат да ја прекинат офанзивата.

Мосул уште е далеку од било какво ослободување. После 2 месеци, добивките на Ирачаните се периферијата на источен Мосул и 2000 загинати.
Да, интересното е што постојано имаат поголеми загуби, но тоа како и да не им е поголем проблем.

Според ИСИС, само денес биле елиминирани преку 50 бунтовници и Турски војници во неколку бомбашки напади во ал-Баб. Да, Турција ги бомбардира веќе неколку недели, бунтовниците и Турската војска исто толку време се во офанзива, но ни педа немаат заземено од ал-Баб. Сето тоа укажува на моќта што ја има ИСИС. Или на неспособноста на Турците заедно со бунтовниците.

Многу повеќе од неколку села земаа Курдите, ете веќе се на прагот на Табха и ништо чудно до крајот на годинава да ја завземат. И колку што ги пратам случувањава само еднаш тргнаа кон Рака од Северниот дел и истата операција беше прекината оти баш тогаш се случи нападот на Турција/ФСА кон Курдските позиции во Тал Рифат како и близу Акхтарин

За Мосул да сеуште е далеку од комплетно ослободување ама има напредок и нема потреба да се брза, во ситуација кога ИСИС има на секој кош спремни бомбаши самоубијци

Ете Турците во Ал Баб веќе навлегоа, само прашање на време е кога ИСИС ќе почне да се повлекува
 
Последно уредено од модератор:
Путин се лаже себеси кажувајќи дека не беше владиниот избор уривањето на авион.Пошто пред уривањето,
Русија 2 пати навлезе во турската страна и јас лично сум слушал нивните објави на ТСК( армија),тогашниот премиер (ахмет давутоглу) а и ердоган и тие јавно кажуваа дека ако русија ќе го повтори тоа Военото Воздухопловство ќе го урива авионот а после уривањето на авионот не знаеле дека со такви последици ќе се соочеле и сега каејќи се пробуват да најдат жртвено јагне..

http://m.yenisafak.com/gundem/erdogan-net-konustu-yine-vururuz-2348266

Еве неговата изјава после уривањето на авионот кажува дека 'многу пати ја предупредивме Русија но тие го повториле тоа ако пак ќе навлезат во Турската страна пак ќе го правеме истото'
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom